Хидратација на кожата во летниот период


Здраво драги мои,

хидратацијата е една од најтешките работи за производителите на козметички производи со оглед на тоа што е многу комплицирано да се направи добар и квалитетен хидратантен производ за кожата на лицето кој навистина функционира. Во една од претходните видеа говорев за правилната физиолошка заштита на кожата и сфативме дека погрешното миење на кожата со премногу агресивни средства, или пак претераното ексфолирање на кожата допринесува до побрза дехидратација на истата со оглед на тоа што правиме алтерација на физиолошката заштита.

Нјанпред како и секогаш знаете дека најважно е да се ослободиме од “пластиката“... што тоа значи сите креми, серуми и останати производи на база на силикони, навтени деривати кои креирааат еден вид на филм, односно маска на самата кожа, со текот на времето наместо да ја помагаат природната хидратација на кожата, прават алтерација на заштитниот филм и кожата не е во способноста да се одбрани од надворешните услови.


Само да ве потсетам на резултатите од едно истражување во Италија за компатибилноста на чистите растителни масла од една страна и парафинот (навтен дериват) од друга страна со нашата кожа. Маслата имаат семи- оклузивно дејство, односно имаат  моќ да парцијално го спречат губитокот на вода од кожата. Со оглед на тоа што се компатибилни со кожата, таа ги препознава, дел од нив метаболизира и на тој начин има еден вид на комуникација помеѓу мастите во нашата кожа и чистите растителни масла.

Од друга страна пак, парафинот (како и сите останати навтени деривати) има семи- оклузивно дејство, односно парцијално го спречува губитокот на вода, меѓутоа за разлика од чистите растителни масла, нема никаква компатибилност со кожата, нашата кожа не го препознава.

Верувајте ми силиконите имаат уште полошо дејство врз нашата кожа.

Токму затоа од огромна важност е она што го нанесуваме на кожата со цел да ја задржиме правилната хидратација, односно да и помогнеме на нашата кожа сама да ја оддржи таа природна хидратација. Токму затоа во оваа статија би сакала да ви претставам два серуми од марката True Alchemy еден на база на алое вера, а другиот на база на глицерил глукозид.



1. Серум на база на алоре вера

Овој серум е наједноставниот производ кој го имам видено и на некој начин не е баш серум во вистинска смисла на зборот туку повеќе е гел од алое вера со малку потечна структура. Декларацијата е навистиан едноставна, со држи само вода,алое вера сок и конзерванс.


Со оглед на тоа што овој серум, односно гел, нема масна база во својот состав (која понекогаш е од огромна важност за оддржување на правилната хидратација како што видовте погоре од сликата) јас ви советувам да го користите или пред вашиот хидратантен крем , или пак во комбинација со некое убаво масло.

Доколку го користите пред вашиот убав природен и органски хидратантен крем (не со силикони ве молам), во тој случај најнапред на чиста кожа, нанесете неколку капки од овој серум врз дланките и потоа убаво втријте го во кожата на лицето со нежни и благи движења. Почекајте околу 5 мин. па дури потоа нанесете го кремот.

Доколку сте љубител на природни и органски растителни масла (како мене), во тој случај капнете во раката мала количина од овој гел и исто толкава количина масло, протријте помеѓу дланките и нанесете го на убаво исчистено лице наутро и навечер. На тој начин алоето хидрира, меѓутоа маслото додатно ќе ја задржи потребната хидратација на кожата.

Еве ја структурата на овој производ


Доколку го користите сам овој гел може да почувствувате мало затегање на кожата кое се должи на алое вера. Не грижете се не станува збор за сува кожа која затега, туку таков ефект има самото алое и токму затоа ви советувам да го користите во комбинација со некое масло.

2. Серум со глицерил глукозид


Овој серум е многу покомплетен како дејство и декларација од претходниот.


Мене лично многу повеќе ми се допаѓа овој серум затоа што како состав е покомплетен од шретходниот. На второ место после водата има алое вера, па глицерин (кој има одлично хидратантно дејство, односно успева да ја задржи водата во кожата) и секако глицерил глукозид кој слично на глицеринот има хидратантно дејство. Во овој производ има и мал маслен процент како масло од јојоба (кое одговара на сите типови на кожа) и секако прекрасни екстракти како екстракт од краставица, екстракт од овес и екстракт од едно растение наречено тилиа.

Овој производ може да го користите под вашиот хидратантен дневен или ноќен крем. На убаво исчистено лице, нанесете неколку капки од производов и оставете убаво да се впие. Почекајте околу 5 мин. и нанесете го вашиот дневен или ноќен крем.

Еве ја структурата на овој производ


Без разлика на тоа кој и серум да го одберете, комбинирајте го со убав природен крем со правилно формулирана декларација со цел кожата да може да ги добие сите потребни состојки кои ќе и помогнат сама да се нормализира.

Запоменете, нашата кожа е нашиот најголемиот орган и како таква е совршена. Доколку е здрава може сама да се заштити, обнови и регенерира, а наша задача е да ја потпомогнеме таа природна способност за регенерација и заштита на кожата, преку користење на правилна козметика и секако правилна нега на организмот и од внатре, преку храната и течностите.

Овие два серуми може да ги нарачате онлајн на bellina.mk

Јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Ние наскоро се читаме со многу нови содржини.
Ве гушкам
Вики

Comments