Сува коса? Масна коса? Чувствително теме? Решение се овие три производи

 


Здраво драги мои,

за многу девојки косата е слаба точка и она на што посветуваат најмногу внимание. Особено во летниот период нашата коса е изложена на сончевите зраци, или доколку сме на одмор на хлорот од водата од базените или пак морската вода (балзе си ви ако сте на море). Токму затоа од огромна важност е правилно да се грижиме за истата.

Грижата за косата започнува од шампонот кој го користиме. Верувајте ми ова е најважното нешто и основа за нега на косата, со оглед на тоа што погрешен производ кој не е добро избалансиран или со поагресивна формула може да направи доста штета. Може да предизвика сушење на темето на главата, појава на првут или пак зголемено мастење на косата. Токму затоа во оваа статија би сакала да ви предложам три шампони за секој вид на коса и проблематика од хрватската марка Оливал.

Пред да почнам со рецензија на секој од нив би сакала да ви посочам една многу интересна работа. Без разлика на тоа што шампоните се наменети за различна проблематика и состојба на косата, сите три имаат иста база која е многу нежна за темето на косата и не иритира. Ова особено ми се допаѓа, а сега ќе ви објаснам и зошто.

При формулирањето на еден производ како што е шампонот, доколку сурфактантите не се правилно избалансирани се добива поагресивна формула кој има преголемо измивачко дејство кое секогаш и не е баш најдобро за здравјето на косата. Секако правилната хигиена е од огромна важност, меѓутоа претерувањето води во сосема спротивна насока.

Овие три шампони како база ја имаат следнава формула: Acqua, Coco Glucoside, Sodium Coco Sulfate, Glyceryl Oleate, Sodium Chloride. По водата која е на прва позиција може да забележиме коко глукозид кој е екстремно нежен сурфактант и кој ја ублажува измивачката моќ на примарниот сурфактант кој следи по него, односно содиум коко сулфат. По него следува уште еден нежен сурфактант глицерил олеате и на крај морска сол како згуснувач. Оваа комбинација на сурфактанти е идеална со оглед на тоа што се добива производ кој воопшто не е агресивен, убаво измива, меѓутоа не претерано. Би можела да кажам дека базата е направена за нежно и чувствително теме.

Базата е за чувствително теме, меѓутоа кој вели дека масната коса нема чувствително теме или пак онаа со првут? Размислете, овие шампони имаат иста база која нежно измива, меѓутоа она што ги прави посебни и различни е токму комбинацијата на екстракти и етерични масла кои ја одредуваат природата и намената на секоја производ особено. Според мене еден добар производ би требало да изгледа токму вака, нежен за темето, меѓутоа со специфични состојки за проблематиката.

Откако го разјаснивме ова, ајде да преминеме на рецензија на секој од нив посебно.

1. Шампон со рузмарин и лимон за нормална до масна коса

Започнувам со овој шампон, затоа што ми е најомилен. Од сите три овој ми е фаворит, меѓутоа не затоа што е подобар од останатите, туку затоа што го обожавам мирисот на лимон и рузмарин. Верувајте ми неодолив е. 

Базата на овој шампон веќе претходно ја објаснив, така да би додала дека како екстракти содржи: пченичен протеин кој има одлично дејство врз косата, ја прави поубава, посјајна и поцврста, потоа етерични масла од лимон и рузмарин. Етеричното масло од лимон дава неверојатен сјај на косата, а етеричното масло од рузмарин ја стимулира микроциркулацијата на темето на косата и е одлично во случај на зголемено опаѓање на косата, Исто така прави регулирање и на вишоот на масти на темето.

Како што претходно напоменав, овој производ мие нежно без да прави агресија на самото теме. Прекрасно мириса и ја остава косата перфектно чиста. Еве погледнете слики од мојата коса измиена со овој шампон.


2. Шампон со нане и лаванда за сува и оштетена коса

Ова ми е вториот омилен шампон. Обично лавандата ја сакам повеќе од рузмаринот, меѓутоа комбинацијата на рузмарин и лимон во претходниот шампон, буквално ме освои. По базата, која веќе претходно ја објаснив, во овој шампон присутни се најнапред пченичен протеин како во претходниот, меѓутоа се менуваат етеричните масла. Овде може да се забележат етерично масло од лаванда и нане. Лавандата има преубаво дејство врз косата, освен тоа што ја зајакнува дава и преубав сјај на самото влакно. Исто така лавандата влијае многу позитивно врз целокупната добросостојба на организмот, односно има смирувачко и релаксирачко дејство. Етеричното масло од нане e одлично во случај на сува скалп.

Еве слика од употребата на овој шампон.

3. Шампон за чувствително теме без мириси


Во овој шампон не се присутни никакви етерични масла ниту пак екстракти. Етеричните масла се прекрасни меѓутоа природно содржат алергени кои не секогаш се толерирани од чувствителен скалп или пак чувствителна кожа. Во овој шампон по базата присутен е само пчничен протеин кој како што веќе напоменав е одличен за косата, ја зajакнува самата коса, меѓутоа има и второ дејство односно ја прави формулата на еден шампон понежна (ги ублажува сурфактантите).

Навистина многу е нежан за темето (како впрочем и останатите два) и според мене одличен за сите оние кои не поднесуваат никакви екстракти, етерични масла или мириси и сакаат едноставен шампон кој одлично ќе ја извршува својата намена.

Топло ви препорачувам да пробате некој од овие шампони уште од сега и правилно да ја негувате вашата коса. Како што веќе напоменав здравјето и убавината на косата најнапред зависат од правилниот избор на шампонот.

Овие производи може да ги најдете во продавницата на Тесори ди Маре (во улицата кај Цреша бар) или пак да ги нарачате од нивниот сајт tesoridimare.mk

Ние се читаме наскоро а дотогаш бидете ми добро

Вики

Comments

  1. Улицата кај барот има име?
    Фала

    ReplyDelete
    Replies
    1. Гугл помага секогаш, повели. Рајко Жинзифов, бр. 23, зграда 1, влез 001 приземје (кај Цреша бар, до Евротип)
      Скопје, Македонија
      Телефон: 076 263 040
      Email: info@tesoridimare.mk

      Delete

Post a Comment