Еко восочни обвивки - природна алтернатива на пластичните ќеси


Здраво драги мои,

како што ви најавив пред околу недела дена, оваа статија ќе ја посветам на рецензија на еко восочните обвивки, 100% природен производ кој сѐ повеќе и повеќе ја заменува пластиката и оние ќеси кои секојдневно ги користиме во нашите домови за обвиткување на храната.

Сите ние посветуваме внимание на типот на храна која ја конзумираме, посветуваме внимание на начинот на кој ги подготвуваме намирниците, а кога дел од храната ќе остане, користиме пластични или алуминиумски фолии за складирање на истата во ладилникот. Сите тие обвивки (со оглед на тоа што се за еднократна употреба) потоа ги фрламе и на тој начин ја загадуваме околината. За жал и јас бев една од нив...Меѓутоа никогаш не е доцна да ги промениме навиките и секој еден од нас може да допринесе за подобра околина без пластика... меѓутоа на кој начин??? Па еве, започнувајќи токму од обвивките.



Ајде најнапред да видиме што всушност претставуваат еко восочните обвивки и зошто се толку корисни. Овие еколошки обвивки се направени од 100% памучен материјал обвиткан во пчелин восок. Памукот најнапред се пере и пегла, а потоа истиот со помош на посебна техника се обвиткува со пчелин восок. Овој вид на обвивка не е за еднократна употреба како што е тоа случајот со пластиката, туку може да се измие со малку сапун и ладна вода и повторно да се користи. Токму во тоа е и убавината, оваа обвивка има повеќекратна употреба, и може да кажам многу долг живот. Бонус плус е фактот што пчелиниот восок има големо антибактериско дејство.

Овие обвивки во светот веќе се хит, иако кај нас тек допрва ги запознаваме благодарение на една прекрасна госпоѓа Соња Димитровска. Идејата за овие обвивки ја добила кога на подарок добила восочни амбалажи од Нов Зеланд. Поведена од желбата да ги пополни пензионерските денови со својата креативност, почнала да експериментира со разни количини на пчелин восок и материјали сѐ додека дошла до идеалната фомула за успешни и пред сѐ многу корисни восочни обвивки.


Примарната функција на овие обвивки е за обвиткување на храната: остатоци од ручек или вечера кои ги ставаме во ладилниците, сендвичите кои ги носиме со себа како ручек, овошјето и зеленчукот кои ги конзумираме за ужина итн. Оваа еко восочна обвивка ја задржува свежината на храната многу долго и многу подобро од пластиката, а згора на сѐ не ја загадува околината.

Освен тоа што се навистина многу корисни, овие обвивки се навистина и многу модерни што може слободно да ги користите за виткање на подароци или како во мојот случај за виткање на природни и домашни сапуни.








Има многу разни шари и форми, мислам дека сите вкусови ќе бидат задоволени.

Овие обвивки може да ги купите како пакување (комплет) од три обвивки со различна димензија,


или како поединечна обвивка која потоа вие може да ја сечете и употребувате за разни нешта.


Имаат таква структура да може многу лесно да ги обликувате со рацете и да им дадете форма каква што сакате вие. Навистина, доколку купите и само едно пакување на восочни обвивки ќе може истите да ги користите бесконечно и за многу разни работи. Доволно е правилно да ги оддржувате, да ги миете со ладна вода и да не ги изложувате на високи температури (сепак станува збор за пчелин восок кој на висока температура се топи).

За сите подетални информации, нарачки и прашања, обратете се на фејсбук профилот ekovosocniobvivki .

Јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Запомнете, никогаш не е доцна да промениме нешто во животот, сѐ зависи од нас и нашата желба за константно подобрување од било кој аспект.

Ве гушкам
Вики



Comments