3 рецепти за убавина со масло од куркума


Здраво драги мои,

пред извесно време објавив видео за подготовка на маслото од куркума во домашни услови кое предизвика навистина голем интерес. Добив многу прашања како ова исто масло најдобро да се користи за нега на кожата на лицето и телото. Токму затоа во оваа статија ќе ви дадам три едноставни, но многу ефикасни рецепти.

1. Маслен балсам за нега на сувата кожа на лицето


40 гр. шеа путер
10 гр. масло од куркума

Има два методи на подготовка на овој рецепт во зависност од финалната структура која сакате да ја добиете. Може да го стопите на пареа шеа путерот, да го додадете при крај маслото од куркума и додека е течно да го префрлите во финалното кутиче. Откако ќе е излади производот ќе се стврдне и може да го користите.

Вториот начин е да го омекнете шеа путерот малку на пареа (немојте комплетно да го топите) и со помош на еден рачен микер (оној за нескафе) почнете да го матите сѐ додека не добие пенлива структура. Додавајте го маслото од куркума малку по малку со постојано матење. Во овој случај производот ќе има многу помека структура слична на крем.

Се користи на благо навлажнета кожа на лицето навечер.

2. Скраб за тело 



4 супени лажици шеќер
1 супена лажица мед
1 супена лажица масло од куркума

Убаво помешајте ги сите состојки (доколку смесата е многу густа додадете уште малку од маслото сѐ додека не ја добиете посакуваната структура). Нанесете ја оваа смеса на влажна кожа на телото после туширање со благи и кружни движења. Исплакнете само со вода.

3. Масло за нега на лицето



Многумина имаат проблем да го користат чисто маслото од куркума врз лицето, така да ви советувам да го направите следниов производ за нега на кожата.

Во едно празно чисто шишенце од 50 гр. ставете :

- За нормална до сува кожа

30 гр. масло од арган
10 гр. маслиново масло
10 гр. масло од куркума

Се користи навечер на благо навлажнета кожа на лицето.

- За  комбинирана до масна кожа

30 гр. масло од јојоба
10 гр. масло од арган
10 гр. масло од куркума

Се користи навечер на благо навлажнета кожа на лицето.

Се надевам дека овие едноставни рецепти ви се допаднаа.
Поздрав и до следно читање
Вики

Comments