Слободни радикали: како да ги спречиме?



Здраво драги мои,

секогаш кога говорам за предвременото стареење и како да се спречи или забави неговата појава, ги спомнувам и слободните радикали, односно нивното штетно дејство вра нашиот организам.

Во оваа статија се одлучив да ја продлабочиме оваа тема, да кажеме што се, зошто и поради што се појавуваат, и што е најважно како да го спречиме нивното штетно влијание врз нашиот организам.

Што се слободните радикaли?

Слободните радикали всушност претставуваат нестабилни молекули или атоми кои имаат еден електрон помалку. Недостатокот на тој електорн ги тера да “прилепат“ на други радикали, електрони или клетки кои се комплетни за да го превземат тој електрон кој им фали. Секоја молекула или клетка на која и се прилепиле и која им го дала тој електорн станува и самата нестабилна (слободен радикал) и мора да побара друг електрон од друго место за да го замени. На овој начин се креира еден волшебен круг од кој нема излез.


Во нормални услови производството на слободни радикали е балансирана од антиоксидансите кои се природно присутни во нашиот организам. Сѐ додека присуството на слободните радикали е пропорционално со антиоксидантите во нашиот организам, постои баланс. Штетното дејство на слободните радикали започнува во моментот кога нивниот број е поголем од антиоксидансите во нашиот организам.

Слободните радикали кои се акумулираат во нашиот организам и кои не се избалансирани од страна на антиоксидансите, доведуваат до антиоксидантен стрес, кој освен тоа што е причина број еден за предвременото стареење, исто така предизвикува и други промени во организмот.

Зошто се создаваат?

 Едни од најголемите фактори на слободните радикали се:

1. Физички стрес

Оние лица кои имаат претерана физичка активност на удар се од слободните радикали. Кога спортуваме нашето тело конзумира повеќе кислород што е добро. Меѓутоа кислородот е една од причините за производството на слободните радикали. Доколку станува збор за умерена физичка активност во согласност со физичките способности на оној кој ја практикува, нема никаков проблем, меѓутоа доколку се претера во тој случај организмот не може да се одбрани со помош на антиоксидансите и се доведува до физички стрес.

2. Загадена околина

Индустриските гасови од фабриките и бензинот од колите (односно она што го испуштаат) може да доведат до зголемување на нивото на слободните радикали во организмот.


3. Цигари, дрога и алкохол;

Друг важен фактор кој навистина видно го зголемува бројот на слободните радикали, а со тоа и нивното дејство врз организмот се цигарите, дрогата и алкохолот. Пушењето влијае штетно не само за оние кои пушат, туку и за оние кои го дишат. Алкохолот (се мисли на злоупотреба односно преголемо конзумирање на алкохол) ја отежнува работата на црниот дроб и придонесува до побрзо таложење на токсини во организмот.

4.  UV зраци

Прекумерно и неправилно изложување на UV зраците (без разлика на тоа дали станува збор за природно, односно сонце или пак солариум) е исто така голема шричина за појавата на слободните радикали во организмот. Многупати имам напоменато дека сонцето претставува еден од најголемите благодати за човековиот организам, соколку правилно се изложуваме и со соодветна заштита. Секоја злоупотреба доведува до обратен ефект.

Особено се штетни солариумите кои навистина треба да се избегнуваат доколку сакате да го спречите предвременото стареење. Ова е секако мое лично мислење, јас сум против било каков тип на вештачко сонце.


5. Исхрана богата со полузаситени масни киселини

Исхрана која е премногу базирана на овој тип на масни киселини (кои може да се најдат не само во животинските, туку и во некои растителни производи) доведува до оптеретување на бубрезите и ја намалува способноста на организмот да на слободните радикали одговори со антиоксиданси. Исто така предизвикуваат и мрзливост кај организмот. Секако ова не значи дека не треба да се конзумираат, туку дека не треба целата исхрана да се базира исклучиво врз нив.

6. Лекарства

Контрацептивните пилули или пак естрогените пилули кои многу често ги земаат во менопауза, може да доведат до зголемување на слободните радикали, со оглед на тоа што овој тип на лекарства го неутрализираат ефектот на витаминот Е.

Како да делуваме со цел да го спречиме штетното влијание на слободните радикали?

За спречување на штетното дејство на слободните радикали, потребно е да делуваме како внатрешно, така и надворешно.

Внатрешно важно е да се внесуваат што повеќе намирници кои содржат полифеноли (флавоноиди, танини итн) кои се присутни во свежите овошје и зеленчук. Исто така треба да се конзумираат намирници богати со витамин Ц и Е и провитаминот А, кои претставуваат едни од најмоќните антиоксиданси.

Препорачана доза на витамин Ц е:

за возрасни мажи 90 мг;
за жени 75 мг.
за пушачи + 35 мг. на веќе споменатата (90 +35 за мажи или 75 + 35 за жени).

Препорачана доза на витамин Е е 15 мг. за возрасни.


Освен внатрешно потребно е да се делува и надворешно, преку козметиката која ја нанесуваме на лицето и телото.

Доколку сте помлади бирајте козметички производи на база на витамин Ц или Е, а во повозрасните години префрлете се на козметика која освен овие содржи и коензим Q10.

Бирајте масла богати со витамин Е или пак купете го како чист и додавајте го на веќе купените масла кои ги имате дома во количина од 0,5 дo 2 %. Подетално за витаминот Е и во кои облици може да се најде ќе говорам во некоја наредна статија.


Доколку сакате домашен третман со витамин Ц прочитајте ја статијата за Најефикасен и најевтин третман со витамин Ц.

Коензимот  Q10 како состојка е навистина доста скапа така да и производите кои го содржат се доста поскапи. Според бојата на производот може да видите дали овој коензим е застапен во помала или поголема количина: доколку кремот е бел, во тој случај има многу мала количина на коензим Q10. Доколку има нежно портокалова боја во тој случај е зстапен во поголема количина.

Ве молам бирајте козметика која е чиста, без силикони и нафтени деривати. Џабе се сите витамини и состојки во кремите доколку се на база на силикон. Силиконот креира еден вид на филм на кожата и не дозволува до неа да допрат сите овие убави антиоксиданси или други состојки.

Друга важна работа е секогаш правилно да ја заштитувате кожата од сончевите зраци. Бирајте висок фактор на заштита и креми со исклучително физички филтри (прочитајте ја статијата Стоп на предвремено стареење со креми за заштита од сонцето).


Се надевам дека статијата ви беше од корист и дека успеавте барем да сфатите што се слободните радикали и како да го намалиме нивното штетно влијание.

Доколку сакате во некоја од следните статии ќе ви кажам како јас правам комбинации на витамини и што користам за кожата во овој период, или пак може да ви направам и видео. Вие само пишете коментар под текстот или на фејсбук.

Поздрав
Вики

Comments