Маскари на рапорт!!! Ајде да ги разгледаме заедно.
Откако ја објавив статијата за ајлајнерот на Alverde, добив приватни пораки за нивните маскари. Со оглед на тоа што во ДМ маркет имаше навистина голем избор на маскари од оваа марка, се решив да пробам 3, со цел да ви дадам поголем избор и да ги споредам маскарите меѓусебно во однос на трајноста, бојата и перформансот.
Маскарите кои ги одбрав се:
- False Lashes
- Volume XXL
- Extreme Black
Морам да кажам дека најзадоволна сум апсолутно од маскарата Extreme black, а ми се допадна и False Lashes, додека од маскарата Volume XXL најискрено очекував повеќе.
Ајде да ги разгледаме заедно.
1. Extreme black
Дефинитивно победникот помеѓу овие три маскари. Оваа маскара навистина дава многу интензивна црна боја на трепките, а со самото тоа и ги дефинира од коренот па се до врвовите. Иако целта на оваа маскара не е волумен или издолжување на трепките, на некој начин го прави тоа. Верувајте ми, можеби со самото тоа што дава интензивна црна боја, истовремено дава и ефект на подолги и подефинирани трепки.
Составот на оваа маскара е:
Aqua, CI 77499, Alcohol*, Stearic Acid, Cera Alba*, Hydrolyzed Jojoba Esters, Algin, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Prunus Amygdalus Dulcis Seed Extract*, Glycine Soja Oil*, Shellac, Glyceryl Stearate SE, Jojoba Esters, Aloe Barbadensis Leaf Extract, Silica, Parfum**, Limonene**, Linalool**, Citral**, Citronellol**, Geraniol**, Benzyl Benzoate**
* ingredients from certified organic agriculture
** from natural essential Oils
Од декларацијата може да забележиме дека не содржи силикони ниту пак нафтени деривати (јупи колку прекрасно), интензивната црна боја доаѓа од CI 77499 кој всушност е пигментиран железо оксид (црн), кој се употребува во козметиката. Прекрасен е спојот на пчелиниот восок со маслата како јојоба, бадем и соја кој вака комбинирани не само што даваат убава кремаста структура на производот, туку и одлично ги негуваат трепките. Исто така присутен е и екстракт од алое вера.
Од сликата може да забележите дека четкичката се стеснува на крајот, така да овозможува убаво исцртување дури и на најкратките трепки оние на почетокот од окото. Навистина е многу лесна за нанесување. Бојата како што веќе напоменав е интензивно црна и еве каков ефект има нанесена на окото.
Мене навистина многу ми се допаѓа. Нешто што би сакала да напоменам и што според мене е многу важно е што оваа маскара е многу трајна и не се рони од трепките. Навистина прекрасен интензивен изглед одличен и за преку ден и за навечер.
2. False Lashes
И од оваа маскара бев многу задоволна, секако не е баш False Lashes како што пишува, ама навистина убаво стои на трепките.
Составот на самата маскара е:
Aqua, Alcohol*, Stearic Acid, Cera Alba*, Algin, Hydrolyzed Jojoba Esters, Jojoba Esters, Prunus Amydalus Dulcis Oil*, Aloe Barbadensis Extract, Glyceryl Stearate SE, Shellac, Silica, Simmondsia Chinensis Oil*, Glycine Soja Oil*, Parfum**, Limonene**, Linalool**, Citral**, Citronellol**, [+/- CI 77499, CI 77007].
* ingredients from certified organic agriculture
** from natural essential oils
Како што може да забележите овде боите се на крајот од листата на состојки и затоа е помалку интензивна од претходната. Горе доле има слични состојки како Extreme black барем што се однесува до маслата, пчелиниот восок и екстрактот од алое вера.
Од сликата може да забележите дека четкичката на оваа маскара е навистина уникатна со помали и поголеми запци, кои успешно ги фаќаат и бојат сите трепки. Големината и густината на запците од четкичката е различна на предната и задната страна, таќа да ви советувам еднаш да поминете со едната страна, а потоа со другата.
Еве го ефектот на трепките:
Навистина лесно се нанесува и дава убав ефект кој дефинитивно не е false lashes, меѓутоа е доста интересен. Најнапред ќе ви биде малку чудно со оглед на тоа што честичката е малку невообичаена, меѓутоа ќе се навикнете. Доста е трајна, не се размачкува и не се рони. Јас ја користев за преку ден, но и за навечер во комбинација со ајлајнерот на Alverde.
3. Volume XXL
Оваа маскара, како што веќе напоменав, малку ме разочара затоа што не е баш Volume XXL како што е означено (или барем кај мене немаше таков ефект). Според мене оваа маскара е добра за оние девојки кои сакаат природен изглед, не толку драматичен и за секојдневна употреба да речеме еве преку ден.
Составот на маскарата е:
Aqua, CI 77499, Alcohol*, Stearic Acid, Cera Alba*, Algin, Hydrolyzed Jojoba Esters, Jojoba Esters, CI 77007, Ascophyllum Nodosum Extract, Aloe Barbadensis Leaf Extract, Bambusa Arundinacea Leaf Extract*, Glyceryl Stearate SE, Shellac, Silica, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Glycine Soja Oil*, Parfum**, Limonene**, Linalool**, Citral**, Citronellol**, Geraniol**, Benzyl Benzoate**
* ingredients from certified organic agriculture
** natural essential oils
Како и претходните две, така и оваа маскара не содржи штетни состојки како силикони и нафтени деривати, се гледа дека тимот на Alverde ја нашол идеалната формула што се однесува до состојките и текстурата на сите три маскари. Единствена мана е што кај оваа маскара за волумен, функционалноста баш и не е јака страна.
Четкичката на оваа маскара е навистина премногу широка и дебела и малку потешко се нанесува затоа што при нанесувањето ги боите не само трепките туку и околу. Мене некако не ми се погоди и навистина имав потешкотии при нанесувањето. Бојата на самата маскара е убава и интензивна, мирисот е прекрасен, ама ете не го задоволува критериумот за волумен. Еве погледнете го ефектот на самата маскара на трепките:
Има нежен дневен ефект, воопшто не дава волумен и како што веќе напоменав идеална е за оние кои сакаат природен изглед. Што се однесува до трајноста и оваа трае, не се размачкува (освен ако самите не се размачкате нанесувајќи ја, како јас на сликата ахахахахаха), и не се рони од трепките. Ги има скоро истите својства како и другите две сестри, барем што се однесува до трајноста и текстурата.
Еве јас ви претставив три маскари. па вие секако одберете си ја онаа што најмногу ги задоволува вашите потреби и вкусови.
Да не заборавам дека овие маскари може да ги најдете во продавниците на ДМ маркет а цената се движи 159 ден за False Lashes и Volume XXL, и 199 ден за Extreme Black.
Се надевам дека на некој начин ви помогнав при изборот на идеалната маскара, а вие доколку имате искуство со некоја од маскарите на Alverde или пак сакате да споделите ваше лично мислење за некоја од овие маскари, ве поканувам слободно да оставите коментар под самиот текст.
Пред некој ден сестра ми си ја купи маскарата за издолжување на трепките на Alverde, од која е ептен задоволна. Ќе и ја украдам деновиве за да ја пробам и да ја сликам со цел да ви ја презентирам и таа маскара.
Голема благодарност што и денес одвоивте време да го посетите мојот блог.
Поздрав и до скоро читање.
Вики
Jas ja zemav Nothing but volume. Maskarata ne nudi wow efekt, ne dava volumen I ne gi izdolzuva trepkite, no za mene e dovolno toa sto znam deka nanesuvam priroden proizvod. (iako go posakuvam izgledot na trepkite od reklamite za maskari :))
ReplyDeleteЗдраво драга, е таа маскара ја немам пробано. Сестра ми има една за издолжување на трепките и замисли сеуште не сум и ја украла за да ја пробам, ама ќе го направам тоа :). Инаку јас лично сум најзадоволна од Extreme black и таа си ја користам секојдневно. Ти благодарам за фидбекот за оваа другава маскара. Огромен поздрав до тебе.
Delete