Dirty Secret - Coffee Scrub пилинг за тело


Обично кога правам рецензии, скоро секогаш говорам за производи од реномирани светски или македонски фирми кои имаат продажни места или увозници на македонкиот пазар, меѓутоа не и овојпат. Зошто се одлучив за производ кој не е реномиран на пазарот и кој го нема во продажните места низ Скопје? Затоа што обожавам да им помагам на млади луѓе кои се залагаат за природна козметика, но и затоа што самиот производ е прекрасен и вреди да го рецензирам. Станува збор за пилингот за лице и тело на една прекрасна млада девојка Катерина Мирческа, а производот се вика Dirty Secret - Coffee Scrub.

Кога ме исконтактира Катерина за да го пробам овој пилинг, најискрено останав изненадена како една 21 годишна девојка се интересира за природна козметика и пред се сама ја прави. Се започнало многу случајно како проект на факултет, но ете премина во една голема страст кон природната козметика.

Ајде заедно да го разгледаме овој производ.

 Од декларацијата на опаковката може да забележиме дека состојките во овој пилинг се: кафе, кокосово масло, маслиново масло, хималајска сол, кафеав шеќер, цимет и етерично масло од агруми. 


Многу ми се допаѓа комбинацијата на состојките кои се употребени во самиот пилинг, малку состојки, но сепак многу ефикасни и корисни за кожата. Како масла се употребени кокосово и маслиново кои меѓусебно се надополнуваат. Ми се допаѓа што во самиот пилинг има и сол и шеќер и пресреќна сум што станува збор за хималајска сол и кафеав шеќер кои јас секојдневно ги конзумирам во исхраната и според мене се најдобри како за внатрешна, така и за надворешна употреба. Циметот во прав во овој производ како цел има да ја забрза циркулацијата (за жал неговиот мирис не се чувствува воопшто), а етеричното масло од агруми го зголемува корисното дејство на целиот производ. Има многу јак мирис на кафе.

Како текстура производот е доста сув што значи дека поголема е количината на сувите состојки а помала на маслата. Солта и шеќерот воопшто не се чуватвуваат како текстура (ќе помислите дека има само кафе во тегличката), меѓутоа можеби затоа што се мелат заедно со кафето. Се нанесува на влажна кожа, убаво се масира и се остава 5 до 10 мин. на кожата. Потоа се одмива со вода.


Овој пилинг е многу корисен во борба против целулитот, но и како пилинг за целото тело доколку целта ни е мека и мазна кожа. Навистина кожата е прекрасна и мека по употребата. Јас лично го користев како пилинг за целото тело два пати неделно.

Навистина многу интересен и корисен производ за нега на чувствителната кожа на телото и како борба против целулитот. 

Како што напоменав, овој пилинг го нема по продажните места и доколку сакате да го купите и пробате треба директно да ја исконтактирате Катерина преку нејзината фб страница : 

https://www.facebook.com/dirtysecretscrub?ref=ts&fref=ts

Цената на овој производ е 300 ден. за 370 гр.

Катерина е сигурно многу дарежлива личност затоа што се согласи да подари една тегличка од овој прекрасен пилинг на една читателка на мојот блог, со цел да го доближи својот производ до вас и да ви даде можност да го пробате и да се уверите во неговата ефикасност.

Право на учество имаат сите читатели, а се што треба да направите е да оставите ваш кометар под самиот текст на блогот (доколку коментирате како анонимни оставете само име или пак иницијали за контакт во случај да ве избереме вас). Коментарот може да се однесува општо за пилинзите, за вашата грижа за телото или пак специфично за овој производ доколку сте го пробале. Имате време од една недела (до сабота 13 јуни), а добитникот ќе биде избран по случаен избор.

 
Голема благодарност за вашето внимание и со среќа на сите!!!

Вики






Comments

  1. imam napraveno i probano nesto slicno vo domasni uslovi,no definitivno ovoj piling deluva mnogu privlecno i bi sakala da go probam,pozdrav
    Eli

    ReplyDelete
  2. Obozavam pilinzi, sum probala sekakvi poskapi, poeftini, homemade :) Se nadevam ke imam prilika da go isprobam i ovoj bidejki kafeto ima super efekt za zategnuvanje na kozata. Pozdrav i sekoe dobro, prodolzi da pisuvas, te citam sekojdnevno ;)

    ReplyDelete
  3. Имам користено навистина мноогу пилинзи, исто така имам користено само мелено кафе(го обожавам мирисот на кафе) со маслиново масло го мешав и правев пилинг на нозете и имаше резултати големи. Сигурна сум дека овој пилинг ќе биде поефикасен од тој дома што си го правев поради што има повеќе состојки во него па би сакала да го пробам и еднаш засекогаш да му кажам збогум на целулитов, a да кажам добредојде на мазна и привлечна кожа :)

    ReplyDelete
  4. Viki, veke isprobano . Prekrasna tekstura ,super rezultat :). Daniela

    ReplyDelete
  5. Јас често користам пилинзи,најчесто по препорака на сестра ми,која беше ми спомнала дека кружи низ интернет некој пилинг од кафе , маслиново и кокосово масло и е одлично за целутитот против кој се борат голем дел од женската популација.Се надевам дека набрзо ќе имам прилика да го пробам,а не се сомневам со оглед на состојките и ефектото каков ќе биде

    ReplyDelete
  6. Sigurno e dobro, treba da se proba.

    ReplyDelete
  7. Sigurno e dobro, treba da se proba.

    ReplyDelete
  8. По потрошени 2 теглички што може да кажам освен дека сум ПРЕЗАДОВОЛНА. Ниедно млеко за тело не ми ја прави кожата толку мека и миризлива. Мирисот се чуствува во текот на целиот ден и едноставно опива од убавина. Пробајте! :)

    ReplyDelete
  9. Tokmu vakvo neshto mu e beshe potrebno na moeto telo, go koristam sekoj vtor den obichno nautro.Toa mi e kako duplo rasonuvanje, mirisot na kafe me opiva. Go reshiv problemot so podkozhnite vlakna, kozhata e mnoguu meka. ODLICHEN E. Bravo za Katerina, pozdrav do tebe Viki :)

    ReplyDelete
  10. Здраво на сите и ви благодарам за коментарите и учеството во оваа наградна игра. По случаен пат со апликацијата рандом, како кометар беше избран бр. 1 односно коментарот на Елида Поповска. Те поканувам да ја исконтактираш директно Катерина на нејзината фб страна која ја има во самата статија за наградата. Ти честитам, а на сите останати голема благодарност, и не грижете се наскоро ќе има нова наградна игра. Поздрав и секое добро. Вики

    ReplyDelete

Post a Comment