Здрава и убава коса во лето


Здраво драги мои,

летото е мојот омилен период и кога би можело да трае цела година би била најреќна. Меѓутоа сонцето, топлото, како и морската вода или водата од базените негативно влијае врз нашата коса доколку истата правилно не ја заштитиме. Оваа година можеби и нема да имаме можност да одиме на море, меѓутоа многумина од нас можеби ќе одат на езеро или пак имаат можност да пливаат во базен. Да не говорам за оние кои хемиски ја третираат косата и секојдневно ја фенираат или употребуваат преси и фигаро за исправување или виткање на истата.

Многумина од нас на крајот од летото се наоѓаат со сува и оштетена коса, и како што вели старата поговорка подобро е да спречиме отколку да лечиме. Со цел правилно да ја негуваме косата ова лето и соодветно да ја заштитиме, во оваа статија би сакала да ви предложам два прекрасни серуми за коса од марката True Alchemy кои ги тестирав во последниов период, одноно серумот со пченични протеини и серумот наречен „растителен силикон“ иако нема никаква врска со штетните силикони. Ајде да ги разгледаме заедно.

1. Серум за коса со пченични протеини

 

 Од страна на производителите, овој серум е претставен како универзален, односно може да се користи и за лице и за коса. Јас лично би го препорачала за коса, со оглед на тоа што процентот на пченични протеини во производи за нега на лицето треба да биде не повеќе од 1%. Овде процентот е нешто повисок (не многу секако) така да идеален е за нега на косата. Овој производ се покажа како одличен, особено пред фенирање на косата, ја хидрира самата коса, ја омекнува и ја прави полесна за расчешлување.

Како што можевте да забележите од сликата има водеста гел структура, така да воопшто не ја масти косата, туку баш напротив и ја дава комплетната хидратацја и активните состојки во производов ја омекнуваат косата и ја прават посјајна. Го препорачувам на сите оние кои имаат потенка коса која не трпи многу масни производи и која лесно се масти, а сепак има потреба од нега и хидратација.


Декларацијата на производот е сладнава:


После водата, присутен е сок од алое вера и глицерин кои имаат омекнувачко дејство врз косата. Пченичните протеини се една од најдобрите работи за косата. Даваат преубав сјај на самото влакно и ја негуваат косата. Понатаму, содржи и хијалуронска киселина, масло од калинка и секако лактинска киселина за правилна пХ вредност и конзерванси.

Лично го нанесувам на измиена и благо засушена коса (со пешкир) по должината на косата и на врвовите. Косата веднаш го впива и како што веќе напоменав воопшто не масти.


2. Серум за коса „растителен силикон“


На вебсајтот на производителите и ова масло се декларира како универзално за лице и коса, иако мене за нега на кожата најискрено ми изгледа малку празно од аспект на состојки, меѓутоа за нега на косата е феноменално. Зошто му е дадено имате растителен силикон? Од проста причина што содржи само две состојки и тоа Isoamyl Cocoate и Isoamyl Laurate.

Првото е кокосово масло кое е лабораториски преработено и направено многу полесно, односно помалку масно, ако може така да се изразам, Второто, изоамил лауреат е на некој начин “роднина“ на изоамил кокоат и има ефект на силикон иако не претставува силикон во вистинска смисла на зборот. Обичните силикони ги задушуваат кожата и косата, додека ова не. Сензориално, на допир, го има истиот ефект, меѓутоа за разлика од штетните силикони, овие две масла ги оставаат кожата и косата да дишат и воопшто не креираат маска. Даваат само убав ефект врз влакното на косата или во кремите каде што се употребени.

Лауратот исто така се користи доста и во кремите за заштита од сонцето каде има физички филтри и во декоративата, со оглед на тоа што одлично ги прифаќа сите прашкасти состојки како пигменти и физички филтри (цинк оксид и титаниум диоксид). И двете овие масла се сертифицирани и одобрени од страна на EcoCert и може слободно да се користат во природната и органската козметика.


За разлика од претходниот, овој серум има маслена структура (што е нормално со оглед на тоа што единствените две состојки се од маслена природа), меѓутоа доколку се користи со “усул“ што би се рекло не ја масти косата, туку ја заштитува и дава многу убав сјај. Еве ја структурата на производот
                                               
                                                   
Препорачувам употреба само на врвовите на измиена коса која може да биде влажна (пред да ја исушите) или пак за уште поголем сјај на веќе исушена коса само на врвовите. Верувајте ми доволни ќе ви бидат неколку капки кои најнапред треба да ги протриете помеѓу дланките, а потоа да ги нанесете на врвовите на косата. Доколку имате погуста коса количината ќе биде поголема, а за поретка тенка коса доволни се буквално две до три капки. Еве го ефектот врз косата.


Се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ви беше од корист. Овие два производи може да ги нарачате онлајн на bellina.mk.

Ние се читаме наскоро со нови содржини.
Ве гушкам
Вики

Comments

  1. Zdravo. Imam edno prasanje serumot so pcenicen protein vo koj slucaj smee da se koristi na kozata na liceto odnosno za kakva namena e sto se odnesuva do nega na kozata

    ReplyDelete

Post a Comment