3 минутен третман за поздрава и поцврста коса


Здраво драги мои,

многумина од вас веќе почнаа да ми пишуваат за совети околу зголемено опаѓање на косата во овој преоден период од лето кон есен. Токму и затоа ја пишувам оваа статија за да ви помогнам најнапред да ги сфатите причините за зголеменото опаѓање, а потоа и на кој начин да делувате.

Дозволете ми да кажам дека се смета за нормален губитокот до околу 100 влакна дневно. Меѓутоа зошто на есен овој број е зголемен? Дали е само сезонската промена или пак има нешто повеќе?

Со цел убаво да ја објасниме оваа проблематика, најдобро е доколку започнеме од коренот на косата. Новите влакна започнуваат една фаза на раст (анаген) која обично трае од 4 до 6 години после која започнува фазата на одмор (катаген) каде влакното повеќе не расте или фаза на телоген. За време на оваа фаза влакното е многу нежно. ранливо и лесно паѓа. Во текот на летниот период огромната количина на УВ зраците прават да влакното ослабне и ова се забележува на крај на летото и почетокот на есента. Колку повеќе сме се изложувале на сончевите зраци во текот на летото (особено без заштитен шешир или капа) толку повеќе опаѓањето ќе биде зголемено. Доколку на ова се додаде и стресот, зголеменото опаѓање е гарантирано.

Мора да кажам дека не е возможно комплетно да се спречи опаѓањето на косата, со оглед на тоа што зависи од повеќе причини меѓу кои стилот на живот, исхрана и стрес, меѓутоа за среќа на пазарот постојат производи со чија помош може многу да се намали опаѓањето и истовремено да се подобри структурата и квалитетот на косата. Еден таков производ е 3 минутниот третман на органската марка Мадара.

Овој производ е еден од најефикасните кои досега ги имам пробано. Не можам да ви ветам дека комплетно ќе го спречи опаѓањето, меѓутоа може да ви гарантирам дека видно ќе ја зајакне косата и доста ќе го намали прекумерното опаѓање. Освен тоа го подобрува квалитетот на влакното и го прави поздраво, посјајно и поубаво.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, CHANTHARELLUS CIBARIUS (CHANTERELLE) EXTRACT, ALCOHOL, GLYCERIN, PCA GLYCERYL OLEATE, URTICA DIOICA (NETTLE) LEAF EXTRACT, ZINC PCA, AROMA, CARRAGEENAN, CELLULOSE GUM, CAFFEINE, XYLITYL, GLUCOSIDE, ANHYDROXYLITOL, CERATONIA SILIQUA GUM, SUCROSE, HYDROLYZED KERATIN, XYLITOL, LACTIC ACID, LIMONENE, GERANIOL, LINALOOL, CITRONELLOL, SODIUM BENZOATE

Од декларацијата може да се забалежи дека како активни состојки во овој производ се кафеинот за кој веќе добро знаеме дека има стимулирачко дејство врз темето на главата (ја подобрува микроциркулацијата), меѓутоа и екстракт од лисичарка која е богата со витамини од групата Б кои се од огромна важност за зајакнување на влакното и подобрување на растот на косата. Во производов може да забележиме алкохол кој е од основна важност за успешно растворање на високата концентација на екстракти, меѓутоа не треба да ве загрижува со оглед на тоа што производов се страва само на темето (не по должината на косата) така да нема да ја оштети косата, туку напротив има улога на солвент и ја подобрува комплетната формула. Исто така благодарение на состојките како глицерин и глукозиди ова негово дејство е ублажено.

Во производов понатаму може да се забележат екстракти од коприва и кератин кои се од огромна важност за убавината и сјајот на косата и пресудни за подобрување на квалитетот на истата. Копривата е богата со аминокиселини и протеини и во помала доза шеќери и затоа е одлична во случај на сув скалп. Токму затоа ви велам дека алкохолот не треба да ве загрижува. Формулата е направена толку добро што воопшто нема да го почувствувате. 

Овој производ ви препорачувам да го користите двапати неделно на сув скалп пред миење на косата. Се нанесува само на темето со кратка масажа и се остава да делува три минути. Потоа убаво се мие со шампон/

Би сакажа да ви кажам дека доколку во прво време ви се чини дека ви паѓа повеќе коса не грижете се тоа е како резултат на масажата и фактот што паѓаат оние влакна кои и онака би паднале по миењето при сушењето или чешлањето на косата. Имајте трпение и користете го овој производ барем месец дена и ќе видите резултати.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Овој производ на Мадара може да го нарачате онлајн на www.bellina.mk или да го купите во некој од нивните БиоШоп.

Ве гушкам

Вики


Comments