Маслени серуми со огромна антиоксидантна моќ

 


Здраво драги мои,


како што веќе најавив во видеото пред некој ден, во денешнава статија детално ќе ви ги претставам маслените серуми на марката You  & Oil, кои се 100% природни и одлично формулирани. Оние кои јас ги одбрав специјално за вас се со флавоноиди и витаминското масло.

Како што веќе можевте да слушнете во видеото, одлични се како за нормална до комбинирана, така и за сува кожа, доколку правилно се користат и во умерени количини. Ајде во продолжение да ги разгледаме декларациите на овие два производа и да проговориме за состојките и бенефициите врз кожата на лицето.

Започнувам со првото масло кое ми е омилено, односно она со флавоноиди. 


Најнапред дозволете ми да кажам дека флавоноидите претставуваат природни состојки кои првенствено се наоѓаат во растителните производи. Имаат огромно антиоксидантно дејство и токму затоа се од огромна важност за здравјето и убавината на нашата кожа. Одлични се за нега на повозрасна кожа или пак за враќање на еластичноста на кожата и одложување на предвременото стареење на истата.

Декларацијата на овој серум е:

Vitis Vinifera Seed Oil, Passiflora Edulis Seed Oil, Citrullus Lanatus Seed Oil, Tocopherol, Helianthus Annus Seed Oil.

Помалку познато од останатите растителни масла, маслото од семки од грозје е богато со полифеноли и линолеинска киселина кои претставуваат извор на здравје и добросостојба, со оглед на тоа што имаат огромно антиоксидантно дејство и го забавуваат процесот на стареење не само кога станува збор за кожата, туку и за целокупниот организам. Ова масло има антиоксиданто, омекнувачко и себо-регулирачко дејство врз кожата. Токму поради неговата лесна структура кожата веднаш го апсорбира и претставува едно од ретките масла кое одговара и за комбинирана до масна кожа. 


Маслото од маракуја (Passion Fruit) има неверојатно антиоксидантно дејство врз кожата. Исто како и претходното (од семки од грозје) и ова е одлично за комбинирана до масна кожа, со оглед на тоа што прави урамнотежување на себумот (мастите) на лицето. 

Маслото од семки од лубеница е одлично за нега на кожата, многу лесно како структура и кожата лесно го апсорбира. И ова масло има големо антиоксидантно дејство и анти ејџ дејство со оглед на тоа што го контрастира штетното дејство на слободните радикали кои се одговорни за предвременото стареење на кожата. 

За витаминот Е веќе ни е добро познато дека е многу моќен антиоксиданс кој не само што ја заштитува нашата кожа, туку истовремено ги заштитува и маслата од предвремено ужегнување во еден козметички производ.

Второто масло кое ќе го разгледаме во оваа статија е она витаминското. Составено е претежно од сусамово масло како база, кое понатаму е искомбинирано со масло од марула (производ од дрвото Sclerocarya Birrea - кое уште се нарекува и африканска маслинка). Богато е со Ц и Е витамин, и има големо антиоксидантно дејство врз кожата. Како и во претходното масло, и овде може да забележиме вит. Е во чистата форма Токоферол, и сончогледово масло.


За најдобар ефект маслата секогаш се нанесуваат на благо навлажнета кожа, во комбинација со алое вера гел или пак во комбинација со вашиот дневен и ноќен крем за нега на кожата.

Доколку сте го пропуштиле видеото каде покажувам како најдобро да се искористи ефектото на овие маслени серуми при различни типови на кожа, погледнете го во продолжение.

Овие два прекрасни производи може да ги купите по цена од  860 мкд. на сајтот на www.bellina.mkили пак да појдете во нивниот БиоШоп позади цветен пазар и лично ги купите.

Драги мои, јас се надевам дека успеав да ви ја разјаснам декларацијата на производите и зошто истите се толку ефикасни врз кожата. Доколку се одлучите да има дадете шанса на овие производи, верувајте ми, нема да погрешите.

Се читаме наскоро.
Ве гушкам
Вики

Comments