Подгответе се за претстојниот топол период - Антицелулитна нега во 3 чекори


Здраво драги мои,

целулитот е дефинитивно најголемиот непријател на жената. Да не се лажеме, го имаме сите, кој помалку, кој повеќе, во зависност од начинот и стилот на живот. Поголемиот дел од нас(жените) обично месец дена пред одмор, кога бараме костим за капење не фаќа паника и во потрага сме по “волшебниот“ производ, метод, чај или што сѐ не, очекувајќи да направи целулитот да исчезне преку ноќ. На оваа проблематика потребно е да се “работи“ во текот на целата година и тоа на повеќе полиња, со цел да го дочекаме летото во топ форма и пред сѐ да бидеме здрави.


Најнапред, најважно е да сфатиме дека освен тоа што е неестетска појава, целулитот претставува вистинска патологија која укажува на проблем со микроциркулацијата на кожата и токму затоа неговата појава треба да се сфати многу сериозно. Започнува од хиподермисот, (последниот слој од кожата) кој се состои од колаген и масти, меѓутоа во зависност од фазата, видлив е на епидермисот (најгорниот слој на кожата)



Постојат три фази на целулит и тоа:



Неговата појава зависи од повеќе фактори, така да со цел истиот да се намали и да се превенира, потребно е да се делува на повеќе полиња (исхрана, спорт, козметички производи).

 1 ЧЕКОР - ПРАВИЛНА ИСХРАНА

Сѐ започнува од трпезата, па затоа од огромно значење е она што го конзумираме, во колкава количина и со колкав процент на сол. Токму затоа се препорачува умерена исхрана (од сѐ по малку) пред сѐ богата  со овошје и зеленчук, а сиромашна со сол. Кога станува збор за  исхраната мора да напоменам дека од огромна важност е и конзумирањето на најмалку литар ипол течности во текот на целиот ден.

2 ЧЕКОР - АНТИЦЕЛУЛИТНИ ТРЕТМАНИ

Антицелулитните третмани се навистина важни иако мора да напоменам дека сами по себе нема да направат чуда, доколку не се поддржани од исхраната и спортот. Како всушност делуваат антицелулитните третмани?



Во оваа статија би сакала да ви предложам три прекрасни производи кои имав можност да ги испробам и кои навистина многу ми се допаднаа. Може да одберете еден од нив или сите три. Доколку се користат трите заедно, се добива еден комплетен третман кој успешно може да ја ублажи оваа несакана појава. Станува збор за маслото со чајно дрво на Уртекрам, кремот со кафеин на Органик и антицелулитниот третман (маска) од Др. Конопка.



Антицелулитен балсам со кафеин на Органик

Би сакала да започнам со кремот на Органик со кафеин со оглед на тоа што премногу ми се допадна како производ. Просто го обожавам. Станува збор за еден вид на балсам со убава средно густа структура. 



Главна состојка во овој производ е кафеинот кој можам да кажам го прави поголемото дејство врз кожата, секако искомбиниран и со други состојки. Оваа состојка е од огромна важност кога станува збор за подобрување на аспектот на целулитот со оглед на тоа што ја подобрува микроциркулацијата и со самото тоа го помага исфрлувањето на вишокот на течности од организмот. Јас доста често го користам кафеинот (секако ја имам оваа состојка во чиста форма како прав) во правење не само на антицелулитни креми туку и на креми околу очи (особено доколку станува збор за подочници и подуеност).

Доколку се користи во чиста форма (прав) препорачаната доза е најмногу до 2%, над тоа може да има иритирачко дејство врз кожата. Кога ќе видите креми каде пишува 5%, 10% или 15% кафеин, знајте дека не е чиста форма туку станува збор за раствор од 1% или 2% и од тој раствор ставени се 10% или 15%. Сепак имајте на ум дека станува збор за една состојка која претставува стимуланс, така да постои ризик од несакани ефекти.



Од декларацијата може да кажам дека во овој производ кафеинот е присутен во околу 1%, не повеќе од тоа. Јас лично го користам 2%. Во оваа формула дејството на кафеинот е потпомогнат и од други состојки како екстракт од ѓумбир, екстракт од црвен чај и екстракт од готу кола кои помагаат во стимулација на микроциркулацијата и на тој начин го подобруваат исфрлувањето на вишокот на течности од организмот. Еве ја структурата на овој производ





Ајде да проговориме за ефектот. Со редовна употреба кожата станува помазна и покомпактна и во комбинација со физичка активност и здрава исхрана, се забележува видно намалување на целулитот (секако нема да направи да исчезне). Кожата делува поеластична и покомпактна. Со оглед на тоа што содржи кафеин, ви советувам да го користите наутро во комбинација со маслото кое ќе го претставам во продолжение на оваа статија кое се користи навечер. 

По нанесувањето на кожата, производот многу лесно се впива. Не веднаш секако, бидејќи целта на овие производи е и да се направи кратка масажа, меѓутоа доста брзо се впива и што е најважно не остава масна трага. По нанесувањето може слободно да се облечете.

Цената на овој производ е 1510 мкд. и истиот може да го најдете во Космо, на штандот на Белина во Сити Мол во Скопје и Палма Мол во Тетово, во новиот БиоШоп на Белина и онлајн на bellina.mk

Антицелулитно масло со чајно дрво на Уртекрам



Една од моите најомилени колекции за коса е токму онаа со зелен чај (против загадување), така да штом видов дека и маслово е дел од истата линија со зелен чај, не можев да одолеам и го земав на тестирање. Станува збор за еден производ кој дава сув ефект, нешто како oil non oil и многу лесно се впива. Она што најмнгогу ми се допаѓа е прекрасниот мирис. Ајде подобро да го разгледаме.



Базата на овој производ се четири масла: маслиново, бадемово, коко каприлат (многу лесно масло кое е производ од кокосовото масло) и масло од јојоба. Уште пред да го пробам гледајќи ја декларацијата со маслиново и бадемово на првите две позиции мислев дека станува збор за тешко масло кое ќе треба многу време да се масира пред истото да се впие во кожата. Меѓутоа комбинацијата со коко каприлатот и маслото од јојоба ја ублажуваат тежината на првите две масла и го прават самиот производ многу пријатен за употреба.



Во овој производ може да забележиме екстракт од чили пиперка која има антицелулитно дејство благодарение на способноста да ја стимулира микроциркулацијата на кожата, екстракт од зелен чај со прочистувачко дејство и екстракт од микроалги кој помага во исфрлувањето на вишокот на течности од организмот.

Еве ја структурата на ова масло



Безбојно е, лесно се впива и како што веќе напоменав има фантастичен мирис. За разлика од многу масла кои со право мирисаат на антицелулитни масла, ова мириса на нешто преубаво, верувајте ми самиот мирис ќе ве освои. Ова масло е идеално како за домашна употреба, така и доколку правите антицелулитни масажи. Мислам дека ефектот е зголемен доколку истово се користи во комбинација со кремот со кафеин. Како што веќе напоменав кремот наутро, а маслото навечер е идеална комбинација за успешно намалување на целулитот и подобрување на структурата на кожата.







Маслото може да го купите по цена од 700 мкд. и истото може да го најдете во продавниците на Космо, на штандот на Белина во Сити Мол во Скопје и Палма Мол во Тетово, во новиот БиоШоп на Белина и онлајн на bellina.mk

Би сакала да ви дадам една убава вест. Белина направи специјален попуст за сите читатели на мојот блог. Имено, доколку се одлучите да ги купите овие два производи во Биошопот на Белина или преку онлајн нарачка на нивните профили (фејсбук и инстаграм) истите ќе ги добиете со специјален попуст од 20%. Сѐ што треба да направите е да се повикате на оваа статија при вашите нарачки (покажете ја преку вашиот мобилен доколку купувате во БиоШопот или пак пишете дека сте ја прочитале статијата при вашите нарачки преку фејсбук или инстаграм). Промоцијата трае недела дена, од денес до 18 март.

Антицелулитен третман на база на каолин



Кога станува збор за целулитот, знаеме дека една од најупотребуваните состојки е токму глината. Обично се користи зелена глина (со оглед на тоа што има поголемо апсорбирачко дејство), меѓутоа и белата глина (каолинот) е одлична за оваа намена. Глината нанесена директно на телото (или како состојка во козметички производ) има способност да ги влече кон себе сите токсини од кожата, го ослободува вишокот на течности кои се задржале во самиот организам, ја прочистува кожата и ја прави поубава, поеластична и позатегната.

Овој производ иако навидум црн, содржи токму каолин или бела глина како главна состојка. Претставува еден вид на третман кој се нанесува на кожата со кружни движења и се остава да делува неколку минути. Каолинот во производов е искомбиниран со екстракт од алга и специјален мис на екстракти и масла патентиран како бр. 54. Овој микс меѓу другото содржи хидролат од нане, ангелика и камилица и етерични масла од лаванда, нане, цимет и цитрусни масла.



Пожелно е да се користи еднаш неделно или еднаш во две недели (секако не претставува производ кој е наменет за секојдневна употреба) така да доста долго ќе ви трае со оглед на тоа што доаѓа во пакување од 500 гр. Како што веќе напоменав се нанесува со кружни движења и се остава да делува неколку минути. Потоа темелно се плакне.

Цената на овој производ е 980 мкд и истиот може да го најдете во продавниците на Космо, на штандот на Белина во трговскиот центар Сити Мол во Скопје и Палма Мол во Тетово, во новиот БиоШоп на Белина и онлајн на bellina.mk


3 ЧЕКОР - ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Секако третманите сами по себе нема да направат чуда доколку не се помогнати од умерена физичка активност. Може да одберете она што вам ви се допаѓа и редовно да го практикувате. Мој совет ви е да не одбирате многу тешки спортови доколку не сте спортски тип или пак сте на почеток. Доволно е да започнете со пешачење (3о мин. дневно), па постепено да зголемувате или преминете на нешто друго, како на пример возење на точак (од дома до работа). Доколку нагло започнете со нешто за кое не сте во можност да го оддржите до крај, брзо ќе се откажете, а тоа секако не ни е целта. 

Комбинацијата на сите овие работи кои ги набројав ќе ви донесе големи резултати, а со самото тоа и поголем ентузијазам и желба да продолжите на овој начин. Вие секако изберете го она кое ви одговара и за кое имате време. Со константност и трпение од ден на ден ќе гледате како вашата кожа станува се поубава, поеластична и поцврста.

Јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ви беше од корист. Ние се читаме наскоро со нови и интересни содржини.
Ве гушкам
Вики

Comments