За убава и хидрирана кожа грижете се за мастите во самата кожа


За поубава и поеластична кожа мора да почнеме да се грижиме за мастите во самата кожа. Можеби како наслов звучи чудно, меѓутоа сигурна сум дека откако ќе ги прочитате првите неколку пасуси од оваа статија ќе го промените мислењето, или пак барем ќе започнете малку повеќе да размислувате во таа насока. 


Да започнеме од фактот дека балансот помеѓу мастите во кожата и правилната хидратација се пресудни за одредување на брзината и начинот на кој вашата кожа старее. Мастите се од основно значење за здрава и убава кожа и претставуваат азбука за здрава и убава кожа, како и основа за физиологија на кожата. Со цел да го објаснам ова би сакала да започнам од самата структура на кожата и колку е важно да се почитува природната бариера на нашата кожа.

Нашиот организам е составен од 70% вода и доколку телото не беше обложено со една вид обвивка која има функција на бариера, ова непроценливо богатсво (водата) многу лесно ќе излезеше надвор од нашиот организам (во околината) преку потта, дишењето, испарувањето итн.пореметувајќи го на тој начин природниот баланс на течности во организмот, а со самото тоа и способнота за опстанок.  

Кога станува збор за кожата, мора да напоменам дека водата е присутна во различна количина во разни слоеви од самата кожа: дермис, епидермис. Благодарение на мрежата на капилари, во дермисот доаѓа потребното количество на вода, а со самото тоа и хидратација. Од друга страна пак, епидермисот не поседува капилари, така да целата вода доаѓа од дермисот благодарение на принципот или механизмот на поврзаност помеѓу овие два слоја GDE (Giunzione dermo-epidermica). Тоа значи дека водата која во дермисот стигнува благодарение на капиларите, преку поврзаноста на двата слоја преминува во епидермисот и пенетрира, односно се сместува помеѓу редот на корнеоцити присутни во овој слој. 
Како што може да забележите од сликата во продолжение, епидермисот е составен од редици на епителијални клетки (кераноцити).

                            слика превземена од книгата "Patologia dell'idratazione cutanea"

Најгорниот слој, stratum corneum, е претежно составен од корнеоцити. Разликуваме два вида или две нивоа на stratum corneum односно компактен и раздвоен (каде корнеоцитите се одделуваат или одвојуваат во форма на т.н. мртви клетки - сликата од лева страна).

Овој најгорен слој (stratum corneum) содржи скромна количина на вода (околу 10-35%): епителијалните клетки, односно кераноцитите трансформирајќи се во корнеоцити прават еден слој кој има далеку помал процент на хидратација со оглед на тоа што директно се изложуваат на атмосферските влијанија. Она што е важно да сфатиме е дека и овој најгорен слој, со цел да го задржи морфолошкиот интегритет и физиолошкиот баланс има потреба да задржи мала квота на течности, бидејќи доколку е во состојба да задржи една одредена хидратација кожата ќе биде помека и поеластична. Тука доаѓаме до главното прашање:“ Како овој слој успева да задржи вода без разлика на тоа што е изложен на сите атмосферски влијанија?“ Одговорите се два: преку функционалната бариера на кожата и WHC (water holding capacity) односно способноста на кожата да задржува вода (која е многу поврзана со функционалноста на бариерата).

Конечно стигнавме и до сржта на оваа статија, односно заштитната бариера за која секогаш говорам во сите мои статии и видеа, особено за нејзината важност за здрава, убава и еластична кожа. Бариерата всушност претставува еден вид на непропустлива обвивка која не дозволува водата од кожата да испари во атмосферата и на тој начин ги чува рисурсите на течности во организмот. Благодарение на овој слој и особено на оние т.н. “мртви клетки“ успеваме да ги одбраниме сите витални слоеви на епидермисот. Парадоксот е во тоа што корнеоцитите имаат својство да ги одбранат сите други слоеви, меѓутоа немаат способност да се одбранат самите себе си. Да дадеме еден едноставен пример: ѕидовите на куќата може да ги заштитат сите кои живеат во неа, меѓутоа самите тие не може да се заштитат од некои други надворешни влијанија. Токму овде драги мои, доаѓаме ние на помош на сопствената кожа, со правилна нега, почитување и оддржување на функционалноста на заштитната бариера.

Иако имам многу говорено, не се замарам повторно да потсетам дека непријател бр.1 на една дисхармонична заштитна бариера е повеќе слојна детерзија во 2, 3, 4 и повеќе чекори. Освен ако не работите во рудник, вашата кожа нема потреба од толку производи за чистење, со оглед на тоа што на тој начин видно ја ослабнувате заштитната бариера, а со самото тоа правите и дисбаланс на хидратацијата на кожата и нејзината способност да задржува одреден процент на вода. 

                     слика превземена од книгата "Patologia dell'idratazione cutanea"

Од сликата погоре може да забележите како здравата и функционална бариера го спречува губитокот на телности од кожата. Во едно видео од пред две години говорев за структурата на заштитната бариера и споменав дека оваа нејзина способност да задржува вода се должи на нејзината структура на цементиран “ѕид“ Доколку ја погледнете сликата подолу ќе видите дека навистина потсетува на ѕид каде помеѓу една цигла и друга ставаме малтер. Кај кожата, циглите се всушност корнеоцити, додека цементот се природните масти на самата кожа. Ете зошто уште на почетокот напоменав дека за здрава, убава и еластична кожа, треба да започнеме да се грижиме за мастите, бидејќи доколку овој цемент не функционира и не ги поврзува циглите, кожата ќе губи поголема количина на вода што ќе доведе најнапред до дехидратација, а потоа секако и до второстепени проблематики на кожата поврзани со неа.

                           слика превземена од книгата "Patologia dell'idratazione cutanea"

                           слика превземена од книгата "Patologia dell'idratazione cutanea"

Токму затоа овде на помош доаѓаат есенцијалните масни киселини. Зошто се нарекуваат есенцијални? Затоа што нашето тело не е во можност да ги произведе, туку мора да ги внесеме ние по внатрешен пат преку храна како на пример риба (лосос), орев или пак масло од ленено семе во салати и зеленчук, како и по надворешен пат преку производи како на пример серуми кои ги содржат во својот состав. Овие есенцијални масни киселини се особено важни за сите жени 40 + кои редовно треба да ги конзумираат внатрешно, или пак надворешно да ги нанесуваат на кожата.

Во денешнава статија ќе ви претставам еден производ кој има одлична способност да ја подобри маслената структура на кожата, истовремено правејќи ја еластична, мека и убава. Станува збор за серумот со 5 омега киселини на органската марка Новексперт. 


Зошто ви го претставувам овој производ, а не некое обично масло кое содржи некоја од овие есенцијални киселини? Поради фактот што во овој мал прекрасен производ се “заробени“ или подобро кажано споени во хармонија, масни киселини од разни групи кои најнапред меѓусебно се надополнуваат, а потоа и како состав се многу блиски до она што самата кожа природно го лачи. Кожата ги препознава како блиски, дел од нив метаболизира и ги користи за секојдневните функции и одбрана. 

Овој прејрасен производ ја подобрува одбраната на кожата од надворешните услови, ја зајакнува бариерата на кожата и ја прави самата кожа поеластична што подолго. 

Ајде да проговориме за декларацијата и синергијата на состојки кои имаат толку неверојатно, неопходно и единствено влијание врз нашата бариера. Од декларацијата може да забележиме состојки кои се одлична комбинација на два типа на масни киселини, односно алфа- линоленова и алфа- линоленска. Оваа синергија на пример се наоѓа во сончогледовото масло кое е присутно во оваа формула. Ова масло понатаму содржи Sphyngoceryl, еден вид на екстракт кој по состав е многу близок, скоро идентичен со структурата на мастите природно присутни во нашата кожа.


Благодарение на одредени масла во оваа формула богати со омега 3, 6 и 9 масни киселини, кожата останува што поеластична, капацитетот за хидратација се подобрува (способноста на бариерата) и самата кожа станува поотпорна на надворешните влијанија (меѓу кои и штетите предизвикани од УВ зраците).

Да не се разбереме погрешно, не е само доволно да го земете и мачкате производот, а потоа кожата да ја измивате како луди со 20 производи. За здрава и убава кожа, најнапред погрижете се за правилната детерзија, а потоа и правилна козметика меѓу која и овој прекрасен серум. Ниеден производ не може да ја поправи штетата од неправилно миење на кожата.

Како да се користи

Две до три капки се ставаат на дланката во малку крем навечер или пак во комбинација со хидролат, тоник или пак термална вода (во тој случај најнапред испрскувате од тоникот или термалната вода, оставате благо да се впие, меѓутоа не целосно, и нанесувате три капки од овој серум. Доколку сакате природен сјај на кожата без употреба на хајлајтер или други декоративни производи, во тој случај ставете една до две капки околу устата и очите за подобар ефект и за природен "glow" ефект на кожата.

Дозволете ми да ви оставам приказ на една слика од книгата за дерматологија на факултетот по медицина во Италија, каде убаво се гледа важноста на користење производи кои не содржат силикони, навтени деривати и други филмогени состојки како најлон, акрилати итн. На самата слика пишува дека одредени производи прават само еден вид на филм на кожата кој го оневозможува правилното дишење и евапорација на водата во секојдневните услови со што се прават услови на оклузија, односно запушување на самата кожа, а знаеме дека оттука потекнуваат и сите проблеми како нечиста кожа, дехидрирана кожа итн. Доколку сте заинтересирани за ова ќе говорам во некоја наредна статија.



Доколку сакате да ја комплетирате негата покрај серумот пробајте ја и маската која се користи еднаш неделно и додатно ќе го подобри ефектот на самиот серум и ќе ја зајакне кожата.


Ја содржи истата комбинација на есенцијални масни киселини само многу поконцентрирани. Се нанесува на чиста кожа и се држи околу 15 минути по кои темелно се измива.

Драги мои, од срце ви ги препорачувам овие прекрасни производи, и дозволете ми да ви се заблагодарам што ја прочитавте темелно и до крај оваа статија. Правилната информација е база на се' во животот, особено кога станува збор за сопственото здравје и убавина. Верувајте ми сите информации кои ви ги давам се научно докажани и проверени и се грижам толку многу за вашата кожа што наместо да правам многумина да прифитираат продавајќи рутини во 20 чекори, препорачувам секогаш многу едноставни, а високо функционални рутини со неколку производи кои навистина има смисла да се користат за нега на кожата.

Ние се читаме наскоро со нови и интересни содржини. Би сакала само да ве замолам доколку ви се допадна статијата да ставите лајк и да ја споделите на вашите фејсбук профили со цел да направиме правилната информација да допре до сите нас.

Ве гушкам
Вики

 



Comments