Evolve- линија за зголемена хидратација на кожата

 


Здраво драги мои,


хијалуронската киселина, претставува една од најинтересните и интригантните состојки во козметиката. Мислам дека кога се појави направи вистински бум во формулите на козметичките производи и особено е ценета поради дејството кое го има врз самата кожа.

Во модерно време хијалуронската киселина (со различна молекуларна тежина) се користи како во козметиката така и во пластичната хирургија. Меѓутоа со оглед на тоа што ние тука сме сите натурал ќе се задржиме на козметичката употреба.

Хијалуронската киселина е една од најфасцинантните молекули која може кон себе да “врзе“ многу вода. Претставува една од основните состојки во конективното ткиво на нашата кожа и ја помага цврстината, еластичноста и мекоста на самата кожа. За жал со текот на годините нејзиното присуство и ефект се намалува. Токму затоа во оваа статија би сакала да ви претставам една линија на база на хијалуронска киселина која ја рецензирам за првпат. Ја тестирав во изминатите три недели и навистина ми се допадна како формула и како ефект врз кожата. Станува збор за марката Evolve.


Најнапред да потсетиме дека во козметичките производи хијалуронската киселина може да се најде како hyaluronic acid или sodium hyaluronate, иако пожелно е да правиме разлика помеѓу овие два термина. Првото е хијалуронска киселина која е киселина и има и благо избелувачко дејство врз кожата со оглед на тоа што прави кисела реакција. Второто не е киселина туку нејзина сол (затоа и името содиум) која не предизвикува киселинска реакција, нема избелувачко дејство врз кожата, меѓутоа одлично ја хидрира самата кожа исто како и hyaluronic acid.

Во козметичките производи многу ретко се користи киселината како чиста (скоро и да ја нема) или доколку ја користеле, козметичките куќи мора претходно малку да ја неутрализираат во самата формула на производот за да ја доведат до повисока пх вредност. Доста е скапа како производ така да ретко ќе ја најдете во козметичките производи.

Хијалуронската сол (иако сите ја викаат хијалуронска киселина) е многу повеќе застапена во козметиката и постои со макро или микро димензии, односно висока и ниска молекуларна тежина. 

Она со висока молекуларна тежина во водените раствори дава убава густа гел структура и има неверојатно својство да ја задржува водата со што на кожата и дава одлична хидратација. Обично овој тип на хијалуронска киселина е најчесто употребуван во козметиката. Онаа со ниска молекуларна вредност е за нијанса помалку хидратантна, не дава густа структура и ја хидрира кожата од внатре.

Во оваа линија хијалуронската киселина е токму онаа со ниска молекуларна вредност која која пенетрира и одвнатре ја хидрира кожата и тоа станува збор за 200 мг. хијалуронска киелина. Ајде подобро да ги разгледаме производите, односно тоникот за лице и серумот на база на хијалуронска киселина.


1. Серум Hyaluronic 200 за хидратација на кожата


Многу се ретки производите кои одржат иклучиво хојалуронска киселина со ниска молекуларна вредност, со оглед на тоа што овој тип на киселина е многу поскап од оној со висока молекуларна вредност. Како што најнапред напоменав хијалуронската киселина со ниска молекуларна вредност има за нијанса помалку хидратантно дејство од оној со висока (или подобро кажано помалку видлив на прв поглед, во смисла потребно е побеќе време). Потребна е голема умешност од страна на производителот при комбинацијата на овој вид на киселина со останати состојки кои ќе го направат производот навистина многу хидратантен. Во случајов направена е одлична комбинација бидејќи производов дава навистина одличен ефект. 

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER), ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE*, ROSA DAMASCENA FLOWER WATER*, GLYCERIN**, PENTYLENE GLYCOL (FROM SUGAR CANE), SODIUM HYALURONATE, PUNICA GRANATUM (POMEGRANATE) FRUIT EXTRACT*, CELLULOSE GUM, ALGIN, PHYTIC ACID, CITRIC ACID.

*Состојки од органско земјоделство **Направени од органски состојки


Формулата на овој производ не е онаа класична само вода и хијалуронска киселина, туку како што може да забележите на почетокот по водата има сок од слое вреа кој има не само смирувачко дејство врз кожата, туку го потенцира и хидратантното дејство на хијалуронската киселина. Понатаму може да се забележи хидролат од роза и елстракт од калинка која има огромо антиоксидантно дејство, штити од штетното дејство на слободноте радикали. Вака искомбинираните состојки го прави самиот производ комплетен од аспект на хидратантно, меѓутоа и антиоксидантно дејство. Се нанесува двапати дневно наутро и навечер на убаво исчистено лице.

2. Тоник за лице Daily defence 


Овој тоник-спреј за лице е направен на база на пробиотици (од корен од цикорија) кои ја зајакнуваат и балансираат кожата. Ја подобрува правилната хидратација на кожата, доколку се користи со серумот кој претходно го рецензирав и со соодветен крем за лице. Екстрактот од бодликава крушка или мексички кактус има смирувачко дејство врз кожата, особено доколку станува збор за иритирана и оштетена кожа. Комбинцијата на хидролатот од роза и хидролатот од портокал даваат свежина на кожата и делуваат смирувачки врз самата кожа. 

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER), ROSA DAMASCENA FLOWER WATER*, CITRUS AURANTIUM AMARA FLOWER WATER*, PENTYLENE GLYCOL (FROM SUGAR CANE), INULIN, SODIUM HYALURONATE, OPUNTIA FICUS INDICA STEM EXTRACT*, GLYCERIN**, FRUCTOSE

Понатаму во формулата може да се забележи инулин кој го зголемува хидратантното дејство на производот и дава емолиентно или омекнувачко дејство врз кожата, како и фруктоза кој ја зголемува хидратација на комплетната формула. Важно е да се напомене дека сите овие состојки (хидролати, екстракти) се наоѓаат пред глицеринот, што значи дека се во висок процент и самиот производ е навистина многу квалитетен и корисен за кожата.

Се користи наутро и навечер на убаво ичистено лице. Сеиспрскува втз кожата и со помоп на рацете се тапка до комплетно впивање. По него се користи серумот со хијалуронска киселина на Evolve и некој убав крем со хидратантно дејство.


Овие два производи може да ги нарачате онлајн на  
https://www.bellina.mk или да ги купите во некој од нивните БиоШоп.

Ви благодарам за вниманието со кое ја прочитавте статијата, а ние се читаме наскоро со нови содржини.
Вики





Comments