Масажа за подмладување на кожата и контуринг на лицето - Зоган Танака (Zogan /Tanaka Massage)


Здраво драги мои,

пред извесно време случајно дознав за еден вид на масажа на лицето која е одлична за повеќе состојби на лицето, а тоа е Зоган масажата чиј креатор e Tanaka Yukuko (морав да го напишам на латиница, да не згрешам во изговорот на името).

Зоган масажа буквално во превод значи “масажа за обликување на лицето“ која се состои од неколку движења (се работи на одредени зони од лицето) и е позната како “природна пластична хирургија“. Овој вид на масажа има голем број на бенефиции и тоа:

- ја намалува/спречува појавата на брчките на лицето;
- ја подобрува еластичноста на кожата;
- помага при проблем со подочници, (особено оние подуени);
- помага при проблем со подбрадок;
- има детоксификациско дејство врз кожата
- помага при проблам со проширени пори

Многу е важно овој вид на масажа да го практицирате внимателно, без многу притискање, за да не доведете до несакани последици врз кожата на лицето.

Ви оставам линк на youtube каде детално е објаснета техниката


Многу важно е пред да почнете со оваа масажа, да ги погледнете сите 4 видеа на Танака, каде ја објаснува техниката, објаснува за што сѐ е корисна масажата и на крај дава слики од ефектите кај моделот.



Би сакала само да ви дадам неколку корисни совети во врска со оваа масажа:

1. Најнапред убаво исчистете го лицето и извадете ја шминката;
2. Секогаш користете соодветен крем или масло за лице. Не ви препорачувам да ја правите на суво;
3. Внимавајте на силата и притисокот врз кожата. Не претерувајте, масажата треба да биде нежна и пријатна, без многу притискање и напор;

Мое лично искуство

Јас ја практикувам веќе скоро две недели скојдневно навечер, и може да кажам дека забележав подобрување во смисла на еластичноста на кожата и тенот. Кога ќе се разбудам наутро, самата кожа е поубава и изгледа поздраво.

Уште при првиот пат кога ја направив масажата почувствивав како циркулира кожата. Мене навистина ми годи, а потребни се само 5 мин. од вашето време.

Сеуште е рано да зборувам за ефектот врз брчките или контуринг на лицето (за тоа треба сигурно повеќе време), меѓутоа првичните резултати ми се допаѓаат.

Погледнете ги видеата, па доколку ве заинтересира, пробајте да ја направите.

Дали некоја од вас веќе знаела за оваа масажа или ја има пробано?

Поздрав
Вики



Comments