Органски базар во City Mall
Здраво на сите
Пред околу две недели или поточно на 21 мај во т.ц. City Mall во Скопје, се отвори првиот органски базар со цел да понуди здрава и органска храна, произведена во Македонија од незагадени почви од оние производители кои имаат сертификат, и секако органска козметика за нега на кожата и косата.
Целта на овој базар и накомпанијата BeOrg е да ги доближи потрошувачите до концептот и филозофијата на органските производи- храна и козметика, но секако и да им овозможи на некој начин да го почувствуваат природниот вкус на здравата храна, одгледувана без хемикалии и пестициди. Исто така целта е да се стимулираат на некој начин македонските производители да продолжат со одгледувањето на органската храна и го зголемат нејзиното производство и пласирање на пазарот.
Како што веќе напоменав на овој базар можеа да се видат и некои производители на органска козметика (секако не беа присутни сите марки), каде посетителите имаа можност да пробаат дел од козметиката, да се информираат за бенефициите и корисното дејство на овој вид на козметика, со цел да добијат една јасна слика зошто органската козметика е подобра од традиционалната.
Експлозија на бои, вкусови и мириси, се на едно место, кои на некој начин претставуваат рај за сите сетила, а богами и за душата. Локација која дарува здравје, место кое е исполнето со здрава храна и козметика.
Доколку сте љубители на органското, или пак едноставно љубопитни да дознаете нешто повеќе за овој базар, топло ви препорачувам да го посетите секој четврток од 10 до 22 часот во т.ц. City Mall.
Голем поздрав
Вики

Comments
Post a Comment