Производи on a budget за нега на нормална до сува и чувствителна кожа

 


Здраво драги мои,

пред извесно време направив една анкета на ФБ и на инстаграм, за тоа што би сакале да прочитате во наредните статии. Еден од предлозите беше токму ова: статија во која ќе говорам за економични производи (on a budget) кои може да си ги дозволат скоро сите. 

Секако станува збор за природна и органска козметика со одлична декларација која истовремено е прифатлива за скоро сечиј џеб. Во оваа статија ќе ви предложам две креми од марката Др. Конопка: едната за нормална до сува кожа, а другата за чувствителна кожа.

Др. Конопка е една од моите омилени марки со оглед на тоа што прави едноставни и високо функционални формули кои истовремено се достапни за сечиј џеб. Кремите кои денес ќе ви ги претставам коштаат само 370 мкд., кое доколку се земе предвид високиот квалитет на марката е навистина одлично.

1. Хранлив крем за нормална до сува кожа


Доколку имате нормална накај сува кожа, ова е најдоброто нешто кое може да го подарите на вашата кожа. Во скоро сите мои статии ја истакнувам важноста за користење на производи кои се најнапред дермокомпатибилни и функционални, и кои ја подобруваат заштитната бариера на кожата. Еве ова е пример за такви екстремно функционални производи.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, GLYCERYL STEARATE, COCO-CAPRYLATE/CAPRATE, CETEARYL ALCOHOL, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, OCTYLDODECANOL, GLYCERIN, HIPPOPHAE RHAMNOIDES FRUIT OIL*, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, SECALE CEREALE SEED EXTRACT*, AMARANTHUS SPINOSUS SEED OIL*, CEDRUS ATLANTICA WOOD OIL*, LINUM USITATISSIMUM SEED OIL*, RIBES NIGRUM LEAF WATER*, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER WATER*, ANTHEMIS NOBILIS FLOWER EXTRACT*, RUBUS IDAEUS FRUIT EXTRACT*, RUBUS IDAEUS SEED OIL*, CAMELLIA OLEIFERA SEED OIL*, ROSA CANINA FRUIT EXTRACT*, ROSA CANINA FRUIT OIL*, CAPRYLYL/CAPRYL WHEAT BRAN/STRAW GLYCOSIDES, FUSEL WHEAT BRAN/STRAW GLYCOSIDES, POLYGLYCERYL-5 OLEATE, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, GLYCERYL CAPRYLATE, TOCOPHEROL, XANTHAN GUM, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, PARFUM, CITRIC ACID, LIMONENE, CITRAL, EUGENOL, HEXYL CINNAMAL.

(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

Од самата декларација може да се забележи дека овој производ е еден микс на дермокомпатибилни состојки како чисти масла и екстракти кои се прекрасно искомбинирани во самата формула. Збогатена е со витамини и полинезаситени масни киселини, кои играат клучна улога во хранењето и обновата на кожата. Комбинирано со органски волчји трн, ја спречува загубата на вода на кожата преку зајакнување на нејзините заштитни слоеви и ја прави кожата мека и нежна. 

Базата е комбинација од коко каприлат и каприлик каприк (две масла кои се одлични како база во една формулација) во комбинација со шеа путер кој не само што ја збогатува формулата, туку ја подобрува и текстурата на самиот производ. Како масла освен она од волчји трн (кој претходно го напоменав), производов содржи и масло од шипка, масло од ленено семе, потоа хидролати од камилица (со смирувачко дејство) и црна рибизла, како и екстракти и етерични масла патентирани под бр. N49 и N54.


Како сензоријален ефект мора да напоменам дека има убава густа структура, која меѓутоа не ја масти кожата, туку напротив ја прави мека, нежна и свиленкаста. Со редовната употреба, особено во овој преоден период, може да бидете сигурни дека вашата кожа ќе ја добие целата потребна хидратација (и ќе ја задржи што е најважно) и ќе допринесете до правилно зајакнување на бариерата на кожата.

Се користи наутро и навечер на убаво чисто лице најмалку 2 месеци (период кој е потребен за нормализација на физиолошката бариера на кожата).

2. Крем за лице со камилица за чувствителна кожа


Како што кажува и самото име, овој производ е наменет за сите оние кои имаат чувствителна кожа која обично реагира на вештачки мириси и парфеми, или одредени состојки. Овој крем не само што ќе ја смири кожата, туку што е најважно ќе ја зајакне бариерата на самата кожа и ќе ја направи истата поотпорна на надворешните влијанија.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, COCO-CAPRYLATE/CAPRATE, GLYCERIN, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, OCTYLDODECANOL, ANGELICA ARCHANGELICA ROOT WATER*, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, SACCHARIDE ISOMERATE, SORBUS SIBIRICA EXTRACT*, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA OIL*, MENTHA PIPERITA LEAF WATER*, MENTHA PIPERITA OIL*, CHAMOMILLA RECUTITA FLOWER WATER*, ANTHEMIS NOBILIS FLOWER EXTRACT*, NUPHAR LUTEUM ROOT EXTRACT*, ALTHAEA OFFICINALIS ROOT EXTRACT*, HAMAMELIS VIRGINIANA WATER*, ROSA CANINA FRUIT EXTRACT*, SODIUM CITRATE, CAPRYLYL/CAPRYL WHEAT BRAN/STRAW GLYCOSIDES, FUSEL WHEAT BRAN/STRAW GLYCOSIDES, POLYGLYCERYL-5 OLEATE, SODIUM COCOYL GLUTAMATE, GLYCERYL CAPRYLATE, TOCOPHEROL, XANTHAN GUM, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, PARFUM, CITRIC ACID.

(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

Иако како база ги има истите масла од претходниот крем, за разлика од него овој содржи хидролати и ектракти кои имаат специфично смирувачко дејство врз кожата како на пример хидролат од ангелика, хидролат од камилица, хидролат од хамамелис, масло од лаванда, масло од нане, глукозиди (кои имаат огромно омекнувачко дејство врз кожата) и коњска детелинка.

Формулата е така умешно направена, да овој крем ја остава кожата мека, нахранета и хидрирана, и што е најважно ја намалува можнота за црвенила и реакции. Исто така ја заштитува од надворешните влијанија и како што веќе претходно напоменав, ја зајакнува бариерата на самата кожа. 

Со редовна употреба кожата станува поубава, поздрава, појака и поотпорна на надворешните услови. Се користи наутро и навечер на убаво исчистена кожа најмалку 2 месеци (период кој е потребен за нормализација на физиолошката бариера на кожата)

Овие два производи може да ги најдете во Веро Маркетите, онлајн на www.bellina.mk и во БиоШоп на Белина. Како што веќе напоменав цената е повеќе од прифатлива, само 370 мкд, за производ кој буквално ќе ја препороди вашата кожа.


Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Како следна статија од овој тип ви најавувам рецензија на 2 шампони on a budget , едниот за виткана коса, а другиот за сува и оштетена коса.

Ве гушкам

Вики

Comments