Митесери, акни, масна кожа, иритации, црвенила??? Кажете им збогум со тоникот за лице со хамамелис на Organique


Здраво драги мои,

многу сум возбудена што ќе имам можност да ви претставам еден навистина феноменален производ кој за првпат го гледам кај нас на пазарот, и е доста оригинален како производ со оглед на тоа што помага при повеќе проблематики кај кожата на лицето. Станува збор за тоникот за лице со екстракт од хамамелис на полската природна марка Organique.

Пред да ја разгледаме декларацијата и ефектите од овој тоник и на кои сѐ начини може да го користите, ајде најнапред да проговориме за хамемелисот и неговото дејство врз кожата.

Хамамелисот е многу интересна билка бидејќи истовремено има антиинфјаматорно (антивоспалително) и астингентно дејство врз кожата. Во козметички цели хамамелисот се користи првенствено кај комбинирана до масна кожа која честопати има проблем со акни и митесери, меѓутоа и кај чувствителна кожа која има проблем на пример со купероза. Затоа и напоменав дека е многу интересна билка.

Во својот состав билката хамемелис содржи:

- од 3до 10% танини од кои основен е хамамелитанинот;
- флавоноиди (керцентин, мирцентин, кемферол) ;
- терпени (сапонини) ;
- етерични масла. 


Благодарени на високиот процент на танини, хамамелисот има:

- астрингентно дејство: способност да ја прочистува масната кожа и е доста корисен во случак ја акни и митесери. Астрингентно всушност значи „стеснувачко“ односно способност да ги стеснува и измазнува порите кои се особено видливи кај комбинираната и масна кожа. Оваа билка го регулира вишокот на себум (масти) во кожата и ја спречува појавата на црнки;

- антивоспалителното дејство е многу корисно бидејќи честопати масната кожа со акни страда и од црвенила (самите акни се всушност воспаленија на кожата) така да хамамелисот истовремено прочистува и смирува што е од огромна важност бидејќи ако кожата е масна, не значи дека не е чуствителна и дека треба да се обезмасти. Ова дејство го прави хамамелисот погоден и за куперозната кожа, со оглед на тоа што ги смирува иритациите и црвенилата на самата кожа;

- циркулаторно дејство: ја подобрува микроциркулацијата.


Во козметиката хамемелисот може да се најде како: 

- хидролат кој е директно изваден од билката. Кога се прави етерично масло на пример по пат на водена дистилација, се употребуваат специјални машини каде од една страна се добива етеричното масло, а од друга страна излегува водичка. Ете токму таа водичка е хидролатот од самата билка кој може да се користи чист врз кожата или пак да се употреби при подготовка на тоници и креми за лице.

- екстракт кој се раствора во вода со цел да се направи тоник или се користи за правење на креми.

Откако разјаснивме што е хамамелисот и како делува, ајде конечно да ви го претставам овој тоник кој мене лично ме воодушеви, не само поради едноставната а ефикасна формула, туку и поради ефектот врз кожата и многуте начини на употреба за кои ќе говорам во текот на статијата.


INCI: AQUA, GLYCERIN, HAMAMELIS VIRGINIANA (WITCH HAZEL) LEAF EXTRACT, PANTHENOL, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, CITRIC ACID

Како што претходно напоменав декларацијата е многу едноставна а сепак многу корисна за кожата на лицето. На прва позиција има вода, после која е ставен глицерин кој на производот му дава омекнувачко дејство. На трета позиција е екстрактот од хамамелис. Многу ми се допаѓа фактот што овде е користен екстракт од хамамелис и сега ќе ви објаснам зошто. Јас чистите хидролати ги обожавам и честопати ги користам како такви на лицето, меѓутоа забележав дека секоја кожа различно реагира. Без разлика на тоа дали една билка има повеќе или помалку ленитивно и антивоспалителни дејство, чистиот хидролат во некои случаи може да предизвика алергиска реакција доколку кожата е премногу увствителна или алергична на некоја од компонентите во самиот хидролат. На пример хидролатот од лаванда кој го имам дома и премногу го користам кај мене се покажа одличен, додека кај другарка ми направи еден вид на алергиска реакција. Со екстрактот нема страв од вакво нешто со оглед на тоа што количината која се раствора е контролирана од оние кои го прават (во согласност со дејството и ефектот кој треба да се добие кај одреден производ), така да потенцијалните алергенски состојки се толку многу растворени што ризикот е минимален. По екстрактот во формулата е ставен пантенол (една форма на провитамин Б5) кој е одличен за кожата. Кога ќе се нанесе на кожата, пантенолот се трансформира во пантотеинска киселина која честопати се нарекува “витамин на убавината“  или “кралица на витамините за кожа“ со оглед на тоа што пенетрира во подлабоките слоеви на кожата и ја задржува водата. Токму затоа кожата останува убава и хидрирана и е од особена важност кај чувствителната кожа.


Како што може да забележите овој тоник првенствено е наменет за комбинирана до масна кожа поради прочистувачкото дејство, меѓутоа одличен е и во случај на нормална до сува кожа и кожа со купероза со оглед на тоа што има големо хидратантно дејство, навлажнува, смирува и омекнува.

Може да се користи на повеќе начини и тоа:

- тоник за лице: се нанесува на убаво исчистено лице (отстранета шминка и измиено лице) испрскувајќи го врз едно памукче или уште подобро врз самото лице. Јас обожавам да го испраскам директно врз лицето и да го апсорбирам тапкајќи го со прстите. На тој начин не трошите многу производ, а сѐ она што ќе го нанесете на лицето таму и ќе остане. Преубав е, ја омекнува, прочистува и хидрира кожата и што е најважно ја оддржува правилната пХ вредност на самата кожа. Слободно испрскајте го на целото лице, па и на пределот околу очите, бидејќи не само што има смирувачко дејство, туку и ја подобрува микроциркулацијата и е одличен во случај на темни кругови или подочници;

- освежувач на лице: секогаш кога кожата ја чувствувате малку затегната или посува, особено ако работите во многу климатизирани простории, патувате во авион или работите како струардеси, овој тоник инстантно ќе ја врати хидратацјата на кожата;

- фиксатор на шминка: доколку како финиш на вашата шминка користите пудра во прав, по нанесувањето на пудрата испрскајте малку од овој тоник (во растојание од 15 см) со цел да го избегнете оној видлив прашкаст ефект на самата пудра и на некој начин подобро да ја фиксирате.


Јас буквално се заљубив во овој производ, а се надевам дека и вам ќе ви се допадне. Овој тоник може да го најдете во маркетите на Космо или онлајн на bellina.mk по цена од 725 мкд за 125 мл. Доколку се одлучите да го пробате, слободно оставете ваш кометар под статијата и споделете ваше искуство.

Јас ве гушкам и се читаме во некоја наредна статија.
Вики

Tratto da https://www.my-personaltrainer.it/erboristeria/amamelide.html

Comments