Ампули Dhyvana - интензивен третман за здрава и убава кожа


Здраво драги мои,

ампулите претставуваат еден вид на додaтен интензивен третман на кожата идеален во периоди на промена на годишните времиња, при состојба на стрес (доколку преживуваме стресен период), во периоди кога нашата кожа е особено дехидрирана (на пример за време на летниот или зомскиот период) или пак во случај на недостаток на некој витамин. 

Овој вид на третман не претставува замена за кремот (кој секогаш треба да биде дел од нашата летна или зимска нега на кожата), туку на некој начин (доколку самите ампули се одлично формулирани) го потенцира и помага ефектот на кремот и токму затоа се користат пред самиот крем наутро и навечер (или онака како што е означено на опаковката на производот). Во днешнава статија ќе ги разгледаме ампулите на марката Dhyvana кои се сертифицирани органски, со одлично формулирани состојки. Во секое шишенце ампула се наоѓа еден супер концентриран микс на состојки специјално избран како помош при одредена проблематика на кожата. 

Urban Antiox- антиоксидантни ампули за лице

Голем е бројот на оние кои иако немаат сува кожа, по завршување на летниот период ја чувствуваат сопствената кожа благо дехидрирана или пак забележуваат дека самата кожа изгледа сиво и без сјај, како резултат на недостиг на некој витамин. Исто така, многупати имам напоменато колку е важно да за време на целиот летен период употреба на производи кои содржат антиоксидантни состојки како на пример вит. Ц или вит. Е. 

СОСТОЈКИ: OSMOTIC WATER (AQUA), PROPANEDIOL, GLYCERIN, SODIUM HYALURONATE, PICHIA FERMENT LYSATE FILTRATE, DRACAENA DRACO EXTRACT, CENTELLA ASIATICA EXTRACT*, BACOPA MONNIERI EXTRACT, LAPSANA COMMUNIS FLOWER EXTRACT, MORINGA OLEIFERA SEED EXTRACT, PHYTIC ACID, BENZYL ALCOHOL, POTASSIUM SORBATE, SODIUM BENZOATE.

*состојки од органско земјоделство

Како што може да забележите од декларацијата, овие ампули содржат хијалуронска киселина (која е одлична за хидратација на кожата), Сentella Asiatica (позната како ектракт од Готу кола) кој го помага синтетизирањето на кератин во кожата и ја подобрува и оддржува правилната микроциркулација и екстракт од змаева крв кој има одлично антиоксидантно и регенеративно дејтво врз кожата. Комбинацијата на сите овие прекрасни состојки прави да овие ампули, како производ, најнапред прават заштита на бариерата на чувствителната кожа, а потоа и ја подобруваат хидратацијата на истата, и што е најважно ја подобруваат микроциркулацијата на самата кожакако 

Во декларацијата понатаму, може да се забележи и екстракт од моринга (наречена уште “волшебно дрво“), која е богата со Ц витамин и има огромно антиоксидантно дејство врз кожата. Бидете сигурни дека со вака формулирани екстракти, масла и останати состојки, го добивате најдоброто антиоксидантно дејство за вашата кожа во текот на целиот летен период. 

Иако на самата опаковка пишува дека како интензивен третман се користи една ампула на едно нанесување, јас сепак сметам дека е премногу, бидејќи премногу производ на лицето дава леплив ефект. Според мене најдобро е доколку една ампула ја користите двапати дневно (наутро и навечер). Ампулата се крши со помош на пластичниот дел во самата опаковка и се нанесува на убаво измиена кожа наутро и навечер. 

Pure Canabis Ампули со смирувачки ефект врз кожата

СОСТОЈКИ: OSMOTIC WATER (AQUA), PROPANEDIOL, GLYCERIN, SODIUM HYALURONATE, KIGELIA AFRICANA FRUIT EXTRACT, LYCIUM BARBARUM FRUIT EXTRACT*, ZIZYPHUS JUJUBA SEED EXTRACT, CENTELLA ASIATICA EXTRACT*, PICHIA FERMENT LYSATE FILTRATE, PHYTOECDYSTEROIDS, PHYTIC ACID, BENZYL ALCOHOL, POTASSIUM SORBATE, SODIUM BENZOATE.

*состојки од органско земјоделство

Ова се дефинитивно моите омилени ампули и од срце ги препорачувам на сите оние кои имаат многу чувствителна и сува кожа, или пак проблем со дерматитис или егзема. 

Одлично ја смируваат кожата благодарение на внимателно одбраните состојки како екстрактите од канабис и камилица, потоа хидратантно дејство благодарение на хијалуронската киселина.

Во продолжение ќе може да погледенете едно видео во кое ви препорачувам комплетен третман за овој тип на проблематика. 

Овие два прекрасни производи за интензивен третман на кожата може да ги најдете онлајн на https://www.bellina.mk или да ги купите во некој од нивните БиоШоп по цена од 830 мкд. Како што веќе напоменав една ампула може да се подели наутро и навечер, така да ќе имате 7 дневен интензивен третман двапати дневно.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Дајте им шанса на овие прекрасни производи и верувајте ми ќе бидете навистина задоволни. 

Вики

Comments