Кажете и збогум на сувата кожа на лицето со новата линија со маслинка на Alverde



Здраво драги мои,

сувата кожа е нежна, тенка и чувствителна, дехидрирана, затега и склона е кон предвремено стареење. Голем е бројот на читателките кои секојдневно ме контактираат за совет или природен производ наменет за оваа проблематика. Токму затоа во оваа статија би сакала да ви предложам една прекрасна природна линија на германската марка Alverde.

Главна цел на производите наменети за нега на овој тип на кожа е да го зголемат процентот на вода и да ја оддржат што подолго правилната хидратација на кожата. Истовремено овие производи треба и да ја хранат кожата и да ја задржат што поеластична. Меѓутоа јас би рекла дека еден добар производ треба да направи повеќе од само да го зголеми на процентот на вода. Потребно да го подобри физиолошкиот процес на самата кожа со цел да таа самата биде во можност да го прави тоа.

Според мене, третманот за подобрување на состојбата на овој тип на кожа треба да се состои од неколку производи со различно дејство кои меѓусебно ќе се надополнуваат и заеднички секојдневно ќе ја подобруваат состојбата на сувата кожа. Токму затоа во оваа статија ќе ви предложам комплетна нега со три производи од оваа линија: серум, крем и пилинг маска, кои ја користат моќта на маслиновото масло и екстрактот од маслинка во комбинација со глицеринот, шеа путерот и комбинација на масла. Ајде да ги разгледаме сите три посебно и да кажеме зошто и како се кристат.


1. Серум за лице со маслинка

Серумот за лице претставува флуидна (потечна) емулзија и начесто доаѓа во пакување во шишенце со пумпица. Содржи добар процент на активни состојки специјално одбрани за одредена проблематика. Треба да се прави разлика помеѓу гел и серум: првиот е комплетно на водена база и не содржи маслени компоненти, додека серумот содржи и маслена фаза која се движи најмногу до 4%. Ајде да ја разгледаме декларацијата на овој серум и да проговориме зошто е толку убав како производ:


AQUA, OLEA EUROPAEA FRUIT OIL*, GLYCERIN, PENTYLENE GLYCO, GLYCINE SOJA OIL, C14-22 ALCOHOLS, OLEA EUROPAEA FRUIT EXTRACT*, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER, GLYCERYL UNDECYLENATE, MALTODEXTRIN, GLYCERYL OLIVATE OLEATE ESTOLIDES, PARFUM**, C12-20 ALKYL GLUCOSIDE, TETRADECANE***, OLEA EUROPAEA LEAF EXTRACT*, XANTHAN GUM, COCO-GLUCOSIDE, POTASSIUM CETYL PHOSPHATE, LIMONENE**, COCONUT ALCOHOL, LINALOOL**, GERANIOL**, CITRIC ACID, CITRAL**, CITRONELLOL**.
* Inhaltsstoffe aus kontrolliert biologischem Anbau
** aus natürlichen ätherischen Ölen
*** 100 % pflanzlicher Ursprung (BRASSICA CAMPESTRIS)

Како што може да забележите од декларацијата, ова мало темно шишенце ја остава кожата перфектно хидрирана и го подобрува тонусот на самата кожа. Козметичката формула е толку умешно направена и содржи сѐ она од кое сувата кожа има потреба.

По водата, главен акцент е даден на маслиновото масло кое е и заштитен знак на оваа линија. Богато е со несапунифицирани компоненти, односно оние кои во контакт со живата сода (при подготовката на домашни сапуни на пример) не се сапунифицираат. Овие се составени од 80% сквален (Squalene) и останатите 20% токоферол (витамин Е), стероли и каротеноиди. Скваленот е една од оние состојки која е најкомпатибилна со нашата кожа, односно со структурата на нашиот себум. Кожата веднаш ја препознава и како таква веднаш ја апсорбира. Оваа состојка е навистина доста скапа и ценета и се добива претежно од маслиновото масло.Ете зошто маслиновото масло е од пресудно значење, особено при негата на сувата кожа.


Глицеринот во оваа формула додатно ја омекнува кожата и заедно со глукозидите не само што дава свиленкаст ефект на кожата, туку оневозможува водата од самиот козметички производ веднаш да испари.

Серумот е оној вид на производ кој веднаш прави разлика кога за првпат ќе се нанесе врз кожата. Прв дава резултати во третманот на сувата кожа, со оглед на тоа што на некој начин претставува рудник на активни состојки. Мора да споменам дека овде има два типа на екстракт од маслинка: од плодот и од листот на маслинката. Екстрактите го потпомагаат хранливото дејство на маслиновото масло во формулата, имаат антиоксидантно дејство и го спречуваат штетното влијание на слободните радикали, меѓутоа и ја стимулираат работата на протеините во кожата наречени аквапорини кои се одговорни за правилната хидратација на кожата.

Структурата на овој серум е многу лесна, флуидна и пријатна.



2. Крем за лице со маслинка

За разлика од серумот, кремот за лице од оваа линија е многу погуст и помасен и има за цел да ја нахрани кожата и да ја подобри еластичноста на самата кожа.

AQUA, OLEA EUROPAEA FRUIT OIL*, GLYCINE SOJA OIL, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER, CETEARYL ALCOHOL, CETYL ALCOHOL, CETEARYL GLUCOSIDE, OLEA EUROPAEA FRUIT EXTRACT*, STEARYL ALCOHOL, MALTODEXTRIN, OLEA EUROPAEA LEAF EXTRACT*, GLYCERYL OLIVATE OLEATE ESTOLIDES, GLYCERYL UNDECYLENATE, TETRADECANE***, PARFUM**, GLYCERIN, POTASSIUM CETYL PHOSPHATE, XANTHAN GUM, LIMONENE**, VITIS VINIFERA LEAF EXTRACT, LINALOOL**, GERANIOL**, CITRAL**, CITRONELLOL**, CITRIC ACID
* Inhaltsstoffe aus kontrolliert biologischem Anbau
** aus natürlichen ätherischen Ölen
*** 100 % pflanzlicher Ursprung (BRASSICA CAMPESTRIS)


Состојките употребени во овој производ се слични на оние во серумот, меѓутоа секако се менува количината и соодносот во кој се употребени. Овде има додадено и елстракт од лист на црвено грозје кој има големо антиоксидантно дејство врз кожата и е одлично во случај на иритации. Многу често се користи и во производите наменети за кожа со купероза.


Овој крем како што веќе напоменав има преубава густа структура и кожата ја остава перфектно мека и свиленкаста. Се употребува по серумот двапати дневно наутро и навечер.



3. Пилинг маска за лице со маслинка

Ова е дефинитивно мојот најомилен производ од оваа колекција бидејќи има двојно дејство: се користи и како благ скраб и како маска за нега на сувата кожа на лицето Воопшто не е агресивен како производ и би рекла дека е повеќе гомаж отколку скраб судејќи според големината на честичките, составот и дејството врз кожата. Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата:


AQUA, OLEA EUROPAEA FRUIT OIL*, STEARYL ALCOHOL, GLYCERYL DIBEHENATE, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER, GLYCERYL STEARATE, GLYCERYL STEARATE SE, KAOLIN, THEOBROMA CACAO SEED BUTTER, GLYCINE SOJA OIL, OLEA EUROPAEA SEED POWDER, PRUNUS ARMENIACA SEED POWDER, GLYCERYL CAPRYLATE, OLEA EUROPAEA FRUIT EXTRACT*, GLYCERYL UNDECYLENATE, PARFUM**, MALTODEXTRIN, XANTHAN GUM, TETRADECANE***, GLYCERYL OLIVATE OLEATE ESTOLIDES, LIMONENE**, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, OLEA EUROPAEA LEAF EXTRACT*, TOCOPHEROL, LINALOOL**, GERANIOL**, CITRIC ACID, CITRAL**, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL. * Inhaltsstoffe aus kontrolliert biologischem Anbau ** aus natürlichen ätherischen Ölen *** 100 % pflanzlicher Ursprung (BRASSICA CAMPESTRIS)


Овој нежен гомаж има благо скраб дејство благодарение на правот од семки од маслинка во комбинација со семки од кајсија. Честичките се премногу ситни и пријатни и благо ги отстрануваат мртвите клетки од површинскиот дел на кожата. Богатата формула со маслиново масло, шеа путер, какао путер и масло од соја дава хранливо дејство на самиот производ. Во формулата е присутен и каолин односно бела глина која е одлична за секој тип на кожа па дури и сувата. Освен прочистувачкото дејство, каолинот има и омекнувачко дејство врз кожата.

Еве погледнете ја структурата на овој прекрасен производ.


Се користи на тој начин што се нанесува на лицето со благи кружни движења. Се остава да делува околу 10-на минути и се отстранува со млака вода и козметичко сунѓерче. Доколку имате нормална до комбинирана кожа, овој производ може да го користите само како скраб без да го оставате да делува како маска (на пример во мојот случај).

Кај сувата кожа редовната употреба на овој производ (еднаш неделно) ќе го подобри ефектот на серумот и кремот и секако видно ќе допринесе за мека, свиленкаста и убава кожа.

Сите три производи се достапни во маркетите на ДМ низ републикава.


Се надевам дека и оваа статија ви се допадна и дека доколку вашиот проблем е сувата кожа ќе им дадете шанса на овие три производи. Верувајте ми, кај многумина од вас ќе направат голема разлика во квалитетот и структурата на самата кожа.

Се читаме наскоро.
Поздрав
Вики

Comments