Пробав за вас: млеко за сончање фактор 30 од Alverde


По барање на некои читатели и по недела дена одмор еве ме со рецензијата на млекото за сончање на Alverde.

Еве ја листата на состојки во овој производ: 

Aqua, Cocoglycerides, Titanium Dioxide (nano), Helianthus Annuus Seed Oil*, Isoamyl Laurate, Polyglyceryl-2 Dipolyhydroxystearate, Glycerin, Polyglyceryl-3 Polyricinoleate, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Helianthus Annuus Seed Cera, Magnesium Sulfate, Olea Europaea Fruit Oil, Alumina, Stearic Acid, Glyceryl Caprylate, Levulinic Acid, Tocopherol, p-Anisic Acid, Sodium Levulinate

*ingredients from certified organic agriculture

Можеби фактор 30 ќе ви изгледа малку, меѓутоа верувајте ми доста штити. Формулата на овој производ е богата со глицерин, масло од сончоглед и јојоба кои одлично ја навлажнуваат кожата и ја оддржуваат нејзината еластичност што е многу важно особено кога се изложуваме на сонце. Витаминот Е ја негува кожата, додека минералните филтри одлично ја штитат кожата одбивајки ги сончевите зраци. 

Мене ми се допаѓа како е формулиран овој производ (инаку не би го ни рецензирала), има малку состојки меѓутоа внимателно одбрани и меѓусебно добро избалансирани, кои според мене одлично ја штитат кожата од предвремено стареење и од појавата на флеки од сонцето, кое верувајте ми не е за потценување. Наменет е за многу осетлива кожа, склона кон пеги и флеки, но и за оние кои посветуваат огромно внимение на својата кожа и сакаат адекватно да ја заштитат од сончевите зраци.


Структурата на овој производ е навистина доста густа, потешко се размачкува на кожата и остава блага бела трага. Најнапред ми беше чудно зошто е тоа така со оглед на тоа што од декларацијата се гледа дека филтрите се обложени и во формулата е присутен и Isoamyl Laurate кој има за цел да ја олесни структурата на еден производ и да направи истиот полесно да се размачкува на кожата. Претставува одлична замена за лошите силикони во производите и е погоден за масна кожа, па дури и за детската кожа. Меѓутоа еве морам да напоменам дека остава нежна бела трага на кожата.


Мене лично не ми пречеше иако се познаваше малку на плажа, меѓутоа фер е да го напоменам и овој факт во случај да ви пречи вам, со цел да ви олеснам при изборот на вистинската крема. 

Морам да напоменам дека многу ми се допаѓа мирисот на овој производ кој е доста нежен и типичен за Alverde, многу урамнотежен и според мене идеален дури и за оние на кои им пречат тешки мириси. 

Од оваа линија имаше многу креми и лосиони, па ќе се обидам да пробам и уште некој со цел да направам споредба во структурата, текстурата и функционалноста. Можеби не се сите исти.

Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист.
До скоро читање.

Вики


Comments