CityCC за прекрасен тен и заштитена кожа во градските средини


 Здраво драги мои,

поголемиот дел од девојките кои ми пишуваат ме прашуваат за препорака на тониран крем кој нема да ја отежне кожата како пудра, туку нежно ќе го изедначи тенот и ќе ја направи самата кожа поубава. Токму затоа специјално за сите вас, во оваа статија ќе ви го претставам тонираниот крем CityCC на органската марка Мадара. Овој крем не само што ќе ве остави без зборови од ефектот (тоа ќе може да го забележите и од краткото видео кое го подготвив), туку и ќе ви се допадне поради лесната кремаста структура и фактот што воопшто не се чувствува врз кожата. Згора на сѐ, овој крем нуди и природна заштита СПФ 15, комплетно базирана на физички филтри (нешто што е апсолутна реткост кај производите од овој вид). Ајде да го разгледаме заедно.

СОСТОЈКИ (INCI): ALOE BARBADENSIS (ALOE) LEAF JUICE, DICAPRYLYL CARBONATE, ISOAMYL LAURATE, ZINC OXIDE, GLYCERIN, SORBITAN OLIVATE, TITANIUM DIOXIDE (CI 77891), BEESWAX, LECITHIN, POLYGLYCERYL-2 DIPOLYHYDROXYSTEARATE, SILICA, AQUA, CELLULOSE, HIPPOPHAE RHAMNOIDES (SEA-BUCKTHORN) FRUIT EXTRACT, HYPERICUM PERFORATUM (ST. JOHN'S WORT) EXTRACT, CAMELLIA SINENSIS LEAF EXTRACT, QUERCUS ROBUR (OAK) BARK EXTRACT, VITIS VINIFERA (GRAPE) SEED EXTRACT, SODIUM CHLORIDE, SORBITAN CAPRYLATE, PALMITIC ACID, HYDROLYZED HYALURONIC ACID, SODIUM HYALURONATE, STEARIC ACID, PROPANEDIOL, CI 77491 (IRON OXIDE), CI 77492 (IRON OXIDE), CI 77499 (IRON OXIDE), BENZOIC ACID, ASCORBYL PALMITATE (VITAMIN C), SODIUM PHYTATE, TOCOPHEROL, VANILLIN, POTASSIUM HYDROXIDE.

Како база на овој крем може да забележиме сок од алое вера (наместо вода), потоа дикаприлил карбонат кое е могу лесно масло и одлично го помага вметнувањето на пигментите во еден производ (како што е на пример овој). Како заштитни филтри може да се забележат цинк оксид и титаниум диоксид кои не се нано (за оние кои не сакаат производи со нано филтри), можно е да се микронизирани (тоа никогаш не се наведува во декларацијата, само нано-технологијата мора да се наведе), меѓутоа според мене се обложени. Кога говориме за филтри и заштита многу е важно да напоменам дека овој производ заштитува како од УВБ така и од УВА зраците (благодарение на комбинацијата цонк оксид + титаниум диоксид), а потоа има и зголемено антиоксидантно дејство благодарение на Ц витаминот, кој е вистинска реткост во производите кои истовремено и заштитуваат од сонцето. Ова е голема умешност на производителот.

Знам дека СПФ 15 е доста ниска заштита, меѓутоа доколку овој крем го користите сега кога температурите се премногу високи и УВ индексот преку ден е навистина висок. во тој случај под него нанесте од кремот за заштита на кожата на Моса СПФ 30 (кој исто така е благо тониран), па врз него од овој. На тој начин добивате комплетна заштита, а и самиот ефект на двете креми нанесени заедно е феноменален.

Доколку производов го користите од октомври па натаму (зависи пред сѐ од температурите, меѓутоа во октомври во никој случај нема да биде 41 степен со УВ индекс 10), во тој случај може да го нанесете само кремот како заштита од благото есенско сонце и изедначување на тенот преку ден.


Кога сме сеуште кај декларацијата, мора да напоменам дека овој производ има неверојатен избор на екстракти како на пример оној од лист од црвено грозје кој е одличен за смирување на црвенила на лицето, потоа екстракт од волчји трн, екстракт од кантарион итн. Понатаму, производов содржи и хијалуронска киселина која во комбинација со алое вера гелот, глицеринот и маслата, ја подобруваат хидратантната моќ на овој производ, и прават не само да го изедначува тенот, туку стовремено и да ја негува кожата, подобрувајќи ја хидратацијата и квалитетот на истата. Токму затоа овој производ е многу повеќе од само тонирана крема, на некој начин може да се смета како 3 во 1 со оглед на тоа што истовремено негува, ја заштитува кожата од загаденоста во градските средини и тонира.

Еве ја структурата на самиот производ



Еве видео од ефектот на истиот нанесен врз кожата (под него имам ставено СПФ 30 на Лавера).

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Доколку сте во потрага по еден комплетно природен производ кој ќе негува. заштитува и тонира, во тој случај дајте му шанса на овој крем кој, верувајте ми, ќе ве остави премногу задоволни. Производов може да го нарачате онлајн на www.bellina.mk по цена од 1.660 мкд. или да појдете во нивниот БиоШоп позади цветен пазар (во кулата) и да го купите лично.

Само да напоменам дека има две нијански од овој производ. Онаа која јас ја користам во видеото е light beige (светла беж), а има и потемна која е медиум. јас имам доста светол тен, меѓутоа доколку вие сте природно потемни, во тој случај посоодветна ќе биде потемната варијанта. Исто така ова зависи и во кој период од годината сакате да го користите. Доколку сте со светол тен, меѓутоа сакате да го користите за време на летните одмори кога сте потемнети, во тој случај земете ја потемната варијанта. 

Бидете заштитени и со прекрасен тен додека се шетате низ градските средини со CityCC  тонираниот крем на Мадара.

Ние се читаме наскоро, а дотогаш бидете ми добро.

Вики

Comments