Негувани раце и стапала секогаш се во мода


Здраво драги мои,

познатиот психолог Салом вели: “Доколку не знаеш што да направиш со рацете погали некого“...можеби во овој период на вируси, болести и здравствени проблеми не е баш најадекватна реченица, меѓутоа одлично ја објаснува потребата од правилна нега на рацете од аспект на тоа што негувани раце даваат мек допир. А и да се надеваме дека многу набрзо повторно ќе може да се гушкаме.

Во овој период сите сме опседнати со пречесто миење на рацете (иако тоа би требало да се прави и во нормални услови) а средствата за таа намена честопат се и многу агресивни. Згора на сѐ ја додавам и зголемена употребата на средства за дезинфекција кои во својот состав содржат алкохол и додатно ја сушат кожата. Сметам дека во овој период, повеќе од било кога, од огромна важност е правилната нега на рацете со цел да го спречиме прекумерното сушење на кожата на рацете и да го избегнеме ефектот на суви и испукани раце.

Дали некогаш сте се запрашале зошто е всушност потребно е да се користи крем за нега на кожата на рацете? За разлика од остатокот од телото, кожата на рацете е подложна на поголемо сушење поради честото миење, надворешните услови, студот итн. Исто така, кожата на рацете, за разлика од онаа на лицето на пример, нема способност сама да ја оддржува правилната хидратација со оглед на тоа што еве на пример не содржи лојни жлезди. Токму затоа како состав кремите наменети за нега на рацете се доста помасни од останатите креми и обично освен водата (која е секогаш на прва позиција) во својот состав содржат помасни состојки како на пример шеа путер, разни видови на масла и глицерин кој помага во правилната хидратацијa на кожата.


Кремот за раце на Planeta Organica го има следниов состав:

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL*, CETEARYL ALCOHOL, GLYCERYL STEARATE, COCO-CAPRYLATE/CAPRATE, GLYCERIN,  BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, THEOBROMA CACAO SEED BUTTER*, COFFEE ARABICA SEED OIL*, CANANGA ODORATA FLOWER OIL*, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, TOCOPHEROL, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, XANTHAN GUM, PARFUM, CITRIC ACID, LIMONENE, LINALOOL, CI 77492.
 (* = состојка од органско земјоделство)

Од декларацијата може да забележиме дека овој крем има комбинација од масла како сончогледово и коко каприлат, со путери како шеа путер и какао путер. Содржи исто така и глицерин. Формулата е многу едноставна, меѓутоа доста ефектна врз кожата на рацете. Еве ја структурата на кремот:


Лично го нанесувам повеќе пати дневно (секогаш кога за тоа имам потреба) и ми се допаѓа многу финалниот ефект од самиот производ. Единствена маана му е тоа што потребно е повеќе време да се мачка за да се впие (навикната сум на креми кои брзо се впиваат), меѓутоа со убаво размачкување откако кожата ќе ја апсорбира, дава убаво и пријатно чувство на мека и свиленкаста кожа. Крајниот ефект го обожавам, потребно е само убаво втријување на производот во кожата.

Доколку кожата на вашите раце е премногу сува, можеби и побрзо ќе се впие и во тој случај ова е вистинскиот производ за вас. Морам да напоменам дека има прекрасен мирис, нешто помеѓу, шеа путер, кокос и бадем. Нешто навистина слатко.

Кога сме веќе кај негата на рацете, не смееме да ги заборавиме и стапалата кои за греота некако секогаш ги забораваме. Можеби поради фактот што не се гледаат многу зимно време и секогаш се затворени во кондури. Меѓутоа, со оглед на тоа што се наближува потоплиот период не е на одмет да започнеме уште од сега со правилна нега на истите (иако тоа треба да се прави во текот на целата година).


Кремот за стапала ми се допадна многу повеќе од оној за нега на рацете, Немам видено ваков добар производ кој за недела дена може да ја омекне и најгрубата кожа на петиците. Има фантастично дејство и ефект врз кожата. Ајде да ја разгледаме декларацијата.

СОСТОЈКИ (INCI):AQUA, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT* HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL*, CETEARYL ALCOHOL, GLYCERYL STEARATE, COCO-CAPRYLATE/CAPRATE, GLYCERIN, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, XANTHAN GUM, COCOS NUCIFERA OIL*, GOSSYPIUM HERBACEUM EXTRACT*, CARICA PAPAYA FRUIT EXTRACT* CITRUS AURANTIUM AMARA FLOWER WATER*, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, CITRIC ACID, TOCOPHEROL, PARFUM. 
 (* = состојка од органско земјоделство)

Декларацијата (баем базата) е многу слична на онаа за нега на рацете со таа разлика што овде има масло од кокос. Значи густината и структурата е слична, меутоа за разлика од рацете стапалата и те како имаат потреба од помасен производ.  И токму затоа доколку кај рацете повеќе треба да мачкате, кај стапалата веднаш ќе се впие производот. Јас го нанесувам секоја вечер овој крем (и веднаш ставам чорапчиња за да се оддржува топлината) и навистина толку многу се навикнав што повторно ќе го земам.

И овој има преубав мирис на кокос на нешто слатко и примамливо за јадење (не го јадете ве молам, издржете :))). Структурата е оваа


Морам уште еднаш да напоменам дека кожата на петиците ќе ви биде мека како никогаш досега. Навистина премногу ми се допаѓа производов.

Двата производи може да ги најдете по цена од 335 мкд на штандот на Белина во трговскиот центар Сити Мол во Скопје и Палма Мол во Тетово, во новиот БиоШоп на Белина во Капиштец и секако онлајн на bellina.mk

Се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ви беше од корист. Ние се читаме наскоро со нови и интересни содржини.

Ве гушкам
Вики

Comments