5 третмани за избелување на флеки на лицето


Здраво драги мои,

повеќето од вас секогаш ме прашуваат да пишувам на оваа тема, а верувајте и јас самата многу експериментирам со нови состојки и комбинации кои се одлични за оваа проблематика. Во оваа статија за вас подговив неколку навистина интересни методи, состојки и комбинации, кои според мене, доколку редовно ги користите може да помогнат кај темните флеки на лицето. Секако потребно е трпение и истрајност, затоа што запомнете нема чуда преку ноќ.

1. Домат


Доматот не само што е одличен во салати, има огромно корисно дејство нанесен и надворешно особено кога станува збор за темните флеки на кожата. Има големо антиоксидантно дејство врз кожата и бетакаротен. Може да го користите на три начини и тоа:

- Пилинг со домат: пресечете го најгорниот дел од доматот и потопете го во шеќер. Со ова направете благ пилинг врз кожата.

- Маска од домат: пресечете неколку кругови од домат и ставете ги на оние места каде имате темни дамки околу 15 минути, По истекот на времето измијте ја кожата и нанесете убав крем.

- Доколку имате повеќе време во еден блендер ставете еден домат и една краставица и убаво блендирајте додека да добиете изедначена смеса. Одделете мал дел од смесата. Земете чисти памукчиња или дискети за вдење на шминка, потопете ги во смесата и нанесете ги на местата каде имате флеки. Оставете така околу 15 мин. и потоа измијте си млака вода. Остатокот од смесата слободно испијте ја, со оглед на тоа што содржи голем број на витамини и минерали одлични за нашето здравје.

2. Мед


Медот има антибактериско, регенеративно и омекнувачко дејство. Како состојка доста помага во ублажување на темните флеки. Доколку имате сува кожа користете го сам врз оние делови каде имате флеки. За комбинирана до масна кожа може да го помешате со една белка и да го нанесете на лицето, на местата каде имате темни флеки. Оставете да делува околу 15 мин, и убаво измијте со млака вода.

3. Цинк оксид


Цонк оксидот може да го најдете во аптеките со галенска лабораторија. Оваа состојка не само што дава добри резултати кај темните дамки и видно ги намалува, туку исто така е одлична и во случај на бубуљички, црвенила и осип. Цинк оксидот може да го користите на два начина и тоа:

- може да направите домашен крем според овој навистина лесен и ефикасен рецепт, или
- може да земете во раката малку од вашиот крем и да додадете малку цинк оксид, убаво мешајќи пред да го нанесете на лицето.

Доколку го направите кремот ќе може да го користите за многу работи. Јас го користам дури и како крем веднаш по депилација со оглед на тоа што видно го намалува црвенилото на кожата.

4. Ружина вода


Еден одличен природен метод кој со редовна употреба може да ги намали постоечките флеки на лицето е ружината вода. Јас ја обожавам како производ и редовно ја коритам секој ден навечер пред да го нанесам маслото за лице. Би ви советувала да земете чист хидролат од рози (како на пример оној на Bare Origin) а не вода со етерично масло, затоа што кај првиот ефектот е поголем. Може да ја користите на пример во комбинација со рицинусово масло кое е исто така одлично кога станува збор за флеки на лицето. Ви советувам ова да го правите навечер пред спиење, кога кожата најдобро ги апсорбира сите состојки.

5. Слуз од полжав

Слузот од полжав исто така има добар ефект кога станува збор за темните дамки на кожата. Оваа состојка функционира затоа што во својот состав содржи гликолна кислеина која ја стимулира кожата да се обновува. Постојат повеќе креми во продажба, меѓутоа внимавајте да одберете некоја со добар состав и што е најважно без силикони. Џабе ви е слузот од полжав ако кремот содржи силикони, минерални масла, парафин и парабени.

Еден пријателски совет: користете секогаш заштитно средство кога се изложувате на сонцето, па дури и само кога шетате низ град. Со сонцето нема шала и секое невнимание се наплатува. Подобро е да спречиме отколку да лечиме, така да со соодветна заштита со креми со заштитен фактор, не само што ќе ја избегнете појавата на темни флеки, туку и ќе ја оддржите еластичноста на кожата и ќе ја заштитите од предвремено стареење.

Доколку страдате од акни, митесери или бубуљички, никако не ги стискајте!!! Најдобро пробајте да ги сушите (во нормални услови секако) со кремот од цинк кој ви го предложив, или со маски од зелена глина. Со стискањето не само што придонесувате до црвенило и многупати и лузнички, туку и го “заразувате“ здравиот дела на кожата околу акните. Секако за потешки случаеви консултирајте се со вашите дерматолози.

Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист.

До скоро читање.
Поздрав
Вики


Comments