Совршен маникир во 6 чекори


Здраво драги мои,

секоја од нас сака совршени нокти особено за време на летниот период каде може да играме со прекрасни бои и шари на ноктите. Во денешнава статија ќе направиме еден лесен домашен маникир, доколку немате време да појдете на козметичар за да ви ги нарават ноктите, или пак доколку имате слободен ден и сакате сами да еспериментирате.

Чекор 1: Омекнувачка купка


Како прв чекор (секако претходно треба да го имате извадено стариот лак) е омекнувачката купка за раце која ќе ја направиме само со две состојки: вода и сода бикарбона. Во еден мал сад или легенче ставете млака вода и во зависност од големината на садот ставете од една до две супени лажици сода бикарбона.

Потопете ги рацете околу 5  минути. Содата не само што ќе ја омекне кожата на рацете, туку има и антибактериско дејство.

Чекор 2: Масло или путер за омекнување на кутикули


Како втор чекор на ноктите нанесете некое масло или пак шеа путер со цел да ги омекнете кутикулите. Оставете го да делува околу 5 мин. Може да одберете било кое масло како маслиново, кокосово или бадемово кои се одлични за зацврснување и на ноктот или пак некое готово средство на база на масла (без парафини и минерални масла секако).

Шеа путерот е исто така фантастичен со оглед на тоа то не само што ги омекнува кутикулите, туку и го зајакнува ноктот.

Чекор 3: Нежно повлечете ги кутикулите спрема ноктот


Овој чекор не треба да се прави секогаш, туку само кога има потреба од тоа. Навистина треба да бидете многу внимателни при овој чекор за да не се повредите. Јас лично не сакам кинење на кутикулите (односно отстранување со ножички). Повеќе ми се допаѓа само да ги бутнам навнатре кон ноктот.Секако ова не значи дека сум експерт за нокти, само кажувам како мене повеќе ми се допаѓа.

Чекор 4: Нанесете база на ноктот



Пред да го нанесете лакот, најдобро е да нанесете некоја убава база по можност барем 3 free односно оние кои не содржат Formaldehydе, Toulene и Dibutyl Phthalate. Овој чекор е важен затоа што лакот нема да го обои ноктот (обично ако не ставиме база кога ќе го отстраниме ноктите делуваат малку жолти и неубаво).

Чекор 5: Нанесете го вашиот омилен лак за нокти


Дојде на ред да се нанесе и лакот за нокти. Пред да купувате лакови за нокти прочитајте ја мојата статија Сакам органски лак за нокти...потои??? каде имам објаснето кои состојки е најпожелно да се избегнуваат во еден лак за нокти.

Со цел да ви објаснам како најлесно да го нанесете лакот за нокти (или подобро, како јас го правам тоа дома), ви направив една слика:


Нанесете секогаш два тенки слоја на лак за да добиете поубава и поинтензивна боја и најважно оставете го првиот слој комплетно да се исуши пред да нанесете втор (да избегнете несакани случки со лакот).

Чекор 6: Нанесете топ (top coat)

Овој чекор е важен за да лакот што подолго трае. Секако се нанесува откако лакот комплетно ќе се исуши. Во зависност од видот имате оној кој ќе ви даде мат ефект или сјаен ефект како финиш на ноктот. Откако ќе се исуши комплетно, ставете убав крем за раце за да ја нахраните и хидрирате кожата.

Ете драги мои, ова беа 6-те чекори за еден лесен домашен маникир. Дали и како вие најчесто сами си правите маникир дома???

Поздрав
Вики

Comments