Слатки предлози за бадниковата трпеза


 Здраво на сите,

на бадниковата трпеза вечерва секако ќе се најдат доста традиционални јадења, меѓутоа и по некое слатко задоволство како десрт на убавата вечера. Доколку се мислите што вкусно и посно да подготвите денес, продолжете да читате затоа што ќе ви дадам три прекрасни предлози кои се многу лесни за изработка, посни и многу вкусни.

Верувајте ми, ќе ги изненадите присутните со едно многу вкусно и здраво слатко задоволство.

1. Посни и здрави бомбици





Овие бомбици се вистинско слатко уживање. Навистина се превкусни. но и здрави. Не содржат воопшто производи од животинско потекло, така да може да ги конзумирате и за бадниковата вечер. Доколку сакате да го дознаете целосниот рецепт со постапката како најлесно да ги изработите, прочитајте ја следнава статија Многу вкусни лајт бомбици

2. Посни мафини


Овие мафини се исто така доста вкусни, посни и може да ги наполните со што сакате, по ваш вкус. Јас кога ги правев ги направив со капини и темно чоколадо, меѓутоа вие може да ги направите со вишни, јаболко и цимет или нешто друго по ваш избор.

Комплетниот рецепт може да го најдете овде Многу вкусни интегрални лајт мафини

3. Кростата од мармалад


Третото слатко задоволство кое сакам да ви го предложам е кростата или слатка торта од мармалад. Навистина е лесна за изработка и може да ја направите со мармалад по ваш вкус (кајсија, портокал, вишна, слива и.т.н.).

Комплетниот рецепт за изработка со слики рочитајте го на Многу вкусна торта со мармалад- кростата

Се надевам дека некој од рецептиве ќе ви се допадне и ќе го направите вечерва.

Поздрав
Вики

Comments