Неодоливо свиленкаста кожа со кафе скработ CRUSH





Здраво драги мои,

на еден голем моден настан, запознав една прекрасна млада девојка, Стефанија Златку, која е креатор на кафе скработ за тело CRUSH, направен на природна база со внимателно избрани состојки. А знаете јас штом најдам некој убав природен производ веднаш го споделувам со сите вас, меѓу нас нема тајни нели :).

Доколку редовно ме читате знаете дека огромно задоволство ми е да помагам на млади луѓе кои со сопствен труд и идеи се пробиваат во светот на козметиката и се обидуваат да направат некој козметички производ кој е сосема природен и во склад со она што го работам, така да овој скраб ви го претставувам од срце, без никаква маркетиншка цел или пак соработка. Мене лично многу ми се допадна, а се надевам ќе ви се допадне и вам.

Честопати личните проблеми или убедувања не тераат кон експерименти, кои најчесто завршуваат со нов производ. Таков е случајот и со Стефи. Проблематичното лице ја натерало да експериментира со разни природни пилинзи, меѓу кои како најдобар се покажал оној од кафе.

Секој пат кога го правела ставала различни масла сѐ до оној момент кога почнала да истражува какви својства имаат маслата и за што се користитат, и сето тоа истражување и подлабоко навлегување во природните состојки довело до еден интересен сопствен производ, скработ од кафе.




Составот на овој скраб е следниов:

Coffea Robusta & Arabican Bean, Himalayan Salt (Sodium Chloride), Coconut Oil (Cocos Nucifera Oil), Sweet Almond Oil (Prunus Amygdalus Dulcis Oil), Jojoba Seed Oil (Simmondsia Cinensis), Olive Fruit Oil (Olea Europaea), Walnut Seed Oil (Juglans Regia), Grape Seed Oil (Vitis Vinifera), Vitamin E (Tocopheryl Acetate).


Како што може да забележите од деларацијата овој производ како база содржи кафе, хималајска сол, потоа масла како кокосово, бадемово, маслиново, јојоба, орев и семки од грозје и витамин Е.

Знаеме дека кафето е природен ексфолијант со оглед на тоа што мелените зрна ја стимулираат обновата на клетките. Ја подобрува циркулацијата, ја заштитува кожата од слободните радикали (а со тоа и предвременото стареење) и е многу корисно во третманите против целулит.


Ми се допаѓа комбинацијата на масла со оглед на тоа што е постигнат навистина убав баланс каде самите масла меѓусебно се надополнуваат во смисла на ефект и дејство.

Витаминот Е има големо антиоксидантно дејство и помага во спречување на штетното влијание на слободните радикали.

Хималајската сол e одлична состојка особено кога станува збор за скраб со оглед на тоа што има не само дезинфицирачко дејство врз кожата, туку истовремено има и смирувачко и анти ејџ влијание врз самата кожа.

Откако го разгкедавме составот, да преминеме на дејството.


Мене лично како производ ми се допадна и го употребив како пилинг за тело. Го нанесов откако ја измив кожата со гел за туширање, го оставив да делува околу 2-3 минути и потоа само го исплакнав со млака вода. Навистина кожата ја остава многу мека и мазна. Ќе ви се чини дека немате потреба да ставите крем, иако јас секогаш препорачувам да се користи крем или масло за кожа за задржување на еластичноста и убавината на кожата.

Структурата на овој скраб е гранулеста, а доминира мирисот на кафе.

Како и за сѐ во животот не претерувајте со ексфолијација на кожата, така да ви препорачувам овој скраб да го користите еднаш неделно што е сосем доволно.

Се надевам дека оваа рецензија ви се допадна а јас и посакувам на Стефи уште многу успешни природни производи. За сите подетални информации може да ја исконтактирате директно Стефанија на нејзината фејсбук страна crush.shoponline.

Поздрав и до следно читање
Вики

Comments

  1. Каде може да се купи овој пилинг?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга Нина, за сите детали околу купувањето и испораката исконтактирај ја директно Стефи на фејсбук страницата на CRUSH https://www.facebook.com/crush.shoponline/?fref=ts. Поздрав.

      Delete

Post a Comment