Мед и тиква за балансирање на мастите и намалување на видливоста на порите

 


Здраво драги мои,

кој друг ден би бил поиделен за рецензија на оваа колекција ако не денот на Halloween. Мрсната кожа претставува ноќна мора на многумина од вас, и со оглед на тоа што постојано добивам барања за рецензија на производи од овој тип, секогаш и сум во потрага на истите.Оваа колекција на Organic Shop ми се виде навистина многу интересна не само поради состојките, туку и поради ефектот врз кожата. Во денешнва статија ќе ви ги претставам кремот со мат ефект и прочистувачката маска за  мрсна кожа.

1. Крем со мат ефект за нега и хидратација на мрсната кожа

Еден од производите кој никогаш не смее да недостасува во една рутина за мрсна кожа е токму кремот кој има за задача најнапред да ја хидрира кожата (и мрсната кожа им потреба од хидратација), да ја зштитува, и секако да го регулира вишокот на масти на најприроден начин. Овој крем е токму таков со оглед на тоа што два еден мат ефект на кожата, меѓутоа не по цена на правилната хидртација.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, OCTYLDODECANOL, CETEARYL ALCOHOL, GLYCERIN, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, DICAPRYLYL ETHER, DISTARCH PHOSPHATE, GLYCERYL STEARATE, CETEARYL GLUCOSIDE, MEL*, CUCURBITA PEPO SEED OIL*, SODIUM HYALURONATE, XANTHAN GUM, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, TOCOPHEROL, CITRIC ACID, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, PARFUM, LIMONENE. 

Во составот на овој крем може да се забележи одлична комбинација на масла со различна густина и ефект. Октидодеканолот на втора позиција е еден вид на емолиентна состојка (омекнувачка состојка) која се употребува во производи наменети за мрсна кожа со оглед на тоа што ја олеснува мслената фраза и го дава оној безмастен односно мат ефект врз кожата, потенциран и од емулгаторот (во случјов цетеарил глукозид). 

Екстрактот од мед во комбинација со глицеринот го зголемуваат хидратантното дејство на овој производ, а маслото од тиква ја заштитува и храни кожата.

Како ефект овој крем е навистина многу лесен и иделен за сите оние кои имаат мрсна кожа. Не би го препорачала за комбинирана или нормална кожа, брем не во зимскиот период, во летниот период може. Кога ќе се нанесе на кожата дава мат ефект, меѓутоа не ја суши кожата и не прави истата да затега.

Убавото нешто е тоа што е идеален како за преку ден така и за навечер, така да овој производ може да се корсти како комплетна нега за утринска и вечерна рутина. Цената на овој производ е 370 мкд. и истиот може да го нарачате онлајн на https://www.bellina.mk или во некој од нивните БиоШоп.

2. Прочистувачка и балансирачка маска за кожа

Оваа маска е идеална за сите оние кои бараат производ кој ја балансира кожата, меѓутоа истовремено ја хидрира и намалува видливоста на порите на лицето. Многумина од вас секогаш ме контактираат за препорака на еден ваков производ, па токму затоа доколку вашиот проблем се видливи пори и кожа која свети, продолжете да ја читате оваа статија.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, GLYCERIN, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, KAOLIN, CETEARYL ALCOHOL, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER, GLYCERYL STEARATE, DISTARCH PHOSPHATE, STEARIC ACID, PALMITIC ACID, MEL*, CUCURBITA PEPO SEED OIL*, SALICYLIC ACID, XANTHAN GUM, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, TOCOPHEROL, SODIUM HYDROXIDE, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, PARFUM, LIMONENE, LINALOOL.

Прочистувачкото дејтво на оваа маска доаѓа од присуството на каолин (бела глина) која е многу нежна за кожата. Во комбинација со маслата како кприлик каприк, маслото од тиква и путерите како шеа путер, дава производ кој освен тоа што регулира и ја балансира кожта истовремено ја храни. Глицеринот и екстрактот од мед, додатно ја потенцираат хидратантната моќ на истиот. Производот понатаму е збогатен со вит. Е.

Оваа маска може да ја нанесете двапати неделно на убаво исчистено лице (во случај на мрсна кожа на целото лице) избегнувајќи ја зоната околу очите. Уште по првите неколку нанесување ќе забележите како вашата кожа е помазна, поубава и видливоста на порите намалена. Сетете се дека за убава и здрав кож од огромна важнот е и правилната детерзиј на кожата, па токму затоа зборавете ги двојните и тројните детерзии и секако агресивни производи и пилинзи.

Овој производ може да го купите по цена од 260 мкд. онлајн на сајтот на https://www.bellina.mk  или пак во некој од нивните БиоШоп.

Драги мои, за нешто повеќе од 500 мкд. добивате еден прекрасен третман за мрсна кожа кој навиистина функционира и дава резултати. 

Поздрав и до следно читање

Вики


Comments