Незаменливо трио за комплетна нега во претстојниот поладен период


Здраво драги мои,

оваа година ми е најомилена, летото траеше како никогаш досега. Меѓутоа како навлегуваме во месец ноември, така сфаќаме дека зимата се наближува и температурите стануваат се пониски. Во ладниот период се менува и негата на нашата кожа, особено оние делови кои се секогаш први на удар од студот како на пример кожата на рацете и лицето.

Во оваа статија би сакала да ви предложам три прекрасни производи кои ќе ви се најдат во секоја ситуација и ќе ви помогнат да ги дочекате поладните денови подготвени. Станува збор за едно трио производи кои и те како се потребни во текот на целата година, а особено сега, односно кремот за раце, стапала и повеќенаменскиот крем од марката Dr. Konopka's. Ајде да ги разгледаме сите три посебно.

1. Повеќенаменски крем со роза


Започнувам со мојот најомилен крем од ова трио, кој според мене треба да се најде во сечија ташна. Овој производ може да помогне во многу ситуации и состојби на кожата кои ќе ги разгледаме во продолжение. Верувајте ми не излегувам од дома без него, секаде го носам со себе. Ајде како и секогаш досега, најнапред да ја разгледаме декарацијата на истиот.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, OCTYLDODECANOL, CETEARYL ALCOHOL, GLYCERYL STEARATE, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, HYDROGENATED STARCH HYDROLYSATE, COCO-CAPRYLATE/CAPRATE, GLYCERIN, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, JUNIPERUS COMMUNIS FRUIT EXTRACT*, MELILOTUS ALBUS FLOWER/LEAF/STEM EXTRACT*, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL*, RUBUS CHAMAEMORUS FRUIT EXTRACT*, ROSMARINUS OFFICINALIS LEAF OIL*, MORUS NIGRA FRUIT EXTRACT*, TOCOPHEROL, XANTHAN GUM, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, PARFUM, CITRIC ACID, CI 77491, LIMONENE, LINALOOL, BENZYL BENZOATE.
(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)



На втора позиција, по водата, може да забележиме една состојка октилдодеканол. Станува збор за состојка со омекнувачко дејство кој во еден производ има двојна улога односно: да го направи производот полесно да се размачкива и да биде попријатен на допир, а истовремено да ја намали маснотијата на еден производ, односно истиот да не остава масна трага и убаво да се впива. Токму затоа оваа состојка е идеална во производи каде сакаме свиленкаст ефект, одлична хидратација (секако ова зависи и од комбинацијата со останатите состојки), меѓутоа никако не сакаме масен ефект врз кожата. Со оглед на тоа што во кремов има поголемо присуство на шеа путер (која е одлична хранлива состојка) октилдодеканолот е неизбежен, како и комбинацијата на масла во истиот.

Како масла присутни се најнапред коко каприлат кое спаѓа во групата на најлесни масла (во смисла на густина) и дава прекрасен свиленкаст ефект на кремот. Ова масло се смета како природна замена за лошите силикони, со оглед на тоа што дава свиленкаст ефект кој за среќа е природен, во смисла не ја запушува кожата. Исто така ова масло има способност да ја намали белата трага на кремот, односно кога го нанесуваме на кожата да не остава бела трага при размачкувањето. Второ масло е каприлик каприк кое е за нијанса потешко од коко каприлатот и спаѓа во групата на лесни масла, и сончогледово масло кое е богато со вит. Е, има омекнувачко дејство врз кожата и спаѓа во групата на средно тешки масла. Од аспект на масленост кремов има идеален баланс, бидејќи содржи комбинација на масла од скоро секоја група (а тоа е најдоброто нешто во еден производ) плус шеа путер кој дава густина и хранливо дејство на производот.

Понатаму содржи и масло од рузмарин, екстракт од роза и екстракт од капина. Еве погледнете ја структурата


Има убава кремаста структура која не е тешка. Кремот веднаш се впива и ја остава кожата мека и негувана без да остави масна трага. Јас лично кремов го користев цел летен период и уште го користам. Го користев како крем за лице после плажа, како крем за раце, како крем за суви делови на телото (на пример петиците) и сеуште го користам во скоро секоја ситуација. Од мене има чиста 10-ка. Цената му е 490 мкд и истиот може да го најдете на штандот на Белина во трговските центри Сити Мол и Рамстор во Скопје и Палма Мол во Тетово, во продавниците на Космо и онлајн на bellina.mk

2. Хранлив крем за нега на рацете со лаванда


Рацете се наша визит карта и затоа е многу важно правилно да се грижиме за истите. Кожата на рацете е прва која ја искажува возраста на една жена, многу побргу и многу повеќе од кожата на лицето. Агресивните сапуни за раце и студот додатно ја влошуваат состојбата и ја прават самата кожа понеотпорна, посува и рапава. Токму затоа правилната хидратација и хранење се од огромна важност, како што се од огромна важност и производите кои ги користиме за таа намена (сапуни и креми).

Вториот крем од ова трио е наменет токму за нега на кожата на рацете. Има прекрасен мирис на лаванда, ја омекнува и храни кожата и ја прави неверојатно свиленкаста и мазна. Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата и на овој производ.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, CETEARYL ALCOHOL, GLYCERYL STEARATE, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, HYDROGENATED STARCH HYDROLYSATE, COCO-CAPRYLATE/CAPRATE, GLYCERIN, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, PINUS SIBIRICA SEED OIL*, RUBUS IDAEUS SEED OIL*, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL*, RUBUS CHAMAEMORUS FRUIT EXTRACT*, GLYCINE SOJA OIL, LAVANDULA ANGUSTIFOLIA OIL*, TOCOPHEROL, XANTHAN GUM, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, PARFUM, CITRIC ACID, SILICA, CI 77007, CI 77491, LIMONENE, LINALOOL, CITRAL.
(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

Овој крем за раце содржи во својот состав шеа путер, коко каприлат, каприлик каприк триглицерид , ќедрово масло, вит. Е и масло од лаванда. Има пријатна структура која кожата на рацете веднаш ја впива и не остава масна трага. Има преубав мирис на лаванда кој се чувствува и откако ќе го размачкате кремот на рацете. Има смирувачко дејство врз сетилата, како еден вид на ароматерапија. Еве ја структурата на истиот.


Јас кремот за раце го користам во текот на целата година. За мене е неизбежен производ и во лето и во зима. Овој крем го користев во текот на изминативе два месеци и можам да кажам дека воопшто не оставаше масна трага врз кожата. Откако ќе го нанесев кожата веднаш го впиваше (иако беше топло времето) и можев комотно да продолжам со останатите обврски. Најискрено го немам пробано во многу ладен период (во сред зима), бидејќи сеуште не е могу ладно,така да не знам со сигурност да ви кажам како ќе делува. За овој преоден период кога температурите се пониски, меѓутоа не претерано ладни ви гарантирам дка одлично ќе ве штити. Според ефектот кој го дава можно е да одговара и за поладен период со обавезно носење на ракавици. Верувајте ми една од најважните работи е носењето на ракавици. Џабе се сите креми зимно време доколку кожата не ја заштитуваме со зимски ракавици.


Овој производ може да го купите по цена од 250 мкд и истиот може да го најдете на штандот на Белина во трговските центри Сити Мол и Рамстор во Скопје и Палма Мол во Тетово, во продавниците на Космо и онлајн на bellina.mk

3. Освежувачки крем за нега на стапалата со нане и жалфија


Стапалата се честопати оној дел од телото кој го забораваме. Цели ќе се намачкаме и негуваме, а доколку немаме поголеми проблеми со кожата на стапалата истите ги забораваме. Една од најважните работи за убава кожа на стапалаа е правилната хидратација. Верувајте ми, нема да имате потреба од турпија (која јас воопшто не ја препорачувам) доколку секојдневно нанесувате крема за нега на кожата на стапалата и барем еднаш неделно правите купка за стапала. Само правилната хидратација и хранење може да ве доведе до прекрасна и мека кожа.

Овој крем за нега на стапалата особено ми се допаѓа бидејќи освен правилната хидратација ги освежува стапалата и го спречува непријатниот мирис на истите. А верувајте ми тоа не е за потценување. Од аспект хранлива моќ, доколку имате многу испукана кожа на петиците, нема многу да ви помогне (многу подобро дејство има повеќенаменскиот крем од роза кој го рецензирав погоре), меѓутоа доколку сакате да ја оддржите правилната хидратација или да почувствувате ефект на свежи стапала, во тој случај ова е идеалниот производ за вас.  Еве ја деклрацијата на истиот


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, GLYCERYL STEARATE, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, HYDROGENATED STARCH HYDROLYSATE, CETEARYL ALCOHOL, COCO-CAPRYLATE/CAPRATE, GLYCERIN, MENTHA PIPERITA LEAF WATER*, SALVIA OFFICINALIS LEAF WATER*, CYMBOPOGON CITRATUS LEAF OIL*, ROSA DAMASCENA FLOWER WATER*, CITRUS LIMON PEEL OIL*, TOCOPHEROL, XANTHAN GUM, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, PARFUM, CITRIC ACID, MENTHOL, CI 77288, CI 77007, SILICA, LIMONENE, CITRAL, GERANIOL.
(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

Базата на овој крем е слична на оној за нега на рацете, само што овде дејството не е толку хранливо како претходниот со оглед на тоа што има состојки кои затегаат и освежуваат како на пример хидролат од жалфија и масло од нане. Освен тоа содржи и хидролат од роза и цитрусни етерични масла како она од лимон.

Значи повторувам доколку вашиот проблем е испукана кожа на петиците, кремов нема многу да направи, меѓутоа доколку сакате хидратација и свежина нема подобар од овој крем. Сакам да напоменам дека има уникатно дејство против непријатни мириси на нозете, за таа намена е незаменлив. Кремот може да го најдете на штандот на Белина во трговските ценри Сити Мол и Рамстор во Скопје и Палма Мол во Тетово, во продавниците на Космо и онлајн на bellina.mk по цена од 345 мкд.

Драги мои, јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Ние наскоро се читаме со нови содржини.
Ве гушкам
Вики


Comments