Серум со ектоин од марката True Alchemy

 


Здраво драги мои,

иако сме во последните денови од летото да се надеваме дека и септември месец ќе биде убав и сончев (како што понекогаш знае да биде) и дека ќе продолжиме барем уште малку да ги уживаме благодетите на сончевите зраци. Токму затоа како последна статија за производи кои ги препорачувам во овој период, би ги споменала току овие три серуми на база на ектоин од прекрасната руска марка True Alchemy. Зошто велам последна статија, не затоа што веќе нема да ви претставувам производи, туку заоа што завршувам со една серија на производи кои ја штитат кожата од УВА зраците и се од огромна помош на средтсвата за заштита од сонцето кои претежно се наменети за заштита од УВБ зраците и делумно од УВА. Со надоаѓање на поладниот период, ќе ви претставам производи на база на киселини и ќе ви кажам како истите да ги користите на кожата.

Ектоинот е една состојка која најискрено досега никогаш ја немам употребено во производите кои сама ги правам и како таква доволно и не ја познавав. Токму затоа направив едно детално истражување за состојкава и се исконсултирав со колеги од Рим кои ја имаат користено. Станува збор за една прекрасна состојка, која е од огромна важност за здравјето и убавината на кожата, а сега и ќе ви објаснам зошто.

Ектоинот всушност претставува кристален бел прав кој се добива од една бактерија која може да преживее во најекстремни услови и климатски промени. Од многубројни испитувања и тестови, научно е докажано дека ектоинот има цела една серија на позитивни дејства врз кожата меѓу кои:

1. Го спречува предвременото стареење на кожата, со оглед на тоа што заштитува од УВА зраците кои се одговорни токму за тоа. УВБ зраците се оние кои ја “горат кожата“ доколку правилно не се заштитиме,додека УВА зраците навлегуваат подлабоко и предизвикуваат предвремено стареење на кожата. Во едно истражување од страна на Skin Pharmacology and Psicology во 2004 година, докажано е дека способноса на ектоинот да ја штити кожата од УВА зраците се должи токму на неговата способност на заштита на клетките од топлотниот стрес (како резулат на жешкото). Со оглед на тоа што цело лето ви препорачував производи токму за оваа проблематика (се сеќавате на серумите со Ц витамин, потоа на серумот со кафеин, серумот на вит. Е во сквален итн.) кои доколку ги користевте (под средството за сончање) правилно сте ја заштитиле вашата кожа во текот на летниот период, сега слободно може да продолжите со овие серуми кои и те како ќе дојдат од помош во овој преоден период помеѓу лето и есен.

2. Како што веќе напоменав бактериите од кои се добива оваа состојка се отпорни на било какви температури и преживуваат во најневозможни услови. Токму затоа, ектоинот има огромно хидратантно дејство врз кожата, односно и помага на истата да ја задржи правилната влага не само во лето туку и со надоаѓањето на поладните денови. Во лето, го спречува губитокот на многу вода како резултат на топлото, додека во зима ја хидрира кожата и го спречува штетното дејство на студот. При подготовка на козметички производи оваа состојка може да се доведе и до температура до 80 степени без никаков проблем (за разлика од многу други состојки кои во козметиката се користат во фазата Ц на ладно без да се загреваат).

3. Оваа состојка се покажала корисна и во случај на благ дерматитис, токму благодарение на способноста да ја заштити кожата и секако правилната хидратација на истата.

Откако разјаснивме што всушност претставува ектоинот и за кои проблематики и состојби на кожата одговара, ајде да преминеме на рецензија на производите. Постојат три вида на серуми со ектоин од оваа прекрасна марка кои се потполно исти (односно ги содржат истите состојки), разликата е само во процентот на ектоин кој е употребен во секој од производите.

Формулата како што може да видите од сликата е навистина убаво избалансирана . Во хидратантното дејство ектоинот е потпомогнат најнапред од бетаинот кој е фантастичен кога станува збор за правилна хидратација на кожата, а секако и од сокот од алое вера. Според мене, оваа комбинација гарантира многу поголема хидратантна моќ дури и од хијалуронската киселина. Понатаму содржи и масло од семки од кајсија и екстракт од боровинка кои се одлични за кожата. Навистина мора да признаам дека има фантастична декларација.

Едно нешто кое мора да го потенцирам (знаете дека секогаш објективно говорам за производите) е фактот што како процент присутни се 1%, 2% и 4%. Со оглед на тоа што во техничкото упатство на оваа состојка пишува дека во чиста форма дозволено е да се користи помеѓу 0,3 до максимум 2%, можам да кажам дека во серумот со 1% и со 2% присутна е во чиста форма, додека во оној со 4% најверојатно присутна е како раствор.

Јас ги пробав сите три и мора да напоменам дека мене лично омилен ми е оној со 2% ектоин. Секако сите три се премногу убави и кој и да го одберете нема да погрешите. Вашата кожа во секој случај ќе ви биде благодарна. Доколку се мислите кој да го одберете и како да започнете со овој тип на серуми, би ве советувала да започнете прво со 1%, па откако ќе го потрошите да преминете на оној со 2%.

Еве ја структурата на секој од серумите, која горе долу е слична.

Серум со 1% ектоин



Серум со 2% ектоин



Серум со 4% ектоин


Кога ќе се нанесе врз кожата, овој серум дава ефект на убава и мазна кожа, која истовремено е хидрирана. Има навистина многу пријатен ефект врз самата кожа. Доволно е да нанесте неколку капки на убаво исчистено лице (наутро и навечер), да почекате да се впие и потоа да нанесете од вашиот крем за лице.

Доколку се мислите што да одберете за нега на кожата во овој преоден период кога сеуште е топло, меѓутоа полека ќе преминува кон ладно,овие серуми се вистинскиот избор за вас. Истите може слободно да си ги нарачате до домашна адреса од www.bellina.mk или пак да го посетите нивниот прекрасен БиоШоп и да си ги земете од таму.

Јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Ние се читаме наскоро со многу нови интересни статии.

Ве гушкам и бидете ми добро.

Вики

Comments