Чиста и убава кожа со производите на Olival


Здраво драги мои,

во видеото кое го објавив пред недела дена за масажа на лицето со ролер, реков дека во една од следните статии ќе ви ги претставам млекото за чистење на лице и маслото од линијата со смиљ на хрватската марка Оливал. Производиве кои ќе ви ги претставам посебно се сертифицирани како природни од страна на Natrue, сертификатор кој има високи стандарди за состојките во еден производ. Според мене одговараат за нега на сите видови на кожа, и може да започнете да ги користите уште од сега, со оглед на тоа што воопшто не содржат фототоксични состојки или пак киселини кои е пожелно да се избегнуваат во текот на летниот период. Ајде да ги разгледаме заедно.

1. Млеко за чистење/миење на лицето


Знаеме дека од огромна важност за здрава и убава кожа е правилното чистење и миење на истата. Знаеме колку е важно (особено навечер) да ги отстраниме сите нечистотии од лицето кои се насобрале во текот на денот. За жал, живееме во околина која не е баш најчиста од аспект на воздух и загадување, така да сѐ она што е во воздухот и околината во текот на денот се лепи на кожата. Тука се и мастите кои самата кожа ги лачи, потта и така натаму.

Пред некоја година верував во двојна детерзија на лицето, односно користење на два производи за чистење и миење на кожата на лицето, меѓутоа како што читам нови книги за физиологијата на кожата, така се надоградувам, откривам нови рабои и секако заењето го споделувам овде со вас. Денес верувам во едно средтсво кое на природен начин ќе ги отстрани нечистотиите од кожата, меѓутоа само вишокот, не сите масти, без да го наруши природниот заштитен филм на кожата. Едно такво средство е ова млеко за чистење на лицето со масло од смиљ на марката Оливал.

Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата на производов, со цел да сфатиме зошто истото е одлично за нега на сите видови на кожа. 

Состојки: Aqua, Sesamum Indicum Seed Oil, Caprylic/Capric Triglyceride, Glycerin, Cetearyl Glucoside, Cetearyl Alcohol, Oenothera Biennis Oil, Benzyl Alcohol, Salicylic Acid, Sorbic Acid, Sodium Stearoyl Glutamate, Helichrysum Italicum Flower Oil, Limonene, Linalool

По водата (која е на прва позиција), може да забележиме масло од сусам (кое е одлично за скоро сите типови на кожа, вклучувајќи ја и комбинираната па и масната кожа), потоа каприлик каприк кое е многу лесно масло па глицерин. Ова ми дава до знаење, дека млекото има многу лесна структура и е погодно за скоро сите типови на кожа. Кога ќе ги земам предвив згуснувачот и емулгаторот, можам да сфатам дека структурата е средно богата (не премногу густа, меѓутоа ни премногу течна). Ова е од огромна важност за ефектот на самиот производ врз кожата.


 Потоа може да забележите масло од вечерна јаглика и масло од смиљ.

Во производов може да забележите и салицилна киселина, меѓутоа пред да испаничите дека има киселина погледнете ја количината на истата во производов. Салицилната киселина во козметичките производи се користи на два начини и тоа:  

- како киселина (која има кератолитичко дејство, односно разградувачко декство врз кератинот) 
- како конзерванс со цел да им помогне на останатите коназрванси при правилната заштита на производот. Овде е употребен токму како конзерванс со оглед на тоа што се наоѓа веднаш после бензил алкохол кој исто така е конзерванс и со сорбинска киселина. Освен  тоа овие две ја даваат и правилната пХ вредност на производот. Значи нема функција на киселина туку на конзерванс.

Откако ја разјаснивме декларацијата, ајде да видиме зошто овој производ е одличен за кожата. Како што кажав претераното измивање на кожата прави дисбаланс на заштитниот филм на нашата кожа, а со самото тоа и го нарушува природниот баланс на истата. Овој производ м и се допаѓа бидејќи е два во еден, односно со еден производ може и да ја отстраните шминката и да го измиете лицето. На кој начин?


Обично производите за измивање на кожата содржат сурфактанти, кои во производов не се присутни. Па добро како тогаш ја измива кожата? Доколку се сеќавате во една статија ви имам кажано дека нечистотијата е од маслена природа, и како таква лесно се врзува за масти кои се присутни во производов во добра количина. Меѓутоа само мастите дали може да ја измијат кожата? Секако дека не, да можеа сите ќе се миевме со масло. 

Во производов маслата се емулзионирани (поврзани ) со водата по пат на емулзија (емулгатор и згуснувач) без кои роизводов не би бил возможен. Кога ние го чистиме лицето со овој производ, целата нечистотија со оглед на тоа то е од масна природа се лепи за мастите кои преку емулзијата се прикачени за водата. Кога производов го измиваме со вода, таа се врзува за водените состојки во мелкото кои се врзани преку емулзија за масните и при миењето ги извлекуваат од кожата. Меѓутоа не комплетно, тоа е најдоброто нешто. Го извлекуваат само вишокот на масти и нечистотии, оставајќи ги на кожата оние природни масла кои и те како и се потребни за правилно функционирање и одбрана. Тикму затоа производов одлично ја чисти кожата, на многу нежен начин, без никаква агресија.

Како што веќе напоменав, на некој начин производов е два во еден, отстранува шминка и ја чисти кожата. Може слободно да го употребувате двапати дневно наутро и навечер. Наутро навлажнете ја кожата, ставете мала количина од произвидов на дланките и нежно измијте ја кожата со блага масажа. Навечер шминката од очите отстранете ја со помош на едно навлажнето памукче со вода и мал дел од овој производ, а остатокот од лицето по истата постапка за утринската нега која претходно ви ја објаснив.

Уште по првата недела ќе видите разлика помеѓу овој производ и производот кој досега сте го користеле. Кожата ќе делува помека, поубава, понежна и што е најважно перфектно чиста и во хармонија.

2. Масло за лице на база на смиљ


На самата опаковка од овој производ може да прочитате “Златно масло од смиљ“, Најнапред мислев дека е сигурно така наречено поради бојата (златна), меѓутоа откако ја разгледав декларацијата сфатив дека не е само поради бојата: во овој производ има прекрасен микс на многу ценети и квалитетни масла кои се одлични за кожата. Токму затоа претставува и еден вид на мало злато, односно богатство за нашата кожа.


Ајде како и за претходниот производ, така и за овој да ја разгледаме декларацијата.


На прво место може да забележиме масло од јојоба кое е всушност и базата на овој производ. Маслото од јојоба иако се нарекува масло, всушност претставува еден вид на течен восок кој има најголема компатибилност со нашата кожа. Има способност да го нормализира прекумерното лачење на себум (вишокот на масти во кожата) и секако одлично е како за комбинирана до масна, така и за нормална до сува кожа. Ова масло во производов е искомбинирано со потешки и средно лесни масла како маслиново масло, потоа масло од макадамија, масло од арган, масло од сладок бадем, масло од шипка, масло од смиљ и вит Е во чистата форма токоферол. 

При правењето на еден квалитетен производ, од огромна важност е да се направи правилна комбинација на масла со различна густина и тежина со цел производот да има подобро дејство врз кожата. Доколку едно масло содржи само лесни масла, бргу ќе се впие, меѓутоа за половина час маслото ќе излезе на површината на кожата (ќе се врати) давајќи масен ефект. Потешките масла го спречуваат ова и даваат еден вид на производ кој храни, меѓутоа истовремено и не масти, туку напротив прави нормализација на вишокот или недостатокот на масти врз кожата.


Во самата декларација може да забележиме две состојки односно Undecane и Tridecane. Овие две состојки се ставаат како природна замена за силиконите во еден производ, особено на циклометиконот, со оглед на тоа што сензоријално (на допир) го дава истиот ефект. Двете овие состојки имаат две различни потекла и тоа: може да бидат производ на навтен дериват (и во тој случај треба апсолутно да се избегнуваат) или пак може да потекнуваат од растително потекло. Како ние обичните потрошувачи може да знаеме од кое потекло се во еден производ? Во случајов производот е сертифициран од страна на Natrue и тоа е еден огромен доказ за природното потекло на состојките. Овој сертификатор не би дозволил никогаш состојки кои водат потекло од навтен дериват, така да во случајов сме сигурни. 

Во случај да производот не е сертифициран избегнувајте го, затоа шт во 99% од случаевите овие состојки се навтени деривати. Кај производите кои не се сертифицирани како природни или органски, единствен начин да го дознаете потеклото на овие состојки е да му пишете на производителот да ви го покаже сертификатот за истите (не да ви пише дека се добри туку да ви го покаже листот за гаранција). Само на тој начин може да бидете сигурни.

 
Како што веќе кажав. во производов сѐ е ок, инаку не би го рецензирала, секако. Се нанесува на благо навлажнета кожа на лицето или во комбинација со серум. Многу е важно да запомните дека маслата никогаш не се нанесуваат на сува кожа. Со цел кожата да ги апсобира и искористи истите потребно е да дојдат во допир со некоја водена состојка. Имате две опции за нанесување на овој производ:

 1. по миењето не ја сушете комплетно кожата, истапкајте ја со пешкирот и оставете ја благо навлажнета и потоа нанесете го ова масло, претходно малку загреано помеѓу прстите;

2.  ставете на дланката мала количина од маслово (две три капки) и исто толку серум , протријте помеѓу дланките за да ги споите состојките и нанесете на суво лице (во случајов лицето нема потреба да биде благо навлажнето со оглед на тоа што имаме и водена состојка).

Ова масло е одлично и како збогатување на некој крем за лице кој не е доволно хранлив. Земете мала количина од кремот и капнете две капки од ова масло. Нежно протријте помеѓу дланките и нанесете на суво лице.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Доколку е така, топло ви препорачувам да ги пробате овие два прекрасни производи. Истите може да ги најдете во продавницата на Тесори ди Маре (до Цреша бар во Скопје) или пак да ги нарачате онлајн на нивниот сајт tesoridimare.mk.

Како и секогаш, сите ваши коментари се добредојдени под статијата.
Се читаме наскоро а дотогаш ве поздравувам.
Вики

Comments