Нега на кожата околу очите

 


Здраво драги мои,

еве ме со првата статија во август која ќе ја посветам на нега на кожата околу очите. Голем е бројот на девојките кои секојдневно ме прашуваат кој производ да го земат за нега на кожата околу очите, како да се справат со проблемот подочници и темни кругови, а истовремено да ја подобрат и еластичноста на кожата. Токму затоа во оваа статија ќе направиме еден комплетен третман, најнапред за подобрување на проблематиката темни кругови или задржување на вишок на течности, а секако ќе работиме и на оддржување на еластичноста на кожата и намалување на видливоста на брчките во тој предел од лицето.

Негата ќе ја подлиме на утринска и вечерна каде ќе третираме различна проблематика. Ајде да започнеме.

Утринска нега на зоната околу очите

Наутро, особено е изразен проблемот со подочници и задржување на вишок на течности, најнапред поради фактот што додека спиеме сме во легната положба, а потоа и од други фактори како многу солена храна навечер итн. Токму затоа, утринската нега на зоната околу очите ќе се базира на подобрување на оваа проблематика. Најадекватен производ за ова се ампулите на Dhyvana, Cellular Repair, кои веќе ги рецензирав во оваа статија

Наутро на чиста кожа најнапред нанесете од ампулите на зоната околу очите и нежно масирајте додека да се впие во кожата. Потоа направете ги вежбите за стимулирање на точките кои според кинеската медицина ја подобруваат работата на некој внатрешен орган, а со самото тоа и исфрлувањето на вишокот на течности. Погледнете го видеото за вежбите


На крај нанесете од кремот за нега на кожата околу очит на органската марка Mossa. Во оваа статија ќе се задржам и на рецензија со оглед на тоа што го немам досега претставено.

Формулата на овој крем е специјално направена за да ја подобри еластичноста на кожата, а знаеме колку е поеластична нашата кожа, толку е помала видливоста на брчките. Овој крем содржи комбинација на прекрасни масла како каприлик, масло од јојоба, сквален и витамин Е (токоферол), кои во комбинација со екстрактите од рушвица и ванила, и понатаму хијалуронската киселина и витаминот Ц, даваат свежина на кожата, ја оддржуваат правилната хидратација и го подобруваат квалитетот на самата кожа. 

Овој крем има средно лесна структура која е многу пријатна за нанесување, кожата веднаш ја впива и не дава ефект на отежната кожа. Се нанесува наутро и навечер, најидеално после ампулите (доколку сакате да го подобрите исфрлувањето на вишокот на течности), или сам доколку вашата цел е подобрување на еластичноста на кожата.

Вечерна нега на кожата околу очите

Како производи ќе ги користиме истиве два, само ќе ги промениме вежбите кои овојпат ќе бидат специјално за подобрување на тонусот на кожата. Овие вежби ќе ви одземат само 3 минути наутро и 3 минути навечер, а доколку бидете константни и упорни, навистина ќе забележите огромни резултати. 

Важбите може да ги поледнете во видеото погоре. Само да напоменам дека ампулите може да ги најдете ексклузивно во ДМ Маркетите, додека кремот ма Моса во ДМ Маркетите и на вебсајтот на https://www.bellina.mk/. Само да напоменам дека кремот на Моса моментално е на попуст во ДМ.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви беше од корист и дека ви се допадна. Ние се читаме наскоро со нови статии и рецензии. 

Ве гушкам.

Вики

Comments