Мојата утринска и вечерна рутина за нега на кожата во овој период


Здраво драги мои,

малку ме немаше поради обврски ама еве ме повторно со една статија која се надевам дека ќе ви биде од корист.

Денес ќе говорам за мојата лична нега на кожата на лицето (наутро и навечер) во овој период. Ова не го правам со цел да ви кажам што треба да користите ниту пак да ви наметнувам некој тип на нега затоа што сите сме различни.

Советиве кои ќе ги прочитате во продолжение може да ви послужат само како идеја за да во вашата нега вметнете нешто повеќе за што ќе прочитате во продолжение.

УТРИНСКА НЕГА НА КОЖАТА

Мојата утринска нега на кожата во било кој период од годината се состои од 3 главни чекори и тоа: миење, тоник и дневен крем.

Наутро кожата нема потреба да ја чистите со производи за вадење на шминката или мицеларни води, со оглед на тоа што не сме нашминкани и нема потреба од толку темелно чистење (веќе сме легнале со исчистена кожа од шминката...се надевам:)). Доволно е да ја отстраните маснотијата која се насобрала во текот на ноќта миејќи ја кожата со убав благ производ наменет токму за вашиот тип на кожа

1 чекор: чистење



Јас во овој период за миење на лицето користам комбинација на нежен гел за миење со мед. Во едно празно шишенце ставам три кафени чажички мед и три кафени лажички нежен гел за миење и убаво мешам.

Кожата никогаш не ми била толку мека и убава. Ова е одличен метод и доколку дома имате некој гел за лице кој е малку поагресивен, затоа што додавајќи му мед го ублажувате.

Во статијата за домашниот чистач на лице со мед ќе најдете комплетно објаснување за постапката.

2. чекор: тоник



Откако кожата убаво ќе ја исчистиме подготвени сме за вториот чекор односно тоник за лице.

Многупати имам напоменато дека поголемиот број на девојки и жени го прескокнуваат овој чекор сметајќи дека тоникот не е толку важен. Верувајте ми не е така.

Целта на тоникот или лосионот за лице е да ја балансира ph вредноста на нашата кожа, односно да и помогне на кожата да ја задржи природната киселост. Нашата кожа има природна ph вредност која е благо киселкаста и доколку дојде до алтерација на таа вредност како резултат на користење на агресивни средства за миење, разни чистачи за лице или сапуни кои ја сушат кожата, може да се појават разни проблематики на самата кожа како на пример сува кожа, масна кожа, акни или црвенила.

Тоникот има за цел и да ги намали проширените пори на кожата, кои многумина од нас ги имаат на лицето, да ја освежи кожата и ја направи посјајна. Одлично ја хидрира нашата кожа и ѝ помага да ја задржи природната влага.

Во овој период користам домашен тоник вода, оцет со кромид и рузмарин за којшто говорев во статијата за стар функционален кинески метод. Верувајте овој тоник кај мене се покажа најделотворен и во периодов најмногу ми одговара.


Во едно празно шишенце од 100 мл. ставам половина кафена лажичка од овој оцет и половина кафена лажичка глицерин. Додавам вода (не скроз до горе сепак да има место да го протресам шишето)  и 3 капки етерично масло од чајно дрво.

Го испраскувам на едно памукче и го чистам лицето со него.

Потоа испрскувам малку пантенол раствор на кожата на лицето и оставам да се впие.

На овој начин кожата е подготвена за понатамошна нега.

3 чекор: хидратација

Како дневен крем во овој период користам еден серум за лице на француската марка Fleurance кој всушност воопшто не е ни дневен туку ноќен. Меѓутоа со оглед на тоа што има лесна и безмасна структура и кожата веднаш го впива без да светне цел ден, мене ми е одличен како дневна подлога за шминка.

Верувајте ми, пудрата стои на место и кожата воопшто не ми светнува и по цел ден поминат надвор. Ова е одлично ако се земе предвид дека имам комбинирана кожа која и те како светнува особено на челото.

Овој производ е комплетно органски и со одлична декларација.


За пределот околу очите користам комбинација на чист алое вера гел со масло од морков. Во раката земам мала количина алое вера гел (ептен малце) и исто толку домашно масло од морков и нежно го нанесувам на зоната околу очите.

Потоа нанесувам минерална пудра во прав (или понекогаш крем пудра) се шминкам и тоа е тоа.

п.с. Доколку сакате да дознаете како да го направите домашното масло од морков кое е фантастичен производ за регенерација, детоксификација и хранење на кожата. Особено е корисно кај возрасната кожа со оглед на тоа што е богато со витамин А и ја оддржува еластичноста на кожата и со самото тоа ја спречува појавата на брчки, прочитајте ја оваа статија.



ВЕЧЕРНА НЕГА НА КОЖАТА

Мојата вечерна нега се состои од четири чекори: отстранување на шминката, миење на кожата, тоник и хранење на кожата.

Прво нешто што правам навечер е темелно вадење на шминката. Верувајте ми нема ништо полошо за кожата од тоа да си легнете нашминкани. Колу и да сте уморни сторете го тоа, кожата ќе ви биде благодарна и ќе го сшречите предвременото стареење.

1 чекор: чистење на шминката

Во овој период како отстранувач на шминка го користам двофазнот производ на германската марка Alverde кој особено ми се допаѓа поради тоа што содржи Q10 и екстракт од гоџи бобинки кои се моќни антиоксиданси и штитат не само од слободните радикали туку и од загадениот воздух, ветерот, ладното и.т.н.



Овој производ има фантастичен мирис и навистина одлична декларација. Воопшто не ме пече (некои производи печат при отстранувањето на шминката од очите), па така да го користам за целото лице.

Има навистина фантастичен мирис и згора на се е многу економичен.

2 чекор: миење на кожата

За миење на кожата го користам истиот производ кој го опишав во утринската нега.

3 чекор: тоник за лице 

Како и за утринската исто и за вечерната нега го користам домашниот тоник за лице и по него спреј растворот од пантенол.


4 чекор хранење на кожата

Како ноќен третман за кожа користам едно прекасно анти ејџ масло кое сама го направив од следниве видови на масла:

3 лажички масло од семки на грозје
1 лажичка масло од морков
1 лажичка масло од авокадо
1 лажичка масло од лимон
5 капки етерично масло од портокал

Ова масло ми е омилен дел од ноќната нега затоа што претставува комбинација на 4 прекрасни масла за нега на кожата, а и затоа што мириса фантастично на портокал и лимон.

Комбинацијата на сите овие масла е одлична барем за мојата кожа, а маслото од лимон има и благ избелувачки ефект и токму затоа и го користам навечер.

Како да направите домашно масло од лимон прочитајте овде.


Како што напоменав на почетокот на оваа статија, целта ми е да ви предложам нешто што можеби ќе ви служи како идеа, па еве доколку сакате и имате повеќе масла, може да направите еден ваков производ според ваш сопствен вкус и желба.

Ова масло го нанесувам откако на кожата ќе испрскам малку пантенол спреј и додека е благо влажна нежно го масирам маслово во кожата без многу триење или нагли движења.

За нега на кожата околу очите го користам истиот рецепт од утринската нега, односно комбинација на алое вера гел со масло од морков.

Ете драги мои, ова е она што мене најмногу ми одговара во овој период.

Како вие моментално ја негувате вашата кожа?

Вики

Comments