Подгответе ја кожата за претстојниот пролетен период- Предлог производи за хидратација


Здраво драги мои,

во претходната статија пишував за важноста на правилната хидратација на кожата, со цел истата да може да ја извршува природната физиолошка функција. Во оваа статија би сакала да се надоврзам на ова со тоа што ќе ви предложам неколку прекрасни производи за хидратација на разни типови на кожа.

Како што веќе напоменав сите видови на кожа имаат потреба од правилна хидратација. Без разлика на тоа дали станува збор за нормална, сува, возрасна, комбинирана или масна кожа правилната хидратација е од огромна важност. Тоа најнапред зависи од исхраната и внесувањето на многу течности (вода) во организот, меѓутоа и од правилните производи за нега на кожата. Ајде да ги разгледаме сите типови на кожа посебно и да видиме кои производи се одлични за оваа намена.


1. Возрасна кожа

Дехидратацијата на возрасната кожа е предизвикана од процесот на стареење (природен процес кој за жал не може да го спречиме) и најчесто е карактеризирана со изразени бори на лицето и кожа која затега. Во овој случај е од огромна важност да се користат производи кои освен хидратација на кожата ќе и дадат и хранлив ефект (креми и серуми кои во својот состав содржат поголем процент на масла секако одлично искомбинирани со високо хидратантни состојки како на пример хијалуронска киселина или состојки како на пример глицеринот кој има способност да кон себе привлекува вода), како и состојки со анти ејџ ефект кој дополнително ќе ги помогнат претходните два ефекти.

Би сакала да ви предложам два вида на производи за овој тип на кожа, односно тоникот за лице Age Defining Dr. Konopka's е серумот за хидратација и анти ејџ ефект Anti Gravity на Natura Siberica. Ајде најнапред да ги разгледаме декларациите и да проговориме зошто се толку добри за кожата.

Тоник за лице Age Defining Dr. Konopka's



Дефинитивно еден од најдобрите тоници кои сум ги пробала досега. Го користам наизменично со оној за хидратација од истава марка уште од летоска и можам да кажам дека одлично ја хидрираат кожата и во потопло и во поладно време (започнав да ги користам во август месец). Станува збор за еден производ со многукратно дејство врз кожата:

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, SECALE CEREALE SEED EXTRACT*, AMARANTHUS SPINOSUS SEED OIL*, CEDRUS ATLANTICA WOOD OIL*, LINUM USITATISSIMUM SEED OIL*, RIBES NIGRUM LEAF WATER*, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER WATER*, ANTHEMIS NOBILIS FLOWER EXTRACT*, RUBUS IDAEUS FRUIT EXTRACT*, RUBUS IDAEUS SEED OIL*, CAMELLIA OLEIFERA SEED OIL*, ROSA CANINA FRUIT OIL*, ROSA CANINA FRUIT EXTRACT*, CAPRYLYL/CAPRYL WHEAT BRAN/STRAW GLYCOSIDES, FUSEL WHEAT BRAN/STRAW GLYCOSIDES, POLYGLYCERYL-5 OLEATE, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, GLYCERYL CAPRYLATE, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, CITRIC ACID.
(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

Од самата декларација може да забележиме дека овој производ содржи билни екстракти и масла во комбинација со комплекс на антиоксиданси, витамини и минерали кои се од основно значење за задржување на младешка, хидрирана и убава кожа. Во составот може да се забележи:
- хидролат од камилица кое има смирувачко дејство врз кожата,
- масло од амарант кој има  регенеративно дејство врз кожата,
- масло од рибизла, малина и шипка кои се богати со вит. Ц,
- екстракти од шипка и рибизла кои имаат анти ејџ ефект и го подобруваат целокупниот изглед на кожата.

Овој производ исто така содржи пшенични протеини кои ја омекнуваат кожата, шеќери кои помагаат во задржување на правилната хидратација на кожата. Целиот овој комплекс на состојки е патентиран како комплекс бр. 49 на Др. Конопка. Претставува идеална комбинација од сѐ она од кое има потреба една повозрасна кожа со цел да ја поврати еластичноста и убавиот изглед.

Се нанесува на чиста кожа наутро и навечер пред употреба на серумот. Исто така може слободно да го испраскате врз кожата секогаш кога ќе почувствувате потреба за тоа. Со надоаѓањето на потоплата сезона, овој производ според мене е неизбежен дел од нашата бјути рутина.

 Серум Anti Gravity на Natura Siberica.



СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, GLYCERIN, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL*, SUCROSE POLYSTEARATE, CETYL PALMITATE, SACCHARIDE ISOMERATE, GLYCERYL STEARATE, SODIUM STEAROYL LACTYLATE, TOCOPHEROL, FLAVOCETRARIA NIVALIS WATERʷʰʰ *, ROSA CANINA FRUIT OIL*, TRITICUM VULGARE GERM OIL*, OENOTHERA BIENNIS OIL*, PINUS SIBIRICA SEED OILʷʰ*, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER EXTRACT*, CALENDULA O­FFICINALIS FLOWER EXTRACT*, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACT*, ELEUTHEROCOCCUS SENTICOSUS ROOT EXTRACTʷʰ*, SCHIZANDRA CHINENSIS EXTRACTʷʰ*, SORBUS AUCUPARIA FRUIT EXTRACTʷʰ*,SODIUM HYALURONATE, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, XANTHAN GUM, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, SODIUM CITRATE, CITRIC ACID, PARFUM, LIMONENE, CITRAL, CITRONELLOL, LINALOOL.

Од декларацијата може да видиме дека станува збор за еден високо хидратантен производ кој е од одлична помош за кожата, односно помага да истата успее да задржи вода и да ја поддржи правилната размена на вода со надворешните услови. Во својот состав содржи високо хидратантни состојки како на пример SACCHARIDE ISOMERATE состојка која потекнува од шеќерот која има способност да се врзе за аминокиселините на нашата кожа и со самото тоа да помогне во правилното задржување на водата во кожата. Потоа може да забележиме и SODIUM HYALURONATE или хијалуронска киселина, која како што знаеме е од огромна важност за правилната хидратацја на кожата и ја подобрува еластичноста и квалитетот на кожата.


Овој производ понатаму содржи и состојки кои имаат анти ејџ влијание и се од огромна важност за задржување на еластичноста и убавината на возрасната кожа како хидролат од снежна кладонија, масло од сибирски бор, масло од шипка. Еве ја структурата на овој производ


Се нанесува на чиста кожа наутро и навечер со кружни нежни движења сѐ до комплетно впивање на производот.

2. Сува кожа

Сувата кожа прва појавува знаци на предвремени брчки и чувство на кожа која затега. Кај овој тип на кожа се забележува недостиг на еластичност пропратена со чувство на непријатност. Мој предлог за овој тип на кожа е тоникот за длабока худратација Deep Hydrating Dr. Konopka's


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, SACCHARIDE ISOMERATE, SORBUS SIBIRICA EXTRACT*, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA OIL*, MENTHA PIPERITA LEAF WATER*, MENTHA PIPERITA OIL*, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER WATER*, ANTHEMIS NOBILIS FLOWER EXTRACT*, NUPHAR LUTEUM ROOT EXTRACT*, ANGELICA ARCHANGELICA ROOT WATER*, ALTHAEA OFFICINALIS ROOT EXTRACT*, HAMAMELIS VIRGINIANA WATER*, ROSA CANINA FRUIT EXTRACT*, SODIUM CITRATE, CAPRYLYL/CAPRYL WHEAT BRAN/STRAW GLYCOSIDES, FUSEL WHEAT BRAN/STRAW GLYCOSIDES, POLYGLYCERYL-5 OLEATE, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, GLYCERYL CAPRYLATE, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, CITRIC ACID.
(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)


Овој тоник е за нијанса похидратантен од претходниот со оглед на тоа уште на почетокот содржи SACCHARIDE ISOMERATE кој како што веќе напоменав има способност да се врзе за аминокиселините на нашата кожа и со самото тоа да помогне во правилното задржување на водата во кожата. Содржи понатаму масло од лаванда, хидролат од нане и хамамелис, екстракт од ангелика и шипка и пшенични протеини.

Дава преубаво чувтсво врз кожата и може слободно да го нанесете секогаш кога ќе почувствувате потреба за тоа. Со оглед на тоа што нормалната кожа има потреба и од поголема количина на масти, моја препорака е да одберете некој убав крем за нега на кожата како на пример овој на Др. Конопка.


3. Комбинирана и масна кожа


Комбинираната кожа, како што веќе напоменав, е најкомплицирана за нега. Се карактеризира со масна Т зона и посуви делови. Производите за нега на овој тип на кожа потребно е да се одлично избалансирани како од аспект на хидратација, така и од аспект на хранливост, и верувајте ми најтешко е да се направи еден ваков крем за лице.

Масната кожа исто како и претходните типови на кожа има потреба од правилна хидратација. Не значи доколку една кожа е масна дека не треба да ја хидрираме. Токму тука може најчесто да паднеме во замка со оглед на тоа што сите мислат дека доколку кожата “ја обезмастиме“ таа конечно ќе престане да лачи вишок на себум (масти) и ќе бидеме многу среќни. Епа драги мои, не функционира баш така. Со користењето на агресивни средства за миење не само што ја сушиме нашата кожа, туку правиме да кутрата лачи уште повеќе масти со цел да се “одбрани“ од нашата агресија. На тој начин резултатот е дехидрирана и уште помасна кожа. Со правилната нега со производи кои најнапред имаат голема хидратантна моќ и одереден процент на масти (кои служат за нормализација на веќе постоечките масти во самата кожа) се добива ефект на кожа која е добро хидрирана и секако не свети.

Следниов производ според мене може да ги задоволи потребите на двата типови на коќа. Станува збор за серумот Pore Minimizing на Natura Siberica. Она што ми се допаѓа кај овој серум е фактот што воопшто не ја суши кожата (во смисла не ја обезмастува), туку на природен начин го нормализира прекумерното лачење на себум онаму каде е потребно и прави да се намали видливоста на проширените пори на лицето. Со оглед на тоа што е доста хидратантен, одговара и за комбинирана кожа. Еве ја декларацијата.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ*, GLYCERIN, XANTHAN GUM, SOPHORA FLAVESCENS WATERʷʰ ʰ*, SALVIA OFFICINALIS LEAF EXTRACTʷʰ*, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER EXTRACT*, DASIPHORA FRUTICOSA EXTRACTʷʰ*, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACТʷʰ*, ANGELICA ARCHANGELICA ROOT EXTRACTʷʰ*, AQUILEGIA SIBIRICA FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ*, SCHIZANDRA CHINENSIS EXTRACTʷʰ*, PINUS SIBIRICA SEED OILʷʰ*, SODIUM HYALURONATE, ZINC PCA, CAPRYLYL/CAPRYL GLUCOSIDES, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, GLYCERYL CAPRYLATE, POLYGLYCERYL-6 OLEATE, SODIUM SURFACTIN, CARRAGEENAN, CELLULOSE GUM, TOCOPHEROL, BENZYL ALCOHOL, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, DEHYDROACETIC ACID, POTASSIUM HYDROXIDE, CITRIC ACID, PARFUM, LINALOOL, LIMONENE, CITRONELLOL.

 (* = состојка од органско земјоделство,** = составено од органски состојки, ʷʰ = рачно набрани органски екстракти од Сибир, ᵖˢ = дериват од масло од сибирски бор, ʰ = хидролат од органско сибирско растение.)

Ако ги споредиме овој серум со оној претходниот ќе видиме дека хидратантната моќ е слична (базата на кремот е иста иако прилагодена за комбинирана до масна кожа). Она што е различно и многу важно е употребата на други екстракти и хидролати, во случајов наменети за комбинирана и масна кожа. Може да се забележат: екстракт од жалфија, хидролат од хакашка софора и други сибирски билки кои се одлични за нормализирање на вишокот на себум (масти) во кожата.


Овој производ има гел структура која брзо се впива во кожата и не остава масна трага. Мора да напоменам дека не дава чувство на непријатно затегање, туку кожата ја чувствувате хидрирана а сепак мат (со мат ефект кој го пречува прекумерното мастење на кожата онаму каде има лачење на вишок на масти). Ете токму ова ми се допаѓа кај овој производ.

4. Кожа со темни дамки или сива безживотна кожа



Последниот производ кој сакам да ви го претставам е за сите оние кои се жалат на темни дамки и секако на кожа без сјај. Морам да напоменам дека без разлика на фактот што надоаѓа топлиот период, овој серум може слободно да го користите, со оглед на тоа што нема киселини, туку избелувачкото дејство се должи на правилната комбинација на билни екстракти. Секако запомнете дека при изложување на сончевите зраци, обавезно е потребно да се нанесува крем со заштитен фактор.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ*, GLYCERIN, XANTHAN GUM, DASIPHORA FRUTICOSA WATERʷʰʰ*, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER EXTRACT*, CALENDULA OFFICINALIS FLOWER EXTRACTʷʰ*, SCUTELLARIA BAICALENSIS ROOT EXTRACTʷʰ*, ACHILLEA ASIATICA FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ*, AQUILEGIA SIBIRICA FLOWER/LEAF/STEM EXTRACTʷʰ*, ARALIA MANDSHURICA LEAF/STEM EXTRACTʷʰ*, PINUS SIBIRICA SEED OILʷʰ*, SODIUM HYALURONATE,CAPRYLYL/CAPRYL GLUCOSIDES, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, GLYCERYL CAPRYLATE, POLYGLYCERYL-6 OLEATE, SODIUM SURFACTIN, CELLULOSE GUM, CARRAGEENAN, TOCOPHEROL, BENZYL ALCOHOL, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, DEHYDROACETIC ACID, POTASSIUM HYDROXIDE, CITRIC ACID, PARFUM, LINALOOL, LIMONENE, CITRONELLOL.

 (* = состојка од органско земјоделство,** = составено од органски состојки, ʷʰ = рачно набрани органски екстракти од Сибир, ᵖˢ = дериват од масло од сибирски бор, ʰ = хидролат од органско сибирско растение.)


Има многу пријатна гел структура која кожата веднаш ја впива. Дава чувство на хидрирана и свиленкаста кожа. За резултатот за темните дамки сеуште е рано да говорам (почнав да го користам од неодамна), еве по месец дена ќе ви пишам за резултати. Меѓутоа можам да кажам дека има инстанто влија ние кај сивата безживотна кожа. Уште по втората употреба ја прави кожата посјајна, поубава, тенот е поизеначен и самата кожа е покомпактна. Како декларација и првично дејство врз кожата многу ми се допаѓа.


Јас најискрено правам комбинација од трите, затоа што не знам кој да го одберам и на некој начин сите три ми одговараат (имам комбинирана кожа, со по некоја малецка темна дамка, а имам и 41 година така да и анти ејџ ми е потребно). Навечер го ставам серумот анти ејџ, а наутро оној за комбинирана кожа. Понекогаш навечер го ставам и оној со избелувачко дејство во комбинација со крем со Ц витамин.

Сите овие производи може да ги најдете на штандот на Белина во трговските центри Сити Мол и Рамстор во Скопје, Палма Мол во Тетово, во новиот БиоШоп на Белина, во продавниците на Космо и секако онлајн на bellina.mk

Јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ви беше од корист. Што користите вие за подобра хидратација на кожата? Дали имате пробано некој од овие производи? Сите ваши коментари се добредојдени под самата статија.

До скоро читање
Вики



Comments

  1. Здраво Вики,
    Јас веќе некое време користам др. Хаушка производи, вклучувајќи ја и дневната крема со мелиса бидејќи имам комбинирана кожа. Но, ми се чини дека недоволно ми ги хидрира посувите делови на лицето. Ќе те замолам да ми препорачаш дневна крема (затоа што во овој пост забележав само препораки за серуми) , која, пак, ќе биде и соодветна за потоплите денови кои следуваат.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Драга ако не ти се брза во некоја од наредните статии ќе пишувам за кремите. Ако сакаш сега да купиш (ако ти е хитно) пиши ми приватна порака со податоци колку години имаш и до која цена може да ти препорачам. Поздрав.

      Delete
    2. Фала ти, Вики, ќе почекам. Фала за сѐ што споделуваш со нас :)

      Delete
  2. Здраво Биодевојка, многу информации имаше во овој пост па не сум сигурна дали добро разбрав. Мислам дека имам комбинирана, но претежно мрсна кожа и 32 години, видливи пори, немам којзнае какви брчки, но знаци на промена на кожата секако дека имам. Тоа значи дека соодветно би била комбинација на Pore Minimizing од Natura Siberica со некој од серумите на Dr. Konopka's или пак беше Natura Siberica Anti gravity серумот. Каква комбинација би ми препорачала? Ти благодарам, поздрав.

    ReplyDelete

Post a Comment