Вкусен домашен крем од фстаци


Здраво драги мои,

одамна не сме направиле некој вкусен рецепт заедно.

Токму затоа во оваа статија за вас имам еден навистина прекрасен предлог за вкусен домашен крем од фстаци, еден вид на на еурокрем само не од лешници туку од фстаци. Навистина е многу вкусен и одличен како за доручек така и за ужинка.

Во оваа моја статија јас малку го променив оригиналниот рецепт, меѓутоа ќе ви ги дадам двете варијанти па вие сами направете го она што ви се допаѓа.

Сѐ што ви е потребно за овој рецепт е:


- 100 гр лупени непечени фстаци;
- 100 гр. бело чоколадо;
- 120 гр, млеко;
- 50 гр. шеќер;
- 30 гр. путер

Мојата варијанта е во тоа што наместо путер користев какао путер, наместо бел шеќер користев кафен и наместо обчно млеко ставив млеко од соја.

Еве ја постапката:

најнапред излупете ги фстаците (треба да имате 100 гр, лупени фстаци, така да купете нешто повеќе фстаци во лушпа). Излупените фстаци потопете ги со многу врела вода и оставете околу 5 минути. На овој начин полесно ќе ја ивзадите кожичката од самиот фстак (онаа црвенкаста кожичка).

Ставете ги фстаците заедно со шеќерот во еден блендер и убаво блендирајте додека не се спојат. Откако ќе добиете густа смеса како крем додадете малку од млекото колку смесата да ја омекнете.


Остатокот од млекото ставете го во едно тенџере со белото чоколадо и путерот и на тивок оган мешајте додека да се стопат.


Откако сѐ ќе се стопи додадете ја и смесата од фстак и мешајте постојано околу 5 мин (не повеќе) или сѐ додека видите дека смесата добива убава кремаста структура.



Додека е врела префрлете ја веднаш во една чиста и стерилизираа тегличка и ете, вашиот домашен крем е готов.

Може да го мачкате на леб или бисквити, може да правите крем за торта или да го ставите во колачи.


Изборот е ваш.
Добар апетит
Вики

Comments