2 неопходни детски производи ова лето


Здраво драги мои,

голем е бројот на мајките кои постојано ми пишуваат за препорака на производи кои се неопходни за заштита на детската кожа, особено во летниот период од комарци и иритации. Производи кои одлично ќе ја заштитуваат, но и истовремено негуваат нежната детска кожа, a притоа да бидат во склад со природата (со внимателно избрани состојки и убаво избалансирани формули).

Како што вели поговорката: кој бара, наоѓа...меѓутоа јас би додала и споделува, затоа што споделувањето на информации е и грижа за добросостојбата на сите оние кои ја делат мојата филозофија околу козметиката и состојките. Токму затоа во оваа статија би сакала да ви дадам една добитна комбинација на два извонредни производи кои се спас за детската, а богами и возрасната кожа.

1. Спреј за заштита од комарци MAPEZ


Навистина голем е бројот на мајките кои во изминатите недели бараа препорака за еден добар и природен производ за заштита од комарци за децата. Бев во потрага во продавниците и ги разгледував сите можни средства, сѐ додека случајно не ми го покажаа овој производ Мapez spray. Кога го разгледав убаво бев пресреќна од одличната формула и во себе си реков: бинго, тоа е тоа!!!

Декларацијата на овој производ е следна:

Hydroegnated ethylhexyl olivate, prunus amygdalus dulcis oil, dicaprylyl ether, octyldodecyl myristate, hydrogenated olive oil unsaponifialbles, cymbopogon nardus oil, pelargonium graveolens flower oil, lavandula angustifolia oil , mhenta piperita oil, listea cubea fruit oil, lecithin, tocopherol, citral, tocopheryl acetate, geraniol, citronellol, limonene, linalool, eugenol, ascorbyl palmitate, farnesol, coumarin.


Прво нешто што ме радува кај овој производ е што не содржи алкохол и не содржи пропилен гликол. Како што може да забележите производот е на маслена база и тоа комбинација на масла  со различна тежина за да се добие баланс на хранлив производ кој истовремено не масти и лесно се впива во кожата. Содржи уникатна комбинација на природни етерични масла како лаванда, гераниум, цитронела и др. кои се многу пријатни за нас, а за среќа непријатни за комарците.

Оваа уникатна формула на производот има две функции кај кожата и тоа: од една страна одлично штити против комарци (тоа впрочем и му е намената нели), меѓутоа од друга страна истовремено ја негува, храни и омекнува кожата. Навистина немам видено досега вакoв комплетен производ кој освен што штити воопшто не ја суши кожата, туку напротив ја негува благодарение на комбинацијата на состојки, особено на несапунифицираните масла (unsaponificables) кои имаат неверојатно регенеративно дејство и ја оддржуваат кожата еластична.

Структурата на овој производ, како што веќе кажав, е маслена. Еве погледнете како кожата веднаш ја впива без воопшто да масти или да остава трага.



Има навистина пријатен цитрусен мирис. Производов дома го истестиравме на цела фамилија: деца и возрасни, и верувајте ми кај сите даде подеднакви резултати и заштита. Слободно може да го користи целата фамилија, па дури и оние кои имаат навистина чувствителна кожа која често реагира на многу производи. Од мене спрејов има чиста 10-ка.

2. Крем со невен за интензивна хидратација и заштита на Logona


Нежната бебешка/детска кожа природно соджи навистина малку масти и е екстремно чувствителна на надворешните промени како студот, преголемата топлината, употребата на несоодветни производи за нега и.т.н. Затоа, освен адекватната заштита од комарци, детската кожа има потреба од зголемена хидратација и хранење за време на летниот период, доколку сте на одмор и поминувате голем дел од денот на плажа под сонцето. Тука на помош доаѓа хранливиот и високо навлажнувачки крем за заштита на бебешката и детската кожа со невен на Logona.

Logona е сертифицирана органска и природна козметика со одличен состав и формула. Бебешката линија (која освен овој крем содржи и други производи како масла, средства за бањање и.т.н.) се покажа како доста ефикасна и делотворна.

Ајде најнапред да проговориме за декларацијата на овој прекрасен производ.

Ingredients (INCI): Aqua (Water), Glycine Soja (Soybean) Oil*, Cera Alba (Beeswax), Glyceryl Citrate/Lactate/Linoleate/Oleate, Simmondsia Chinensis (Jojoba) Seed Oil*, Olea Europea (Olive) Fruit Oil*, Sorbitan Stearate, Butryrospermum Parkii (Shea) Butter*, Glycerin, Prunus Amygdalus Dulcis (Sweet Almond) Oil*, Theobroma Cacao (Cocoa) Seed Butter*, Calendula Officinalis Flower Extract*, Chamomilla Recutita (Matricaria) Flower Extract*, Hectorite, Sucrose Cocoate, Xanthan Gum, Alcohol denat.*, Tocopherol, Helianthus Annuus (Sunflower) Seed Oil*, Parfum (Fragrance)**, Limonene**, Linalool**
* from controlled organic cultivation, ** natural essential oils

Може да кажеме дека станува збор за доста хранлив производ кој одлично ја негува детската кожа. Комбинацијата на внимателно одбраните масла, путери и пчелин восок, како и единствената комбинација на екстракти со ленитивно и смирувачко дејство, го прават овој крем погоден дури и за најсувата и најчувствителна кожа.


Маслото од Јојоба како состав е најблиску до нашата кожа. Богато е со витамин А и Е, и масни киселини. Ова масло има големо омекнувачко и ленитивно дејство врз кожата.

Какао путерот и шеа путерот имаат големо хранливо дејство, и ја прават кожата поеластична.

Маслиновото масло е мноу хранливо масло, богато со полифеноли и одлично за нежната детска кожа. Го спречува сушењето на кожата како резултат на разни временски промени или услови како студ, или под дејство на сонцето.

Бадемовото масло брзо се впива во кожата, одлично се комбинира со останатите масла и го зголемува заштитниот и омекнувачкиот ефект на овој производ.


Екстрактот од невен има смирувачко и ленитивно дејство врз кожата. Одлично ги смирува иритациите и е погодно дури и за најчувствителна кожа. Има антивоспалително и регенерирачко дејство врз самата кожа.

Екстрактот од камилица ги има горе долу истите својства како невенот. Овие две состојки одлично се надополнуваат и го прават овој крем навистина комплетен производ од аспект на ленитивно и смирувачко дејство кај детската кожа.

Пчелиниот восок дава одлична структура на производот, го олеснува размачкувањето на истиот врз кожата и го интензивира хранливото својство на маслата.

Структурата на овој крем е навистина доста густа и убава, лесно се размачкува и лесно се впива во кожата. Формулата е така добро направена, што овој крем не ја остава кожата масна, туку напротив многу нахранета и хидрирана. Тоа е фактички она што и е потребно на детската кожа.



Овој крем е погоден за нега на кожата на телото но и на лицето, со оглед на тоа што ја храни и заштитува чувствителната кожа кај бебињата и децата. Одлично го оддржува природниот баланс на кожата со што ја заштитува од прекумерно сушење. Мислам дека летно време овој крем треба да се најде во ташната на секоја мајка, особено за време на летните одмори.

Има убав екстремно нежен природен мирис на невен и камилица (благодарение на природните органски екстракти). Воопшто не содржи вештачки мириси (што е одлично затоа што станува збор за деца), тешки конзерванси или синтетички бои. Токму и затоа од срце ви го препорачувам доколку сте во потрага по еден комплетен мултифункционален производ за нега на кожата на вашите деца не само летно време, туку во текот на целата година.

Драги мои, се надевам дека и оваа статија ви беше од корист, а вие доколку имате потреба токму од ваков вид на производи, слободно пробајте ги овие кои ви ги претставив. Секако летната торбичка не е потполна без соодветна заштита на детската кожа од сонцето, меѓутоа за тоа ќе посветам цела една тема посебно.

Голем поздрав и до следно читање.
Вики

Comments

  1. Здраво,убави работи се согласувам дека се неопходни,но сакав да прашам каде можам да го најдам mapez освен во сити мол барав во неколку аптеки на зегин и ги немаше,поздрав

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга за Сити Мол сум сигурна затоа што ги видов таму. Чудно што не си ги нашла во Зегин, ако ги има во еден би требало и во другите да ги има. Можеби моментално немало, прашај ги дали може да си нарачаш. Исто така мислам дека ги видов и во Ани Фарм во Капитол Мол. Се надевам дека ти помогнав. Поздрав.

      Delete

Post a Comment