Шах мат на лош здив и чувствителни непца со производите за орална хигиена на Organic People

 


Здраво драги мои,


голем број од статиите кои досега ги објавив ги имам посветено на правилната нега на кожата, косата, лицето или телото или пак говорено за природната или органска козметика. Оваа статија ќе биде малку поинаква и ќе ја посветам на правилна нега на нашите заби кои се многу важни не само за убав изглед (ако сме убави а имаме лоши заби џабе ни е сѐ) туку и целокупата добросостојба. Статијава ја напишав заедно со Др. Мр. Ели Андонова Миланов, магистер по стоматолошки науки, која воедно е и моја сестра. Особено ќе се задржиме на проблемтиката чувствителни непца и генгивитис, и секако ќе ви предложам прекрасни природни производи за правилна орална хигиена која е основа на комплетно сѐ.

Сите заби се сместени во коската и се опколени со меко ткиво и гингива кои се составен дел од потпорниот апарат на забите. Иако се занемарува често, огромен проблем може да предизвикаат промените околу забите т.е дел од потпорниот апарат и непцето. Промената е видлива пред се визуелно и се нарекува гингивитис. Тоа е површинска инфекција на непцето (гингивата)  и скоро секогаш е асоцирана со лоша или незадоволителна орална хигиена. Промените може да варираат од блага промена во бојата и  формата на непцето па се до интензивно црвенило со спонтати крварења  кај потешки форми.
Во здрава уста, изгледот на гингивата  е со бледо розева боја, таа просторите помегу забите го исполнува во вид на мали триаголници и целосно има  изглед налик на кора од портокал. Но при воспалување на непцата, таа видливо се менува.
Промената се забелжува првично со промена на бојата. Воспаленото непце нема повеќе розева боја. Таа е интензивно зацрвенета, а понекогаш дури и модра. Друг знак е обликот на непцето помегу забите (интерденталната папила). Таа кај здрави непца е во вид на мали триаголниви кои при воспалението го менуваат својот облик и отекуваат. Имаат изглед на зрно од грозје, отечени, често пати болни на допир и крварат. При тоа видлива е промената во естетскиот изглед на пациентот. Трет знак кој ни укажува на воспаление на непцето (гингивитис) е крварењето на непцата. При било каква провокација со храна, четка, допир крварат многу лесно, а во потешки случаи и спонтано.
Друг фактор  кој ни укажува на гингивитис е миризбата од уста. И кај целосно средено забала ако месото(непцето) е воспалено миризбата на секретот кој се јавува при воспалението е јака и крајно непријатна. Особено интензивна наутро. Гингивитисот во основа е предизвикан од присуство на дентален плак. Налепи на забите кои лесно и едноставно се отстрануваат со четкање. Неговото појавување исто така може да е поврзано со присуство на лоши пломби ( несоодветни реставрации) или забен камен. Овие состојби го отежнуваат отстранувањето на забниот плак, а со тоа фаворизираат создавање воспаление на непцето (гингивитис).
Кога е во поблага форма лесно се отстранува со подобрување на оралната хигиена. Ако има дополнителни фактори: присуство на забен камен или лоша пломба, се отстрануваат  за да се подобри состојбата. Клучен фактор во третирање на оваа состојба е ефикасна домашна хигиена.

Токму затоа во оваа статија би сакала да ви ги препорачам пастите за заби и исплакнувачот на уста од органската марка Organic People.


Од оваа марка пробав две пасти: едната е за чувствителни непца кои лесно крварат, а другата е за побели заби и свеж здив. Започнувам со онаа која редовно ја користам за чувствителни непца, со оглед на тоа што јас самата страдам од оваа проблематика.

Навистина многу е тешко да се најде убава органска паста за заби која истовремено успешно ќе делува и на проблематиката чувствителни непца. Оваа паста е токму таква и верувајте ми откако ја користам гледам навистина голема разлика.

Содржи сок од алое вера кој заедно со екстрактот од цреша имаат смирувачко дејство врз непцата, потоа ксилитол кој помага во зајакнување на глеѓта на забите. Содржи ментол кој многу не се чувствува во финалниот производ, со оглед на тоа што има на некој начин слатко лут вкус. Ова го кажувам за сите оние кои не сакаат премногу јаки пасти за заби кои имаат вкус на ментол. Пастава понатаму содржи и мелен прав од бадем.

Јас се вљубив во оваа паста и откако ја пробав ја користам само неа (иако дома имам повеќе пасти за оваа проблематика). Оваа некако ми изгледа многу соодветна и после онаа на Уртекрам со чајно дрво ми стана омилена.


Ја користам во комбинација со исплакнувачот за уста кој е поразличен од сѐ она што сте пробале досега кај нас. За разлика од останатите исплакнувачи кои имат многу силен вкус на ментол и понекогаш чувствувате како ви гори устата, овој има вус мна кокос со блага нота на ментол. Навистина нешто феноменално. Најнапред ја чувствувате блажината на кокосот, а дури потоа благата нота на ментол. Кога најнапред ќе го пробате овој исплакнувач ќе ви се чини малку чудно како вкус во устата, меѓутоа верувајте ми, откако ќе се навикнете ќе ви стане омилен.
Доколку имате чувствителн непца како во мојот случај, ви препорачувам да го користите заедно со пастата која претходно ја рецензирав, со оглед на тоа што го подобрува дејството на истата врз непцата. Како база овој исплакнувач содржи сок од алое вера, масло од кокос, ментол и калциум.
Претставува еден вид на производ 3 во 1 кој го освежува здивот и ја намалува можноста за воспаление на непцата и истовремено ги заштитува.


Доколку вашата цел се поубави бели заби и прекрасна насмевка во тој случај ви ја препорачувам другата паста која содржи екстракт од круша и масло од грозје, кои во комбинација со алое вера сокот, ментолот, калциумот и силициум, ги оставаат забите бели и сјајни, а истовремено го освежуваат и здивот во устата.

Од оваа линија има вкупно 5 пасти, јас ги пробав само овие две меѓутоа на сајтот на www.bellina.mk може да најдете соодветна паста за заби за било која проблематика. Цената на овие пасти за заби е 300 мкд, а исплакнувачот за заби чини 375 мкд.

Драги мои, доколку сте љубители на природната орална хигиена, од срце ви препорачувам да ги пробате овие производи. Верувајте ми ќе бидете многу задоволни од ефектот и дејството на истите.

Вики

Comments