Природни и еколошки деодоранси на Pulp de Vie

 


Секојдневните обврски, трчањето од едно место на друго, топлината, синтетичката облека, сето тоа придонесува до зголемено потење кое честопати е пропратено со непријатна миризба (особено за оние кои се околу нас). На пазарот се нудат многу производи, особено оние магични деодоранси кои ветуваат дека штитат 24, 48 па дури 62 часа...меѓутоа колку и дали се навистина добри за нашиот организам?

Како што веќе имам напоменато во многу мои претходни статии, деодорансите начелно може да ги поделиме во две главни категории и тоа: антиперспиранти и антибактериски.

Антиперспирантите делуваат на тој начин што го спречуваат потењето и со самото тоа нема лош мирис. Главна состојка на антиперспирантите е алуминиумот. Би сакала да цитирам еден од најпознатите италијански хемичари Фабрицио Ѕаго, кој лично многу го почитувам, кој за алуминиумот вели: “ Механизмот на антиперпирантите е всушност присуството на алуминиумот во нив кој делува врз повлекување или контракција на мазниот мускул во пределот под пазувите“. Ете зошто се контролира потењето и мислам дека ова објаснува се. 

Алуминиумот во декларацијата можа да се најде како: aluminium chlorohydrate или алиминиумова сол, или potassium alum (присутен во голем број на деодоранси кои се декларираат како природни или органски), кој е природна сол составена од алуминиум и потасиум. Дали алиминиумот е присутен како aluminium chlorohydrate или пак potassium alum крајниот резултат е ист, разликата е во брзината со која се ослободува во организмот. Првиот е побрз, додека за вториот е потребно повеќе време. 

Антибактериските деодоранси имаат за цел да го неутрализираат лошиот мирис преку делување врз бактериите кои се природно присутни на нашата кожа. При процесот на потење се зголемува пХ вредноста односно од 5,5 оди накај 7. Овие бактерии (кои како што веќе напоменав се природно присутни врз нашата кожа) се многу поактивни на пХ 7 отколку на пХ 5,5 така да прават еден вид на деградација на компонентите на потта, односно ги ситнат на многу молекули кои успеваат да се „одделат“ и стигнат до носот на оние кои се околу нас. Како антибактериски деодоранси се сметаат оние на база на третил цитрат, алкохол и сода бикарбона.

Во денешнава статија ќе се задржиме токму на оние кои се на база на сода бикарбона со цел подобро да го објасниме дејството на оваа состојка не само врз организмот и врз механизмот на потење (а со самото тоа и непријатната миризба под пазувите), туку и импактот на производите врз околината (нешто многу важно за кое би требало сите да се грижиме и мислиме пред да купиме одреден козметички производ).



Можам да кажам дека овој тип на деодоранси се сметаат за едни од најприродните (и истовремено биоразградливи), доколку истите се одлично искомбинирани со останати состојки, кои не само што помагаат во спречување на лошиот мирис под пазувите, туку имаат и улога при правилната нега на кожата во тој предел од телото.

Во многу претходни статии имам напоменато дека при покачување на пХ вредноста на 7 бактериите се поактивни и се чувствува лош мирис под пазувите. Сода бикарбона не има пх вредност нешто над 7 а сепак одлично штити од лоши мириси. Како е тоа возможно?

Во еден део производ, сода бикарбона не функционира благодарение на пХ вредноста, туку благодарение на тоа што креира еден амбиент каде бактериите не можат да се разможуваат. Нешто слично на саламојата (онаа солена течност) во која се конзервира зеленчукот. 

Овој тип на деодоранси е лично мој омилен, бидејќи обожавам производи кои освен тоа што деодорираат и спречуваат лош мирис под пазувите, истовремено ја негуваат кожата благодарение на маслата и путерите во самата формула. Со едно мачкање имајте двојна придобивка, а тоа е она што сите го сакаме нели :)

Деодорансите кои ќе ви ги претставам во оваа статија се од марката Pulp de Vie кои како ефект се многу слични на оние на Ben & Anna, со малку поинаква формула и состојки секако. Има три вида на деодоранси од оваа марка, иако јас во оваа статија ќе ви претставам два односно оние од праска и цитрон. Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата на истите.

СОСТОЈКИ (INCI): HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) HYBRID OIL, SODIUM BICARBONATE, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER, ZEA MAYS STARCH, COCOS NUCIFERA OIL, COPERNICIA CERIFERA CERA, ZINC RICINOLEATE, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL, PERFUME, INULIN, FRUCTOSE, TOCOPHEROL, CITRUS PARADISI (GRAPEFRUIT) FRUIT EXTRACT, AQUA (WATER), CITRAL, LIMONENE, LINALOOL.

СОСТОЈКИ (INCI): HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) HYBRID OIL, SODIUM BICARBONATE, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER, ZEA MAYS STARCH, COCOS NUCIFERA OIL, COPERNICIA CERIFERA CERA, ZINC RICINOLEATE, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL, PERFUME, INULIN, FRUCTOSE, TOCOPHEROL, PRUNUS PERSICA FRUIT EXTRACT, AQUA (WATER), LIMONENE, LINALOOL.

Намерно ги ставив двете формули една по друга бидејќи и двата део имаат иста формула, она што се менува е екстрактот (едниот од праска а другиот од цитрон) и секако мирисот на производот. Доколку сакате посвежи и летни мириси во тој случај земете го цитронот. Праската од друга страна има многу благ скоро неприметлив мирис и според мене е соодвртна за сите оние кои не трпат многу јаки мириси, а сепак сакаат максимална заштита како што само  Pulp de Vie може да даде.

На прво место може да забележиме сончогледово масло кое е богато со витамин Е и со еден екстракт наречен Sphyngoceryl, кој како состав е идентичен на мастите кои се дел од природната бариера на кожата. Овој дел од сончогледовото масло е пресуден за мека и нежна кожа, ги задржува правилната еластичност, баланс и ја штити самата кожа. По него може да се забележи сода бикарбона која е базата на овие деодоранси и главната сила за функционалност на истите. Во продолжение може да заблежиме шеа путер кој додатно ја омекнува и храни кожата, а истовремено ја подобрува структурата на производот, потоа пченкарен скроб кој на некој начин има улога да го направи самиот производ помалку масен (да му даде сув ефект) и цинк рицинолеат кој како што имам напоменато во многу други статии има за цел да го апсорбира лошиот мирис, односно подобро кажано го неутрализира.

Од досега наведеното може да се забележи дека станува збор за навистина одличен и високо функционален производ, а истото лично ви го тврдам со оглед на тоа што овој производ го користам секојдневно веќе три недели и сум презадоволна. Го нанесувам наутро и мирна сум во текот на целиот ден. За разлика од многу органски деодоранси кои имаат потреба да се нанесат повеќепати во текот на денот, овој го нанесувате само еднаш и може да бидете сигурни дека нема да ве изневери.

Токму поради ова може да кажам дека еднен деодоранс трае од 2 до 3 месеци што е навистина одлично и на некој начин заштедувате. Се нанесува на тој начин што се отвора кутивчето и со прстите се притиска и бутка нагоре со цел производот да излезе. Се допира до пазувата (под дејство на топлината состојките се топат) и се нанесува многу лесно. Јас, меѓутоа го користам на тој начин што земам малку производ и го загревам помеѓу прстите со цел да почне да се топи и дури потоа го нанесувам под пазувите. Ова секако е мој начин на нанесување бидејќи ми е позгодно и полесно.

Овие два прекрасни деодоранси може да ги нарачате онлајн на www.bellina.mk или во некој од нивните БиоШоп по цена од 810 мкд за 55 гр. производ,. Можеби на почеток цената ќе ви се чини повисока, меѓутоа запомнете дека овој производ ќе ви трае од 2 до 3 месеци.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Дајте им шанса на овие прекрасни производи и верувајте ќе бидете многу задоволни. 

Поздрав и до следно читање.

Вики

Comments