Скраб за тело со куркума и лимон


Здраво драги мои,

еве ме со еден навистина многу лесен рецепт за фантастичен скраб за тело со куркума и лимон кој се прави за 10 мин.

Куркумата не само што претставува одличен зачин кој е навистина здрав за нашиот организам, туку и состојка која е од особено позитивно дејство доколку се користи во козметички цели.
Има големо антиоксидантно, антисептичко и антивоспалително дејство и ја прави кожата посјајна и поубава. Според некои истражувања куркумата ја спречува дехидратацијата на кожата. Во комбинација со етеричното масло од лимон, крупна сол (или сол од Мртво Море) и шеќер, ќе добиете неверојатно прекрасен скраб за тело кој не само што ќе ги отстрани мртвите клетки од кожата, туку ќе ја направи неверојатно мека и сјајна.

За подготовката на овој скраб потребни се:


4 супени лажици крупна сол (или сол од Мртво Море)
4 супени лажици шеќер
1 до 2 кафени лажички куркума во прав
масло по ваш избор (јас користев сончогледово)
10 капки етерично масло од лимон

Најнапред во еден сад или пак во финалната тегла каде ќе го чувате овој скраб ставете ги солта, шеќерот и куркумата и убаво промешајте за сѐ да се спои и солта и шеќерот да се обојат во жолто. Потоа додадете го маслото (онолку колку е потребно за да се добие убава смеса и според ваша желба, односно дали го сакате помаслен или посув). накрај се додава етеричното масло од лимон и повторно сѐ убаво се меша.

Вашиот скраб е готов.


Се користи на навлажнета кожа по туширањето и се измива само со млака вода. Ви советувам да го користеите еднаш неделно (не почесто), затоа што според мене е доволно. Со редовна употреба вашата кожа ќе биде прекрасно мека и убава.

Се надевам дека овој лесен рецепт ви се допадна.
Дали вие дома правите сами скраб и кои состојки најќесто ги употребувате?

Поздрав
Вики

Comments