Чисти и сјајни садови со еколошките средства на Organic People





Важноста на користење на еколошки, органски и биоразградливи средства не се однесува само на козметиката и негата на кожата и косата, туку и во домакинтвото, особено кога станува збор за миење на садовите кои ги користиме за јадење.

Марката Organic People која ја одбрав за рецензија во оваа статија претставува еден вистински пример на биоразградливи и еколошки органски средства сертифицирани од страна на ICEA. Оваа агенција за сертификат на производите орави одличен баланс помеѓу биоразградливоста на сурфактантите и останатите состојки во производит, со моќта на миење на истиот. Од огромна важноста е да овие два параметри бидат избалансирани со цел производот сепак да може да го прави она за што е наменет. односно да измива.

Што всушност значи еколошки детергент?

Најнапред станува збор за производ кој е создаден со респект кон природата и човекот. Во својот состав не содржи тешки сурфактатни или конзерванси, содржи растителни масла и природни екстракти. Токму затоа, во оваа статија ќе ви претставам два производи за рачно миење на садовите кои одлично мијат и со ладна вода, нежни се за кожата на рацете и секако ги елиминираат непријатните мириси.

Детергент за миење на садови со нане и лимета

Овој детергент има неодолив свеж мирис на нане кое е резултат на присуство на етерично масло од нане и екстракт од лимета која содржи природни амино киселини одлични во разложување на маснотиите. Има прекрасно избалансиран микс на сурфактанти кои се нежни за кожата, а сепак убаво си ја вршат работата и ги разложуваат маснотиите на садовите. Понатаму содржи алое вера гел (кој додатно ја штити кожата на рацете), глицерин кој омекнува и маслиново масло.

Одлично ги неутрализира лошите мириси од садовите и ги остава чисти и сјајни.

Детергент за миење на садови од цитрусно овошје

Овој детергент има многу слична база на сурфактанти како претходниот, меѓутоа се менуваат секако екстрактите. Содржи екстракт од грејпфрут кој одлично ги раствора и чисти маснотиите и во ладна вода, етерично масло од портокал кој дава неодолив природен мирис на самиот производ, глицерин и алое вера гел.

Двата овие производи се доста концентрирани и доволна е многу мала количина за миење на садовите која се нанесува на влажно сунѓерче. 

Доколку сте во потрага по убаво еколошко средтсво за миење на садовите, во тој случај од срце ви ги препорачувам овие два кои не само што се во склад со приросата туку и со човекот, односно се нежни за рацете (во случај да ги миете садовите без ракавици). Верувајте ми јас ги користам и за миење на садовите каде правам сапуни (а знаете колкава количина на масла се користи за изработка на сапун), и можам да кажам дека одлично иамиваат без да остават масна трага на самите садови и тоа од прво миење.

Овие два прекрасни детергенти за садови може да ги најдете онлајн на www.bellina.mk или во некој од нивните БиоШоп по цена од 245 мкд. 

Јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и ви беше од корист.

Ние се читаме наскоро

Вики



Comments