Правилна орална хигиена со пастите за заби на Уртекрам


Здраво драги мои,

пред извесно време ви препорачав две од линијата на пасти за заби на уртекрам и растворот за испирање на уста, заедно со совети за правилна хигиена на забите. Во оваа статија би сакала да ви предложам други две пасти од истата марка, кои ќе ги поврзам со една многу честа проблематика односно воспаление на гингив. Оваа статија ја пишувам во соработка со Др. Мр. Ели Андонова магистер по стоматолошки науки и сопственик на стоматолошката ординација Дорабела Естетик, која воедно е и моја сестра. 

Сите заби се сместени во коската и се опколени со меко ткиво и гингива кои се составен дел од потпорниот апарат на забите. Иако се занемарува често, огромен проблем може да предизвикаат промените околу забите т.е дел од потпорниот апарат и непцето. Промената е видлива пред се визуелно и се нарекува гингивитис. Тоа е површинска инфекција на непцето (гингивата)  и скоро секогаш е асоцирана со лоша или незадоволителна орална хигиена. Промените може да варираат од блага промена во бојата и  формата на непцето па се до интензивно црвенило со спонтати крварења  кај потешки форми.
Во здрава уста, изгледот на гингивата  е со бледо розева боја, таа просторите помегу забите го исполнува во вид на мали тиаголници и целосно има  изглед налик на кора од портокал. Но при воспалување на непцата, таа видливо се менува.

Промената се забелжува првично со промена на бојата. Воспаленото непце нема повеќе розева боја. Таа е интензивно зацрвенета, а понекогаш дури и модра. Друг знак е обликот на непцето помегу забите (интерденталната папила). Таа кај здрави непца е во вид на мали триаголниви кои при воспалението го менуваат својот облик и отекуваат. Имаат изглед на зрно од грозје, отечени, често пати болни на допир и крварат. При тоа видлива е промената во естетскиот изглед на пациентот. Трет знак кој ни укажува на воспаление на непцето (гингивитис) е крварењето на непцата. При било каква провокација со храна, четка, допир крварат многу лесно, а во потешки случаи и спонтано.
Друг фактор  кој ни укажува на гингивитис е миризбата од уста. И кај целосно средено забала ако месото(непцето) е воспалено миризбата на секретот кој се јавува при воспалението е јака и крајно непријатна. Особено интензивна наутро. Гингивитисот во основа е предизвикан од присуство на дентален плак. Налепи на забите кои лесно и едноставно се отстрануваат со четкање. Неговото појавување исто така може да е поврзано со присуство на лоши пломби ( несоодветни реставрации) или забен камен. Овие состојби го отежнуваат отстранувањето на забниот плак, а со тоа фаворизираат создавање воспаление на непцето (гингивитис)
Кога е во поблага форма лесно се отстранува со подобрување на оралната хигиена. Ако има дополнителни фактори: присуство на забен камен или лоша пломба, се отстрануваат  за да се подобри состојбата. Клучен фактор во третирање на оваа состојба е ефикасна домашна хигиена.

Како што можевте да видите од советите на Др. Ели, правилната хигиена со соодветни производи е од огромна важност. Токму затоа, продолжувам јас со статијата, односно би сакала да ви предложам две прекрасни пасти за заби од марката Уртекрам, кои се одлични како во случај на непца кои крварат, така и како секојдневна нега за здрави заби. Започнувам со онаа од чајно дрво која мене лично ми е фаворит.

Ова е една од најдобрите пасти за заби кои досега ги имам пробано. Одлично измива, остава пријатна свежина во устата, комплетно природна и сертифицирана. Има интензивен вкус и мирис на чајно дрво, па доколку ви смета во тој случај одберете ја втората паста која ќе ја рецензирам. Мене токму тој интензивен вкус на чајно дрво премногу ми се допадна кај оваа паста. Како што напоменав одлична е во случај на воспалени непца кои крварат. Јас лично имам проблем со непцата кои доколку не одберам соодветна паста за заби при четкањето понекогаш и крварат и токму затоа верувајте ми кога ви кажувам дека оваа е идеална за таа намена.

Декларацијата на оваа паста е како поезија...Толку едноставна, а толку совршена, мој омилен тип на декларации. Калциум Карбонат кој е на прва позиција всушност претставува абразивна состојка од природно потекло со нешто поалкална пХ вредност (што е одлично кога станува збор за усната хигиена). Одлично ги отстранува наслагите од самите заби и е делумно растворлив во вода. Во формулава употребен е со глицерин, екстракт од алое вера гел. масло од чајно дрво и масло од мирра. Ете многу едноставна формула а многу функционална. 
Еве ја структурата на оваа паста за заби

Јас откако ја открив не ја менувам повеќе. Се вљубив во оваа паста за заби, токму затоа и прва ја рецензирав. Доколку од време на време имате проблем со непца кои крварат, ова е вистинскиот избор за вас.
Втората паста која сакам да ви ја препорачам е онаа Fresh Mint која исто така е одлична како и за скојдневна правилна хигиена на забите, така и во случај на непца кои крварат.

Оваа паста за заби помалку ме воодушеви од претходната, меѓутоа ова е лично искуство, не мора да значи дека и со вас ќе биде исто. Иако морам да напоменам дека како состав е одлична (инаку не би ја рецензирала). Декларацијата на оваа паста е следнава:

Како декларација оваа паста е доста посложена од претходната и убаво обработена како декларација и состав. Вака искомбинираните екстракти и состојки овозможуваат да оваа паста за заби убаво чисти, не иритира и го остави здивот свеж. Има смирувачко дејство врз непцата, благодарение на екстрактот од алое вера, освежувачко дејство благодарение на екстрактот од нане и сладок корен и благо дезинфицирачко дејство во самата уста. Декларацијата е многу посложена од претходната и убаво разработена, ама ете мене повеќе ми се допаѓа онаа со чајно дрво.
Како што може да забележиме пастава е комплетно на природна база. Во голем број на пасти за заби ( особено оние кои не се природни и органски) може да се најде содиум лаурул сулфат како една од главните состојки, кој е доста агресивен и може да ги иритира чувствиtелните непца во устата. Овде тоа не е случај. Може да забележиме калциум карбонат (кој е ставен како чистач), потоа вода, глицерин и ксилитол. Од екстракти може да најдеме алое вера екстракт, потоа нане, сладок корен и врба.
Која и паста да се одлучите да ја одберете верувајте ми, нема да погрешите. Станува збор за природни и органски сертифицирани производи кои имаат одлична декларација и се во склад со нашите потреби за една правилна орална хигиена.
Да напоменам дека и двете пасти може слободно да ги нарачате онлајн на bellina.mk со попуст од 20%.
Јас се надевам дека и оваа статија ви се допадна, ви беше поучна и секако од корист.
Од досега прочитаното која паста вие лично би ја одбрале онаа со чајно дрво или онаа Fresh Mint?
Поздрав и до следно читање
Вики

Comments