Неопходно трио за чисти алишта


 Здраво драги мои,

сите оние кои се грижат за природата и околината која не опкружува се во постојана потрага по еколошки средства за оддржување на хигиената во домовите, особено кога станува збор за средства наменети за перење на алишта. Честопати се наоѓаме во недоумница што да одбереме и дали и колку производот кој сме го одбрале е навистина еколошки. Еден голем проблем е што одредени производи кои се декларираат како еколошки воопшто и не се, а од друга страна пак одредени еколошки производи не измиваат или чистат толку добро како традиционалните.

Во денешнава статија ќе ви дадам совети како да препознаеме еден добар и истовремено ефикасен производ, без залудно да потрошиме пари за нешто кое потоа нема да го даде посакуваниот ефект.

Да започнеме од фактот дека не постои 100% еколошки производ кој нема да има никаков импакт врз околината (не зборувам за формулата на производот туку за импактот врз околината). Токму затоа потребно е да прoнајдеме еден компромис помеѓу квалитет, состојки и ефикасност со цел да добиеме производ кој е еколошки и со многу понизок импакт на загадување во споредба со традиционалните средства за хигиена.

Кога бираме поризводи од овој вид, прво нешто на кое треба да внимаваме е сертификатот на самиот производ. Верувајте ми постојат производи кои ги претставуваат како еколошки, па дури велат и дека се сертифицирани, а на самиот производ не се наоѓа никаков сертификат, ниту пак името на производот стои во листата на сертифицирани производи од страна на самиот сертификатор. Како најсигурни и најсериозни сертификатори за еколошки средства за хигиена особено се издвојуваат два и тоа: Ecolabel и ICEA кои се единствени во Европа кои прават ефективни тестови на перење на алишта со цел да ја утврдат ефикасноста и импактот на производот.

Ајде сето ова да го разгледаме по пат на конкретни примери. Во денешнава статија би сакала да ви предложам едни три прекрасни производи од марката Organic People специјално креирани за нега и ефикасно перење на алишта и тоа: детергентот за перење на шарени алишта, омекнувач за алишта и средтсвото за отстранување на флеки од алиштата.

Сите овие три производи го носат сертификатот на ICEA Eco Bio Cleaners пто значи дека одреден дел од состојките се од органско потекло. Самиот сертификат е гаранција дека производот е тестиран од аспект на ефикасност во перењето на алиштата. Јас лично ги тестирав сите три и еве го моето мислење за истите.

1. Детергент за перење на шарени алишта


Овој детергент наменет за боени алишта навистина пријатно ме изненади/ Погоден е како за рачно, така и за машинко перење и ја штити бојата и квалитетот на ткаенината. Содржи зеленчукови амино киелини и екстракт од магнолија која му дава навистина прекрасен мирис кој благо се чувствува откако алиштата се испрани.

Доаѓа во пакување од 1 кг. по цена од 65 мкд. 

2. Омекнувач за алишта


Обично не користам омекнувач за алишта со оглед на тоа што ме нервира оној слој кој е залепен на алиштата по перењето (не знам дали сте забележале на пример пешкирите од меки стануваат тврди), меѓутоа бев љубопитна да го пробам овој и да видам каков ќе биде ефектот врз алиштата. Најнапред ми се допаѓа мирисот каде навистина се чувствуваат природни етерични масла со цитрусна нота, наспроти хемиски мириси во класичните комерцијални производи. 

Ми се допадна фактот што алиштата ги остава меки и благо мирисни, а исто така и лесни за пеглање (нешто што воопшто не е за потценување). 99‚% од отојките во овој производ се од природно потекло, додека 20% е од органско потекло. Доаѓа во пакување од 1 кг. по цена од 360 мкд. 

3. Отстранувач на флеки за алишта


Кога станува збор за флеките, многумина од нас бираат традиционални средства мислејќи дека само на тој начин успешно ќе ги остранат од материјалот. Хемијата одлично функционира за тоа нема збор, меѓутоа за среќа постои и поприодна варијанта која исто така ефикасно ќе ги отстрани флеките. Ова средтсво ми се допадна бидејќи е многу ефикасно кај флеките, а сепак нежно за ткаенината и секако околината. Содржи оризов оцет и екстракт од органска лимета.

Може да се користи заедно со детергентот за алишта во машината (околу 100 мл), или пак директно врз флеката околу 15 минути, па потоа да се испере. 

Цената на овој производ е 370 мкд. за 500 мл. 

Сите овие прекрани еколошки производи може да ги нарачате онлајн на https://www.bellina.mk  или пак во еден од нивните БиоШоп.

Драги мои јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист.
Се читаме наскоро.
Ве гушкам
Вики

Comments