Бај бај целулит со домашни многу ефикасни производи



Здраво драги мои,

иако времето стана повторно ладно (како да се врати зимата) ние уште од сега да почнеме да се подготвуваме за претстојната летна сезона. Оваа статија ја посветувам токму на домашните антицелулитни третмани кои може многу лесно да ги направиме дома и кои имаат голема ефикасност.

Иако како што многупати имам напоменато оваа проблематика најнапред зависи од генетиката и исхраната, негата секако помага во оддржувањето на еластичноста и убавината на кожата. Да не го заборавиме и спортот затоа што без движење или физичка активност средствата сами нема да помогнат.

Како што реков ќе ви предложам два навистина одлични домашни средства кои за миг ќе ги направите а се доста функционални. На крјот од статијата ќе ви оставам линкови од минати статии посветени на оваа проблематика каде може да најдете други корисни средства и совети. Ајде да започнеме.

1. Ефикасен антицелулитен пилинг


Еднаш неделно обавезно треба да направиме пилинг на кожата на телото, особено на оние зони каде сме склони кон целулит како на пример бедрата, задникот и стомакот. Доколку не можете да си дозволите скапи готови производи, слободно направете го овој лесен домашен пилинг за кој потребни ви се:

- 4 супени лажици шеќер
- 2 супени лажици сода бикарбона
- 2 кафени лажички шеа путер
- 2 кафени лажички кокосово масло
- 1 лажичка глицерин
- на врвот од една лажичка ѓумбир во прав
- 1 кафена лажичка рендана кора од лимон
- 1 кафена лажичка иситнета сува мента (изгмечена скоро во прав)

Најнапред помешајте ги прашкастите делови (шеќерот, содата, ѓумбирот, кората од лимон и ментата), потоа додадете ги шеа путерот и кокосовото масло претходно стопени на пареа. Убаво промешајте. Смесата стиснете ја во калапчиња, оставете малку да се стврдне (може и во фрижидер) и вашиот скраб е готов.

Користете го на благо навлажнета кожа по туширањето, убаво втривајте со рацете (со кратки енергични движења) и потоа убаво измијте со млака вода. Доколку дома имате етерични масла заменете ги лимонот и менатат со етерични масла (по 3 капки од секое). Оваа варијанта ја направив специјално за оние кои немаат на располагање етерични масла.

Доколку оваа верзија ви изгледа малку комплицирано за подготовка или доколку ги немате сите состојки, во тој случај погледнете го овиој поедноставен Антицелулитен пилинг од кафе.


2. Домашно лесно антицелулитно масло од билки

Ова мислам дека ми е врвен производ кога станува збор на домашни масла со антицелулитно дејство. Во минатото ви имам предложено повеќе масла како на пример Антицелуитно масло од какао кое навистина е многу убаво и ефикасно. Ова масло кое ќе ви го предложам сега, за разлика од антицелулитното од какао, не содржи етерични масла, затоа што комплетно ќе го направите вие само со сушени билки. Идејата ја добив откако направив многу домашни масла со разни билки како невен, лаванда и останато.

За ова масло потреби ви се:

- сув рузмарин
- сува мента
- кора од еден мал лимон (по можност непрскан)
- половина кафена лажичка ѓумбир
- сува жалфија

Во една тегличка ставете ги сите суви билки заедно со кората од лимон (претходно исушена и само жолтиот дел без белото) и циметот. Додадете 150 до 200 мл. масло и оставете така на суво и ладно место (на пример креденец во кујната) околу месец дена. Важно е тревките да бидат комплетно покриени од маслото за да не доведе до расипување. Сетете се да го протресете маслото на секои два- три дена.


По истекот на времето прецедете го маслото и слободно користете го за масажа (најдобро навечер) на чиста кожа. Со редовна употреба ќе забележите резултати.

Секако би сакала да ви оставам и линкови од некои други корисни статии во врска со целулитот како:

Антицелулитна маска од глина

Етерични масла со антицелулитно дејство

Како успешно да го намалиме целулитот

Поздрав и до следно читање
Вики


Comments