Пролетна нега на косата

 


Здраво драги мои,

преминот од едно во друго годишно време влијае не само врз нашата кожа туку и врз нашата коса. Како што напоменав во претходната статија, од огромна важност е промената на годишните времиња да ја дочекаме подготвени, помагајќи му на телото да ги елиминира токсините насобрани во текот на зимскиот период. Ова е важно не само за здрав организам и убава кожа, туку и убава и здрава коса.

Кога станува збор за косата, нашата цел е претежно да дадеме виталност и сјај на самото влакно, да го подобриме квалитетот на косата. Во овој преоден период косата е ставена на поголем предизвик и тест: самото влакно е понежно, покршливо, и се забележува зголемено опаѓање. Ова секако зависи од многу фактори од кои: исхраната, производите кои ги користиме за миење и нега на косата, хемиското третирање на косата итн.

Како што напоменав и во претходната статија во која говорев за подготовка на кожата, прва и основна работа е да започнеме од внатре со прочистување на организмот. Олеснување на работата на црниот дроб и исхрана каде ќе избегнуваме голем процент на пржена храна, бел рафиниран шеќер итн.

Втора многу важна работа, кои многумуна ја потценуваат, се производите кои секојдневно ги користиме за нега на нашата коса. Овие производи треба да бидат екстремно деликатни за косата, со урамнотежена формула без агресивни и недоволно избалансирани сурфактанти и секако без силикони. Доколку производот истовремено има и дејство за спречување на прекумерното опаѓање на косата, во тој случај сме направиле полн погодок.


Шампонот кој би сакала да ви го претставам во оваа статија е оној на Бабушка Агафија, од кој буквално останав без зборови од ефектот и дејството врз самата коса. Станува збор за сертифициран органски шампон со феноменална формула кој не само што ја зајакнува косата туку делува и врз убавината, виталноста и сјајот на самата коса. Просто се заљубив.

INCI: Aqua, Sodium Coco-Sulfate, Lauryl Glucoside, Cocamidopropyl Betaine, Sodium Chloride, Arctium Lappa Root Extract*, Urtica Dioica Extract*, Plantago Major Leaf Extract*, Hypericum Perforatum Extract*, Origanum Vulgare Flower/Leaf/Stem Extract*, Guar Hydroxypropyltrimonium Chloride, Citric Acid, Benzyl Alcohol, Potassium Sorbate, Sodium Benzoate, Parfum, Limonene, Linalool. 

Како што може да се забележи од самата декларација, базата на овој шампон е одлично избалансирана. Шампонот не е воопшто агресивен. Она што го прави погоден за зајакнување на косата се токму екстрактите кои се додадени во самата формула како на пример шумски чичок и дива коприва која е богата со вит. Б и е одлична во случај на чувствителен скалп на косата. 

Овој шампон навистина ја зајакнува косата на некој начин, ја прави посјајна и поздрава. Ова не значи дека ќе имате погуста коса со употребата на овој производ (да не бидам сфатена погрешно) туку значи дека ќе успеете да го држите под контрола прекумерното опаѓање на косата и да ги задржите виталноста и сјајот на самата коса. Ова е особено важно за овој преоден период. 

Еве го ефектот од употребата на овој производ во комбинација со маската која ќе ја рецензирам во продолжение.


Да повторам дека станува збор за природен и сертифициран органски производ, со одлично избалансирана формула, идеален и за оние кои имаат чувствителен скалп. Цената на овој производ е 175 мкд (нешто неверојатно со оглед високиот квалитет и дејство на истиот) и може да се најде онлајн на www.bellina.mk или во маркетите Рептил.

Како комплементарен третман може да го земете балсамот или маската од оваа линија. И двата производи се многу убави, иако јас лично ја преферирам маската со оглед на тоа што е доста поконцентрирана како производ. Ја нанесувам после секое миење и ја оставам да стои на косата околу 3 минути па ја одмивам со вода.


Она што ми се допаѓа кај оваа маска е фактот што не ја отежнува косата, не ја масти и дава одличен сјај на самото влакно. Балсамот исто така е одличен, иако повеќе ми се допаѓа маската. Балсамот го пробав двапати после миење на косата со шампон, мора да кажам дека и тој не ја сплескува косата (не ја кондиционира премногу). Јас обично балсамите ги ставам на влажна коса само по должината чекам околу една минута и ведаш мијам, бдејќи имам тенко влакно кое додатно го сплескувам со ваков вид на производи. Меѓутоа овој балсам мора да кажам дека не ја отежнува воопшто косата и навистина е многу пријатен.

Балсамот и маската имаат слични ектракти како шампонот, само наместо сурфактанти имаат кондиционантни остојки кои имаат спротивно дејство од сурфактантите, односно не измиваат туку омекнуваат. Даваат одличен сјај на косата и самото влакно изгледа многу дисциплинирано и поубаво.


Кога сме веќе кај опаѓање на косата, мора да напоменам дека од огромна важност се и додатните третмани како маслата и масажата на коренот на главата. Моја препорака ви се маслата за нега на Др. Конопка кои се фантастични. Ги имам рецензирано пред две години. Има три вида на масла и тоа: за зајакнување на косата, против првут и за сува и оштетена коса. 

Моја препорака ви е да го земете маслото за зајакнување на косата и да го користите барем еднаш неделно во текот на цел месец април и мај, а потоа да преминете на она за оштетена коса кое ќе ви биде од огромна корист за време на летниот период кога сонцето е појако и додатно ја оштетува и ослабнува косата. Повелете видео рецензија за употребата и ефектот на овие масла.


Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ви беше од корист. Послушајте ме и дајте им можност на овие прерасни производи кои воопшто не се скапи, а имаат огромно позитивно дејство врз косата и и помагаат да го преживее овој стресен преоден период.


Се читаме наскоро

Ве гушкам

Вики


Comments