Нега на кожата на телото по завршувањето на летото

 


Здраво драги мои,

разгледувајќи ги досега објавените статии сфатив дека поголем дел од фокусот го имам посветено на нега на кожата на лицето, запоставувајќи ја на некој начин онаа на телото, која исто така има потреба од правилна нега со одлично избрани производи.

Во текот на целиот летен периoд под дејство на солената морска вода или пак базенската вода богата со хлор, ветерот, солта и сончевите зраци, нашата кожа има тенденција да стане посува и дехидрирана, и ја губи еластичноста и тонусот. Ова особено се забележува по завршувањето на летниот период кога одеднаш се наоѓаме со сува кожа на телото. Токму затоа, во оваа статија ќе ви препорачам три производи од линијата Биосолис наменети за нега на кожата, како во текот на летниот период, така и по завршувањето на истиот.

Не е тајна дека оваа марка е мојата омилена кога станува збор за производи за заштита од сонцето, најнапред поради одличната формула на истите (базирани исклучиво врз минерални или физички филтри), комбинацијата на состојки (сите производи освен тоа што заштитуваат, ја хидрираат кожата и воопшто не оставаат бела трага) и поради одличните цени доколку се земе предвид квалитетот на производите. Од производи за сончање имам пробано скоро сѐ и навистина сум презадоволна, меѓутоа досега ги немав пробано производите за нега на кожата по сончањето. Во последните две недели ги користам млекото за после сончање, маслото од монои и цвет од гарденија и средството за самопотемнување, и во продолжение ќе може да го прочитате моето мислење за истите.

1. Хидратантно млеко за нега на кожата по сончање

Станува збор за еден прекрасен хидратантен и доста хранлив производ за нега на кожата. Иако е неизбежен во текот на целиот летен период, одобено по изложувањето на сончевите зраци, сметам дека е уште покорисен по завршување на истиот, доколку вашата цел е да ја вратите убавината, еластичноста и тонусот на кожата. Овој производ има многу убава средно густа структура, веднаш се впива и не остава масно или траги вз облеката.

СОСТОЈКИ(INCI): ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE*, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER (SHEA BUTTER), ARGANIA SPINOSA KERNEL OIL*, PROPANEDIOL DICAPRYLATE , ARACHIDYL ALCOHOL , PROPANEDIOL, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL*, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL*, BEHENYL ALCOHOL, CALENDULA OFFICINALIS FLOWER EXTRACT*, BISABOLOL, DAUCUS CAROTA SATIVA (CARROT) ROOT EXTRACT*, TOCOPHEROL, BENZYL ALCOHOL, ARACHIDYL GLUCOSIDE, XANTHAN GUM, PARFUM, SODIUM HYDROXYDE, DEHYDROACETIC ACID, AQUA. * состојки од органско потекло

Од декларацијата може да се забележи дека во својот состав какао база содржи сок од алое вера (наместо вода која е присутна во многу други производи од овој вид). Алое вера сокот му дава одлично смирувачко дејство врз кожата, а истовремено и го зголемува хидратантното дејство на истиот. Понатаму, ова хидратантно дејство е потенцирано и од маслата и путерите присутни во самата формула како шеа путер, масло од арган, масло од бадем и сончогледово масло. Може да забележите колку квалитетни и скапи масла се употребени и тоа во висока количина во самиот производ. Од екстракти се употребени оние од морков и невен кои имаат смирувачко дејство врз кожата, во комбинација со бисаболол, состојка која лично ја обожавам, бидејќи има огромно регенеративно и смирувачко дејство врз самата кожа, особено доколку станува збор за многу сува и оштетена кожа. 

Ова млеко се користи на чиста и сува кожа на телото по капењето. Цената на производот е 795 мкд за 100 мл производ кое апсолутно вреди (сами се уверивте колку квалитетни состојки се употребени и како се умешно искомбинирани).

2. Масло за нега на кожата со монои

Маслото со монои е едно од моите омилени. Секојпат кога одев во Грција или Италија си купував едно шишенце од ова масло бидејќи го обожавам неговиот неодолив мирис. Базата е секогаш кокосово масло што го прави самот производ уште поубав (мое лично мислење). Ова масло го користам заедно со млекото пое претходно го рецензирав со цел да добијам уште похранлив производ, а и да направам самото млеко да мириса поубаво (како мојот омилен цвет). Со оглед на тоа што базата на ова масло е кокосово масло, во овој период е во цврста состојба, така да потребно е претходно да го загреете со цел да дојде во течна состојба и да го користите за масажа на телото или пак во комбинација со млекото за после сончање. Цената на овој производ е 725 мкд. за 100 мл. Ова масло може слободно да го корстите и за нега на косата како маслен третман или пак како средтсво за заштита на косата при фенирање. Ќе даде неверојатен мирис на косата кој трае. 

3. Млеко за самопотемнување за лице и тело

Доколку сакате летото шро повеќе да се забележува на вас (во смисла што подолго да го задржите потемнетиот тен) заборавете ги штетните солариуми и земете го ова преубаво хидратантно млеко за самопотемнување кое постепено ќе ве доведе до саканиот тен или пак ќе ви помогне да го задржите и во поладните месеци. 

СОСТОЈКИ(INCI): ALOE BARBADENSIS GEL*, DIHYDROXYACETONE, ERYTHRULOSE, PERSEA GRATISSIMA OIL*, PROPANEDIOL, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER, CETEARYL ALCOHOL & CETEARYL GLUCOSIDE, ARACHIDYL ALCOHOL & BEHENYL ALCOHOL & ARACHIDYL GLUCOSIDE, POLYGLYCERYL 2 DIISOSTEARATE, DAUCUS CAROTA SATIVA (CARROT) ROOT EXTRACT*/ HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL*, CERA ALBA, GLYCERYL UNDECYLENATE, ACACIA SENEGAL GUM & XANTHAN GUM, POTASSIUM SORBATE, SODIUM BENZOATE, PARFUM.  *состојки од органско потекло

Од декларацијата може да се забечежи дека и овој производ (слично на оној претходниот-млекото за после сончање) како база има алое вера гел наместо вода, со што се зголемува хидратантното дејство. Содржи понатаму масло од авокадо, шеа путер, екстракт од морков, сончогледово масло и восок кои ја зголемуваат хидратантната моќ на истото. 

Механизмот на средствата за самопотемнување е многу поразличен со оглед на тоа што воопшто не делувaат на меланинот, ниту пак на неговото производство во организмот. Потемнувањето на кожата „без сонце“ е возможно благодарение на состојката Dihydroxyacetone која реагира со протеините на површината на нашата кожа (се врзува со аминокиселините присутни во кератинот). Механизмот на оваа состојка е слична насостојката  Erythrulose, која претставува еден вид на шеќер, кој реагира со аминокиселини во кератинот. Оваа вторава е побавна како состојка меѓутоа многу похидратантна, со оглед на тоа што е од групата на шеќери, и кога се става во една козметичка формула дава поголема хидратантна моќ врз кожата. 

Во декларацијата погоре може да се забележи дека овој производ функционира на база на комбинација на двете состојки Dihydroxyacetone и Erythrulose што ни дава до знаење дека од аспект на самопотемнување на кожата формулата е комплетна и производот е истовремено хидратантен за кожата. Како што претходно напоменав самопотемнувањето е постепено и доколку го користите трипати неделно ќе имате прекрасен потемнет тен без сончевите зраци. 

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист, Сите овие прекрасни производи може да ги најдете онлајн на сајтот на https://www.bellina.mk. или да ги купите во некој од нивните БиоШоп.

Ние наскоро се чистаме со нови интересни содржини.

Ве гушкам

Вики

Comments