Домашен скраб за тело со рузмарин



Здраво драги мои,

денес ќе направиме еден прекрасен скраб за тело со рузмарин кој може да го користите или како антицелулитен третман, или како скраб за целото тело.

Ќе го направите многу лесно со само 4 состојки:

- сол од Мртво Море која има детоксифицирачко и моделирачко дејство врз кожата и помага во исфрлање на вишокот на вода од клетките (што е особено важно во антицелулитните третмани);

- шеќер кој има хидратантно дејство врз кожата и омекнува

- масло по ваш избор кој ќе го направи скработ похранлив и истовремено ќе ја омекне кожата;

- етерично масло од рузмарин или доколку немате тогаш сув толчен рузмарин.


Доколку сакате да го направите зелен во боја како мојот на сликата, во тој случај додадете четвртина кафена лажичка спирулина во прав.

Ќе потрошите само 10 минути од вашето време, а ќе направите фантастичен производ за скраб на телото од кој ќе бидете презадоволни.

Процедурата за изработка погледнете ја во ова видео



Поздрав и до скоро читање
Вики

Comments

  1. Го направив и го пробав.Навистина е прекрасен.Фала ти по не знам кој пат и продолжи вака!Поздрав

    ReplyDelete
    Replies
    1. Леле драга Рената пресреќна сум што ти се допадна. Ти благодарам многу што го сподели тоа овде со сите нас. Голем поздрав и до тебе.

      Delete

Post a Comment