Детокс вода за прочистување на организмот и исфрлање на токсините
Сигурно веќе знаете што е детокс вода, а сигурна сум дека и многумина од вас ја прават дома. Детокс водата е вода во која се додава разно овошје или зеленчук (по ваш избор), која одлично го прочистува организмот и го елиминира вишокот на течности. Овој напиток е одлична здрава алтернатива на купечките сокови, кои најчесто содржат шеќери и вештачки бои, а секако претставува и совршен напиток доколку ви е здосадено да пиете само вода. Навистина е многу лесен за подготовка, а доколку продолжите да ја читате оваа статија, со вас ќе споделам еден рецепт за прочистување на организмот и забрзување на метаболизмот, кој истовремено има и анти ејџ ефект.
Рецептот кој сакам да го споделам со вас е мојата омилена овошна детокс вода за која потребни ви се следниве состојки:
- 200 до 300 гр. малини;
- 2 лимони (јас користам зелен затоа што ми се допаѓа многу повеќе од жолтиот);
- свежо нане;
- свеж ѓумбир;
Изборот на овие состојки не е случаен:
- малините се моќни антиоксиданси, изобилуваат со витамини и имаат ниска калорична вредност, а висока хранлива вредност;
- ѓумбирот го забрзува варењето на храната и ја намалува подуеноста во стомакот;
- лимонот помага во исфрлањето на токсините од телото;
- нането го забрзува варењето на храната и го смирува желудникот;
Во еден голем бокал (оној за лимонада) исечете два лимона (доколку користите прскани излупете им ја кората), додадете ги малините (малку исецкајте ги и нив за подобро да пуштат од својот сок), додадете неколку листови нане и исецкајте едно мало парче корен од ѓумбир. Количината на состојките зависи од вас и вашиот личен вкус. Јас обично мешам малини со боровници, ама овојпат боровници не најдов, така да ја зголемив количината на малините.
Откако ќе ги ставите сите состојки, во бокалот ставете литар вода, поклопете го со капачето и ставете го во фрижидер цела ноќ. Утредента процедете ја течноста и уживајте во вашата нискокалорична течност од која ќе има бенефициите целиот ваш организам. Верувајте ми, вкусот е фантастичен и според мене нема потреба да се засладува, но доколку сакате, додадете малку кафеав шеќер или мед по ваш вкус.
Еве како изгледа напитокот по цела ноќ во фрижидер.
Овој напиток може да го ставите во едно пластично шише и да го конзумирате во текот на целиот ден, кога е многу жешко а имате потреба од нешто природно и освежително, како и за време на физичката активност кога губите голем дел од течностите.
Се надевам дека ви се допадна рецептот за овој толку едноставен, а здрав и многу вкусен напиток. Дали и вие правите дома вакви напитоци? Како ја гасите жедта во топлите летни денови?
Благодарам
Вики

Comments
Post a Comment