Месечев календар за убава и здрава коса за Февруари 2017




Здраво драги мои,

на ваше барање продолжуваме со серијата на статии кои ги објавувам на почетокот на секој месец и кои се однесуваат на убавината и здравјето на косата.
Месечината има големо влијание врз косата и следејќи ги месечевите промени може многу да ја подобрите структурата на косата.

Да не должиме многу, ќе започнам веднаш со деновите кои се најповолни за разни третмани за косата.

Најдобри денови за миење на косата се: 1, 2, 5, 6, 9, 10, 14, 15, 19, 20, 24, 25, 28


Сите оние кои редовно ја потстрижуваат косата, најдобри сезултати ќе видат доколку истото го направат во следниве денови: 9, 10, 11, 12, 13.

Избегнувајте да ја шишате косата во следниве денови: 16, 17, 18, 26, 27

Останатите денови се сметаат за неутрални.

Најдобри денови за фарбање или шатирање на косата коаде истата е поотпорна на овие хемиски третмани се: 3, 4, 5, 6.

Доколку ве интересира кои денови се најдобри за нега на кожата на лицето и телото, како и за депилација слободно пишете ми под самиот текст. Може да направиме уште една статија и за ова.

Поздрав и до следно читање.
Вики

Comments