Бенефициите на термалната вода во производите за нега на Жонзак (Jonzac)

                                   

Здраво драги мои,

1850 метри под земја се наоѓа термалната вода Жонзак која е главна остојка на истоимените козметички производи кои би скала да ви ги претставам во оваа статија. Оваа чиста и хиперминерална вода совршено го поддржува интегритетот на клетките во кожата (во склад со останатите состојки од формулата). Придобивките за кожата се многубројни и научно докажани по пат на разни студии, а особено е прилагодена за чувствителна и реактивна кожа. 

Лично тестирав три нивни производи кои верувајте ми ме оставија без зборови и кои од срце би сакала да ви ги препорачам. Станува збор за млекото за чистење на кожата, спрејот со термална вода и обновувачкиот крем за многу чувствителна кожа. Ајде да ги разгледаме посебно. 

1. Млеко за чистење и миење на чувствителна кожа

Овој производ е база на една цела рутина на нега на кожата и must have во случај на реактивна и чувствителна кожа. Комбинацијата а на термална вода со хидролат од камилица, хидролат од хамамелис и екстракт од слез го прават овој производ ектремно нежен за нега на сите типови на кожа, па и онаа најчувствителната. Може слободно да се користи и на зоната околу очите за вадење на шминката. Во формулата секако се присутни и масла како оние од сончоглед и коко каприлат кое е единствено масло признато од BDIH и ECOCERT како еколошка алтернатива на силиконскиот циклометикон (од сензоријален аспект) кое за разлика од силиконот навистина има емолиентно (омекнувачко) дејство врз кожата и ја остава мека и нежна. 

Се користи на следниве начини: 

- за отстранување на шминката нанесете го на едно памукче и нежно отстранете ја шминката од лицето и очите. Откако сте ја отстраниле повторно нанесете мала количина од производот на рацете и нежно измијте го лицето со убаво исплакнување и отстранување на производот од кожата.

- доколку не користите шминка, или пак за утринско миење на кожата, доволна е мала количина
од производот на рацете кој нежно се нанесува на лицето и комплетно се отстранува со вода.

2. Спреј за лице со термална вода


Овој чекор не е задолжителен за една правилна нега на кожата, меѓутоа е доста корисен со оглед на тоа што термалната вода во овој спреј е чиста и концентрирана, и дава одличен ефект врз кожата. Навистина разликата се забележува со честа употреба наутро и нвечер по секое чистење на лицето. Се користи на тој начин што се испрскува на лицето и со помош на тапкање со прстите се впива во самата кожа. Освен како чекор во секојдневната нега на кожата наутро и навечер, овој производ може да го користите и во текот на денот во зависност од потребите на кожата.

3. Обновувачки крем за нормална до сува, премногу сува и оштетена кожа


Ниеден третман за нега на кожата не е комплетен без употреба на крем за лице кој е од огромна важност за оддржување на правилната хидратација на кожата и секако за обнова на самата кожа. Формулата на еден производ е од пресудно значење за неговата ефикасност и многу поважен отколку единечните состојки во самиот крем.

Овој производ особено ми се допадна со оглед на тоа што има одлично хидратантно и омекнувачко дејство врз кожата и ја оддржува во одлична форма бариерата на самата кожа. 

Базата на самиот производ е секако термалната вода во комбинација со внимателно одбрани масла како рицинусово масло, сончогледово масло, коко каприлат и секако шеа путер. Овој крем содржи и комплекс на керамиди кои имаат одлично регенеративно и обновувачко дејство врз кожата. Присуството на глицерин и алое вера гел додатно ја омекнуваат и смируваат кожата и на некој начин ја комлетираат целокупната формула на производот.


Се користи наутро и навечер на чиста кожа со благи и нежни движења сѐ до комплетно впивање.

Мора да напоменам дека сите овие производи се без мирис, кожата одлично ги толерира и како што претходно веќе напоменав може да се користат и кај многу оштетена па дури и атопична кожа на лицето. 

Секако од линијата на Јонзак има многу други производи за секој тип на кожа и истите може да ги нарачате онлајн на www.bellina.mk или да ги купите во некој од нивните БиоШоп.


За на кај би сакала да ви оставам едно видео во кое ќе го видите ефектот на овие производи врз кожата, и не само тоа. Исто така ќе ви покажам како правилно да ја подготвите кожата за претстојниот есенски период и како да направите 4 минутна лифтинг масажа на лицето која има огромен ефект врз подобрување на еластичноста на кожата.


Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист.

Ние се читаме наскоро со нови содржини.
Вики

Comments