Ben & Anna природата во служба на лошиот мирис под пазувите

 

Здраво драги мои,

деодорансите се оној дел од козметиката кој е во мода во текот на целата година. Без разлика дали е лето или зима, деодорансите се неизбежен дел од нашето секојдневие и токму затоа од огромна важност е да бидат што поприродни и да не го спречуваат потењето кој е природен процес, туку да оставаат да се потиме, притоа неутрализирајќи го непријатниот мирис под пазувите.

Ајде најнапред да се потсетиме зошто се потиме и зошто всушност потта мириса. Ова го имам напоменато во многу претходни статии, ама еве сепак ќе повторам. Преку потта организмот, најнапред ја оддржува телесната температура, ги исфрла токсините и прави баланс на количината на вода во телото. Потењето е многу важен процес и како таков не треба да се спречува. На површината на нашата кожа природно присутни се бактерии кои имаат различно дејство и работат со различна брзина на различна пХ вредност. Кога се потиме пХ вредноста се качува од 5,5, на 7 и таа зголемена пХ вредност им ја олеснува работата на бактериите кои се поактивни на повисока пХ вредност и успеваат да ги раздвојат молекулите на потта на уште поситни делчиња креирајќи на тој начин непријатен мирис под пазувите. 

Токму затоа од огромна важност е дедорансот кој ќе го одбереме да биде убаво формулиран, природен и убаво избалансиран. Ајде да се потсетиме кои сѐ типологии на деодоранс постојат:

1. На база на алуминиум (класични антиперспиранти) делуваат преку механизам на контракција на базниот мускул под пазувите и спречување на потењето. Ова секако нам не ни се допаѓа и овој тип на деодоранси потребно е да се избегнуваат.

2. На база на триетил цитрат (оваа состојка кога ќе дојде во контакт со нашиот организам при зголемување на пХ вредноста се разредува на две молекули односно: етил алкохол и лимонска киселина. Етил алкохолот го намалува размножувањето на бактериите, додека лимонската киселина ја спушта (намалува) пХ вредноста и со тоа го спречува дејството на бактериите.)

3. На база на алкохол делуваат на тој начин што во алкохолот се растворени етерични масла или парфеми кои го прикриваат лошиот мирис.

4. На база на сода бикарбона.

Во оваа статија ќе се задржиме на деодорансите на база на сода бикарбона со оглед на тоа што функционираат на спротивен начин од сѐ она што досега го напоменав. Можам да кажам дека овој тип на деодоранси се сметаат за едни од најприродните, доколку истите се одлично искомбинирани и со останати состојки кои не само што помагаат во спречување на лошиот мирис под пазувите, туку имаат и улога при правилната нега на кожата во тој предел од телото.

Претходно напоменав дека при покачување на пХ вредноста на 7 бактериите се поактивни и се чувствува лош мирис под пазувите. Сода бикарбона не има пх вредност нешто над 7 а сепак одлично штити од лоши мириси. Како е тоа возможно?

Во еден део производ, сода бикарбона не функционира благодарение на пХ вредноста, туку благодарение на тоа што креира еден амбиент каде бактериите не можат да се разможуваат. Нешто слично на саламојата во која се конзервира зеленчукот. 

Едена прекрасна марка на деодоранси рол он токму на база на сода бикарбона е марката Ben & Anna која буквално ме воодушеви. Немам досега сретнато производ кој толку добро функционира, штити во текот на целиот ден и издржува и при спортски активности. Ајде да ја разгледаме заедно оваа прекрасна марка.

Има 4 различни мириси од оваа марка и тоа 3 се многу свежи : ќедрово дрво (мојот најмилен), лиме, розев грејпфрут (цитрон) и еден во сосема друга насока со смирувачко дејство односно лаванда. Сите овие имаат иста база (се менуваат екстрактите и етеричните масла) а токму сега заедно ќе ја разгледаме декларацијата на базата и ќе сфатиме зошто се толку функционални. Сите 4 видови на део стик ја имаат следнава декларација како база:

Sodium Bicarbonate, Maranta Arundinacea Root Powder*, Zea Mays Starch, Butyrospermum Parkii Butter*, Cetyl Alcohol, Stearyl Alcohol, Cocos Nucifera Oil*, Helianthus Annuus Seed Cera, Helianthus Annuus Seed Oil*, Coco-Caprylate/Caprate, Ricinus Communis Seed Oil, Rhus Verniciflua Peel Cera, Shorea Robusta Resin, Caprylic/Capric Triglyceride, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Daucus Carota Sativa Root Extract*, Rosmarinus Officinalis Leaf Extract*,

Како што може да забележите на прво место е сода бикарбона после која следуваат два типа на нишесте едниот од пченка а другиот од едно растение кое се нарекува Arrowroot. Потоа има шеа путер, цетил алкохол како зацврснувач, кокосово масло, масло од јојоба, рицинусово масло, сончогледово масло,екстракти од морков и рузмарин. Овој производ е прекрасен микс од многу корисни состојки. Не само што деодорира, туку ја негува кожата благодарение на шеа путерот и комбинацијата на масла. Прашкастите состојки односно нишестата даваат сув ефект на производот.

Овој производ е идеален за сите оние кои сакаат природен део крем кој притоа нема да содржи никакви штетни состојки како на пример алуминиум, или алкохол. Део кој истовремено ќе ја заштити и негува кожата и е многу ефикасен и во случај на обилно потење. Јас премногу се потам секогаш, а особено кога спортувам (се качувам на Водно). Токму вчера пред да тргнам нанесов од овој део, се искачив на Водно и симнав, и верувајте бев препотена, меѓутоа немаше никаков лош мирис под пазувите.

Како што кажав има 4 различни типови на део стик и тоа:

со ќедрово дрво (мојот омилен). Според ароматерапијата, етеричното масло од ќедрово дрво има одлично дејство врз организмот, го подобрува расположението и во случаи на анксиозност или внатрешен проблем, помага во воспоставување на рамнотежата на организмот и не прави многу посигурни.

со лаванда (мој втор омилен) има смирувачко дејство. Содржи етерично масло од лаванда и екстракт од рузмарин и жалфија. Не е толку освежителен како останатите три, меѓутоа доколку сте љубител на лавандата како мене во тој случај е вистински избор.

со розев грејпфрут кој е феноменален, освежителен и дава чувство на цитрусна градина. Ги буди сите сетила.

со лиме (една варијанта на лимон) со убаво освежително дејство.

Верувајте ми кој и да го одберете нема да згрешите. Станува збор за производ кој е природен, ефикасен, негува, не предизвикува никакви иритации (за разлика од други производи за деодорирање) и е погоден дури и за најчувствителна кожа на пазувите.

Овие део стикови може да ги купите ексклузивно во ДМ маркетите по цена од 499 мкд. Траат два месеци, така да според мене ова се одлично инвестирани пари, не само во нашето здравје туку и околината која не опкружува со оглед на тоа што сите состојки се природни и биоразградливи. Со оглед на тоа што не содржат вода, овие деодоранси немаат никакви конзерванси, со исклучок на вит. Е кој во случајов е антиоксиданс.

Користењето е многу едноставно. Сѐ што треба да направите е да ја одлепите декларацијата од задната страна на стикот со цел да го подигнете нагоре едниот дел .Ова е намерно залепено така, со цел да се спречи непристојно отворање на производот пред истиот да биде купен. Одлично сторено од страна на производителот и е навистина за поздрав.Откако ќе го извадите капакот, стикот се притиска со прстот одоздола како што е тоа означено на самото пакување.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Топло ви пепорачувам да ги земете овие део стикови, верувајте нема да зажалите.

Ние се читаме наскоро со нови интерсени статии, а дотогаш бидете ми добро.

Вики

 

Comments