Уморна и безживотна кожа на лицето како резултат од жешкото? Решение се овие два производи

 

Здраво драги мои,

продолжувам на тема летна нега на кожата со производи погодни за таа намена. Колкупати ви се случило да се разбудите со потечено лице или околу очите како резултат на поголемата количина на течноти кои летно време се задржуваат во организмот? Секако на сите нам ни се случило, а доколку сте еден од тие случаеви продолжете да читате бидејќи производите кои ќе ви ги предложам во оваа статија злато вредат.

1. Серум за лице со кафеин од True Alchemy


Кафеинот е една од моите омилени козметички состојки, не го конзумирам во вид на кафе бидејќи воопшто и не пијам кафе, меѓутоа надворешно премногу ми се допаѓа ефектот кој го дава врз кожата, особено доколку станува збор за уморна кожа без сјај или пак при проблем на преголемо задржување на течности. Кафеинот е одлична состојка и кога станува збор за антицелулитната нега, меѓутоа за тоа ќе говороиме во некоја следна статија. Овде ќе се задржиме на неговото дејство врз кожата на лицето.

Јас постојано читам истражувања на познати хемчари, експерти, доктори и дерматолози и во едно од тие истражувања ( Koo SW, Hirakawa S, Fujii S et al. Protection from photodamage by topical application of caffeine after ultraviolet irradiation. Br J Dermatol. 2007 May;156(5):957-64. Epub 2007 Mar 28) имам прочитано дека кафеинот е една од најдобрите состојки која може да ја користиме во текот на летниот период. Во истражувањето е наведен заклучокот дека нанесен надворешно кафеинот има заштитно и регенеративно дејство врз кожата (во однод на сончевите зраци) и е во состојба да превенира карцином на кожата или пак да помогне во лекување на пре- канцерогените лезии. Ова се должи на способноста на кафеинот да ја спречи дегенерацијата на клетките и изумирањето на кераноцитите.

Внесен по внатрешен пат, кафеинот може да даде и голем број на контроиндикации како аритмија, меѓутоа топично (нанесен врз кожата) е многу посигурен и дава огромни резултати во заштита на кожата од сончевите зраци и во спречување на штетата направена од неправиното изложување на сонцето. 

Ова секако не значи дека доволно е да се намачкаме со кафеин и да излеземе да се сончаме, туку дека пожело е да користиме производ кој содежи убав процент на кафеин (секако во рамките на дозволеното за што ќе говориме понатаму), и да го нанесеме наутро пред кремот за заштита од сонцето. Токму еден таков производ е серумот со кафеин на марката True Alchemy. Ајде да го разгледаме заедно.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE, CENTAUREA CYANUS FLORAL WATER, GLYCERIN, CAFFEINE, GLUCOSYL HESPERIDIN, XANTHAN GUM, BENZOIC ACID, LACTIC ACID.


Она што ме прави премногу среќна е фактот што во овој производ нема алкохол и нема пропилен гликол јухууууууу...кои би можеле да направат денатурација (разградување) на протеините. По водата може да забележиме алое вера, потоа хидролат од синчец, глицерин и потоа кафеин. Според етикетата количината на кафеин е осначена како 5%, меѓутоа според мене користен е некој раствор од кафеин а не станува збор за чист кафеин во прав. Јас го користам чистиот кафеин во прав во процент од 1-2% (2% преку сила и тоа претежно во антицелулитни производи), над тоа нема потреба, а и не е препорачливо доколку станува збор за чист концентриран кафеин. Еве ја структурата на овој производ.


Она што особено ми се допаѓа кај овој производ е дејството врз кожата. Веќе по 3 недели користење дава поубав сјај на кожата, самата кожа изгледа посвежа и поодморена. Како што напоменав претходно, одличен е во случај на проблеми со задржување на вишок на течности кај лицето и неправилна микроциркулација. Одлично е доколку наутро го користите овој серум, а невечр правите масажа со ролер. Мислам дека е добитна комбинација за сите оние кои страдаат од оваа проблематика.


2. Серум за лице со аргинин на True Alchemy


Вториот серум кој сакам да ви го предложам е оној со аргинин кој може да го користите навечер како дополнување на претходниот (најдобро е кафеинот да го нанесувате само наутро под кремот со заштитен фактор). Овој ми се допаѓа затоа што има состојки со цел спектрум на дејство како на пример хијалуронска киелина, екстракт од гинко билоба, и е одличен во случај на повозрасна кожа или како превенција од брчки на лицето. Има убава хидратантна моќ и омекнувачко дејство врз кожата. Ајде да ја разгледаме и оваа декларација.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE, GLYCERIN, ARGININE, HYDROLYZED SOY PROTEIN, XANTHAN GUM, SODIUM HYALURONATE, BENZOIC ACID, FAGOPYRUM SEED EXTRACT, GINKGO BILOBA EXTRACT, SORBUS AUCUPARIA EXTRACT, LACTIC ACID.

Базата е слична како претходниот, односно вода и алое вера, меѓутоа се менува понатаму бидејќи следува аргинин, потоа протеин од соја, хијалуронска киселина и екстракт од гинко билоба. Вака икомбинирани, сотојките прават серумот да биде доста хидратантен и одличен после цел ден поминат надвор на сонце. На кожата и е потребна додатна хидратација и омекнување, а токму тоа е она што овој серум го прави. Еве ја структурата на овој производ.

За разлика од претходниот производ кој има благо затегнувачко дејтво врз кожата, овој има пријатно омекнувачко дејство врз кожата и на некој начин ја смирува. Како што кажав одличен е како при превенција на брчки,така и кај повозрана кожа. Ефектот е мека и убава кожа.

Јас овој би ви го пепорачала како вечерна нега на убаво исчистено лице пред ноќниот крем кој вообичаено го користите.

Драги мои, се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист.

Ние наскоро се читаме.

Ве гушкам 

Вики

Comments